
Невозможно е да се одреди прецизната граница меѓу еротското и порнографското. Често со моите пријатели разговарам на оваа тема, обидувајќи се да најдам добри аргументи со кои ќе ги одбранам разликите меѓу овие два пристапа, но заклучоците секогаш се контроверзни. Некои сметаат дека за порнографијата е карактеристично експлицитното прикажување на сексуалниот чин, како и на некои делови од телото, меѓу кои, се разбира, се гениталиите, додека еротиката на многу посуптилен начин се занимава со претставување на телата.
.jpg)
Како и да е, според мене, границата меѓу нив не е толку очигледна. Може да се направи разлика меѓу порнографијата и еротиката преку учеството, или отсуството на учество, на гледачот во сексуалната претстава. Во порнографијата постои учество преку сексуална возбуда, додека во еротизмот дури и ако постои некакво будење на желбата, тоа не е првичната цел. Во еротиката постои потреба за далечна интимност, барање сознанија за желбата и за задоволст6вото кои, како своја крајна точка, доведуваат до задоволство.
.jpg)
За да ја претставам оваа контроверза, ве препуштам на фотографиите на Властимил Кула. Уметност или порнографија?


.jpg)
.jpg)



.jpg)

.jpg)
.jpg)


Извор: obviousmag.org
Ум Етнос и Порнографија
Испратено на 16 мај 2010 од thumbs !down!Јас како обожавател пред се на визуелните уметности што нормално вклучува и фотографија можам да кажам дека го гледам прво мотивот а потоа техниката па зана крај да би пробал да го сфатам уметникот и неговиот приказ сето тоа вкрстено со моите сфаќања и толкувања што автомаски ги делат делата на "на" црни или "бели" (добри/лоши;генијалност/лудост ; надежни/ОДВРАТНИ)и на прв поглед би рекол дека фоткиве не би ги сместил ни во плакар да плашат молци.. но скромно ке речам дека авторот може слободно да се надева на релативно добар фидбек и пред се ќе привлече внимание на поголемиот дел од публиката но тоа во никој случај не значи дека уметникот и неговото дело се оригинални на некој начин и скапоцени.
Фоткиве не се ни за во
Испратено на 17 мај 2010 од АнонименФоткиве не се ни за во автобус на релација Берово-Смојмирово. Повеќе личат за насловна на весниците на уредникот Латас.
Доволно контраверзно за некој
Испратено на 18 мај 2010 од АнонименДоволно контраверзно за некој кој не ја разбира уметноста.Со тоа мислам дека овој пристап кон “нештата“ би требало да биде сосема поинаков.Индивидуата што твори паралелно треба да го разбере своето авторско дело.