
Да се наспиеш добро или само да дремнеш може да биде од голема помош за нашето памтење. Со години психолозите знаат дека сонот го зацврстува она што сме го научиле во текот на денот, претворајќи ги фините асоцијации во стабилни.
Луѓето веќе долго мечтаат за тоа со помош на учењето на време на сонот нивниот мозок да може да запомни одредени содржини, да речеме, некое четиво за на испит или зборови од странскиот јазик што го учиме. Но сето тоа досега имаше незначителна научна потпора.
Дипломираниот студент по психологија Џон Рудој од универзитетот Northwestern, Илиноис, ги изнесе наодите од својот истражувачки тим на годишниот собир на Cognitive Neuroscience Society. Рудој и неговите колеги на учесниците во истражувањето им покажале 50 фотографии и ги замолиле да запомнат која каде се појавила на компјутерскиот екран. За да им помогнат да го запомнат местото, истражувачите ги замолиле секоја фотографија да ја стават онаму каде мислат дека се појавила, а откако овие ќе го стореле тоа, им ја покажувале точната положба на сликата. Дополнително, учесниците секоја фотографија ја поврзувале со одреден звук, да речеме, со црцорење, ѕвонење или некој тон кој бил поврзан со фотографијата.
На пример, звукот од падот на некој предмет во вода ја следел фотографијата со пљусок на вода. Потоа учесниците во лабораторијата дремнале најмногу до 90 минути. Додека дремеле, испитувачите ги изложиле на звуци – 25 звуци ги поврзале со половина од покажаните фотографии. Кога испитаниците се разбудиле, повторно се обиделе секоја од 50-те фотографии да ги сместат на своето место на екранот. Се чини дека звуците имале свој ефект на памтењето: испитаниците многу попрецизно ги одредувале местата на оние фотографии кои за време на дремката биле проследени со соодветните звуци.
Истражувачите претпоставуваат дека звуците ја оживуваат сложената мрежа нервни врски кои ги содржат нашите сеќавања и на тој начин ги засилуваат. Сепак, Рудој и колегите не знаат дали овој трик би делувал на сеќавањата кои се поинакви од оние од просторен тип; исто така не се сигурни дали тие звуци треба да бидат некој вид врева или можат да бидат, да речеме, француски зборови.
Ова истражување исто така упатува на фактот дека она што ќе го запомниме за време на сонот може да зависи од физичката околина, а потоа и од случајноста. Значи, ако за време на ноќта ви мјаука мачката или ви плаче детето, тој звук може да ги реактивира и да ги зацврсти мислите за вашето домашно милениче или за вашето дете. Или, ако дремете во бучна околина, какофонијата би можела да ги засили сеќавањата кои можеби повеќе би сакале да ги заборавите.
Соништата се многу битни за нашето здравје. Тие исклучително точно ги одразуваат нашите мисли и чувства, па затоа со нивно проучување лесно можеме да предвидиме како подоцна тие ќе се манифестираат во нашиот живот. Овие научни истражувања го покажуваат постоењето и на повратната спрега која се однесува на влијанието на надворешнаата околина на нашите соништа. Повторувањето на одредени звуци и други сетилни сензации иницира појава на одредени соништа кои подоцна го условуваат однесувањето на личноста во будна состојба.
По правило, големите градови на своите жители им пружаат ноќи полни со непријатни звуци, што често носи вознемиреност, нервоза, па и психички болести. Поради тоа, важно е граѓаните да обезбедат звучна изолација во домовите, нешто што многумина го занемаруваат.
Извор: novossti.com