За „Филозофот“ и за филозофијата

03.06.2010 11:42
За „Филозофот“ и за филозофијата

(Повод: Мирослав Грчев „Мочниот меур на Бранко Саркањац“, “ВРЕМЕ“, 28 мај 2010)

Човек со еден часовник знае колку е часот, барем на неговиот часовник; човек со два часовника никогаш не е сосема сигурен!

Во текстот на Мирослав Грчев, Бранко Саркањац е прикажан како човек со два часовника! Жесток, но софистициран, дисквалификаторски но ерудитски, овој прилог на архитектот Мирослав Грчев претставува кондензирано и аргументирано пледоаје за почитување на принципот на компетентноста и како таков заслужува нагласено внимание! Суверено и јасно, авторот своите ставови ги сумира во две централни тези: Првата ја демонстрира целосната ирелевентност на ставовите на Бранко Саркањац искажани во однос на архитектонските аспекти на проектот “Скопје 2014“, со потенцирање на импликацијата за неговата некомпетентност во подрачјето на архитектурата; Втората постојано и потенцирано го определува Бранко Саркањац како филозоф, со што, повеќе отколку индиректно, ја дезавуира филозофијата во целост.

Во однос на првата теза, сите аргументи се консистентни и логички координирани, така што нема место за резерва, уште помалку за несогласување. Меѓутоа, во однос на втората теза, треба, а јас би рекол и дека мора, да се посочи кон една суштински неприфатлива импликација, колку таа и да е дискретно, - би рекол, и ненанамерно! – имплицирана.

Имено, доколку апологетските искажувања на Бранко Саркањац за спомнатиот проект се инспирирани полтронски наместо од позиција на персонален интегритет; доколку тие се без соодветна филозофска и естетска подлога; доколку тие покажуваат инсуфициенција на критички ангажирана и нужно универзално поентирана перспектива; тогаш тие ставови едноставно не се филозофски ставови!

Следствено, тие не го легитимираат Бранко Саркањац како филозоф. Компарацијата – алузијата - со Хајдегер (кој прифатил позиција на ректор именуван од Хитлер) не функционира, затоа што Хајдегер и во тој период во сите свои текстови во пристапот и во елаборацијата, останал филозоф. Да се потсетиме, архитектите биле тие кои ги проектирале концентрационите логори, па сепак, како проекти, нивните дела во стриктно стручна перспектива, се архитектонски издржани! Не можете да ги дисквалификувате нивните автори како архитекти, иако можете да ги дисквалификувате како луѓе! Исто така не можете да ја денунцирате архитектурата како идеолошки неприфатлива дејност.

Ако Бранко Саркањац во оваа фаза избрал да биде човек со два часовника, така што сега не се ориентира според времето на филозофскиот, туку на нефилозофскиот часовник, тогаш критичките опсервации на Бранко Саркањац нефилозофот, во ништо не можат да се однесуваат на филозофот Бранко Саркањац, уште помалку на компетенцијата на филозофијата мериторно да се изјасни за секоја, па и за архитектонска тема!

Филозофијата е процес на дизајнирање на хуманистички универзум во сите негови аспекти, а филозофот останува бренд без кој ниту животот на поединецот би бил вреден за живеење, ниту општествто би претставувало перенијално проектирање заедница за реализација на највисокото заедничко добро.

Инсталација: dawn ng

За „Филозофот“ и за филозофијата

Одлично како и секогаш. Се надевам дека ќе продолжите да куцате на оваа место.

Овој текст на Мужиќ е многу

Овој текст на Мужиќ е многу подобар. Teкстот на Мирослав Грчев е ад хоминем, невкусен и навредувачки. И не треба да се промовира. Очигледно се работи за ефект Рамбо 2. Рамбо 1 читај и учи.

Текстот на Грчев е

Текстот на Грчев е брилијантна студија на патологијата на еден репрезентативен вмровски „интелектуалец“ - Серкоњац. Текстот на Мухиќ е кевкање и прдење во прашина - ем не го разбрал Грчев, ем муљаво полемизира без какви било тези и идеја во глава. Добро е што Окно ги дало двата текста, да се види попластично психологијата (нетипичната полемичарска храброст и критичност на Грчев и притворниот ориентален дух олицетворен во славното „те поздравувам, чаршијо, на сите четри страни“ - кај Мухиќа) на дел од врвните претставници на македонската интелектуална сцена.

Еве зошто мислам дека Грчев

Еве зошто мислам дека Грчев брилијантно го портретира апологетот на власта, Серкоњац:
Тонот на надмена добронамерност и фина загриженост во „ставот“ на Саркањац, комбинирани бездруго со изразот на емпатична полунасмевка и опуштените веѓи - кој нашиот филозоф веројатно го има кога го празни мочниот меур - ми помогнаа да ја согледам неверојатната несвесност на Саркањац за стварноста за којашто зборува и за злосторот во кој самиот активно соучествува. Тој е, изгледа, потполно несвесен дека статијата ја пишува од купола на забревтан тенк, под чиишто траги веќе лежат куп жртви... жртви архитектонски, културни, историски, градски... но, сите човечки. Зарем не насетува филозофот дека не дебатира за иден проект кој е ставен на јавна дебата, туку за свршен чин и за пискотниците на силуваните сограѓани кои „реагирале негативно“на пенетрацијата со бетон и метал? Не забележува ли филозофот дека дебатира од позиција на апсолутна власт и во нејзина одбрана? Фрапантната етичка изопаченост на „ставот“ на Саркањац е, по мое мислење, многу поголем грев од неговата архитектонска, урбанистичка или естетичка игноранција. Филозофот вината за критиките ја наоѓа во критичарите, во нивното незнаење, предрасуди и инертност, а не во извршителите на злосторот - силувачите на Скопје... А, токму префрлањето на вината на невините жртви или на немоќните критичари, е карактеристичната морална патологија на надмоќните злосторници на сите времиња.

Живи ви све... Ај ве молам

Живи ви све... Ај ве молам поработите на културното ниво...“Серкоњац...прдење во прашина...го празни мочниот меур итн„

Според мене, Stef, зборовите

Според мене, Stef, зборовите се дури и благи, во однос на општествената штета што ја предизвикуваат режимските упикувачи а ла Серкоњац; впрочем, што е спорно во зборовите на Грчев:
Сосема е нормално за необразованите билмези од политичката елита на ДПМНЕ да не забележат дека газат и поганат културни и цивилизациски вредности - за нив незнаењето и неморалноста се практична доблест која им овозможува леснотија во делувањето. Но, докажан интелектуалец каков што е Бранислав Саркањац да не забележи дека пишува за работи за коишто не знае ништо, и тоа од етички неприфатлива и скандалозна позиција на сила и свршен чин!? Тоа не е нормално однесување за еден филозоф по вокација, па претпоставувам дека е можно само како последица на некаква индуцирана девијација на свеста. Дали оваа акутна болест е предизвикана од златната синекура во пазувите на ДПМНЕ, или е последица од врелината предизвикана од близината на неговиот „фирер“, или пак, од потсвесната желба на филозофот да биде запаметен како македонскиот Хајдегер, не знам. Можеби филозофијата ќе му прости на Саркањац за неговото учество во македонскиот срамежлив кадифен фашизам, како што му прости на Хајдегер за неговата авантура со германскиот, но дали нашиот филозоф ќе може ментално да закрепне, за да го заработи своето простување?

Анонимен вели

Анонимен вели дека:“Teкстот на Мирослав Грчев е ад хоминем, невкусен и навредувачки. И не треба да се промовира. “ А, текстот на Саркањац каде што вели:“ Се покажа еден страшно затворен ум кој се истопори со ароганција на неприкосновен стручен авторитет. Интелектуалци кои се образувале во стариот систем да мислат дека го поседуваат сето знаење и култура - тоа тешко може да се разбере.“, каде ги омаловажува и негира сите што се образувале во “стариот систем“ не е ад хоминем, нели? И тој треба да се промовира?! Малку објективности помалку лјубомора, не ќе е на одме
 

Ad hominem e Текстот на

Ad hominem e Текстот на Грчев. Бидејќи не ги анализирана тезите,не поставува контра аргументи и свои тези. Туку само го напаѓа Саркањац како личност и карактер.
Некои изведоци.
„Немам ни трошка мотивација да полемизирам со тезите во статијата на Саркањац“
“морално изобличување на свеста, што ми предизвика реакција како пријателот да ми покажа слика од неговиот мозок со јасни дамки на разгранет тумор на него.„
„кој нашиот филозоф веројатно го има кога го празни мочниот меур„
„нормално за необразованите билмези од политичката елита на ДПМНЕ да не забележат дека газат и поганат културни и цивилизациски вредности“
„пишува за работи за коишто нема ниту образование, ниту усет, ниту какво било стручно искуство“
Поздрав.

Затоа го бива македонското

Затоа го бива македонското општество за ништо, кога може некои кој треба да бидаат Интелектулна Елита да се однесуваат вака и да се препљукуваат и навредуваат преку весници на ова ниско ниво нема што многу да се додаде.

Аргументацијава на Stef

Аргументацијава на Stef наликува на приказната за силеџијата и тавтологијата: откако силеџијата натепал некој несреќник овој му возвратил: „што се мааш, бе, блесава будало!“, на што силеџијава му стегнал пријава на тепаниот за вреѓање и употреба на тавтологија.
Дворски кловн ко Серкоњац му држи апологии на „фирерот“ кој по личен кејф, без да праша кого било, на неверојатно силеџиски начин директно од опустошените граѓани на земјава граба минимум 200 милиона евра за своите лудачки фараонски нарцисоидни проекти (а за тоа време луѓе умираат од банални негрижи, а земјата буквално се распаѓа, и инфраструктурно и економски и културно и морално) - и Stef вика дека сме го навредуеле дворскиот Серко-коњац?! Во земја во која практично е анулирана демократската процедура (постои само волјата на водачот и партијата) не смееме дури ни да ги пцуеме крадците и манипулантите?! Ради непристојност?! Јака морална и филозофска логика, Stef, стварно...

Работите мораат да се наречат

Работите мораат да се наречат со вистинските имиња! Тоа е прва задача на политиката, новинарството, филозофијата и литературата! На попот - поп, на бобот - боб! На серко не му се вика сер! На коњац не му се вика дека е коњаник (кавалер)! И тоа е, Штеф, проблемот на Македонија! Не постои јазик (дискурс и регистар) којшто може да ги фати фрекфенциите на бесчестието на една сосема забегана власт комплет со својот гзоувлекуечки интелектуален сервис (муви-подопашници што сркаат нектар под раскошниот опаш - ем заштитуе, ем маа, повремено - на големиот водач, т.е. на малиот водач качен на огромен коњ врз уште поогромен постамент).

Не сум го прочитал тексто на

Не сум го прочитал тексто на Саркањац па затоа неможам да зборувам со сигурност за тој текст. Но, најверојатно и тој на истото  ниво како на Грчев.
И внимавај користиш „Reduction ad Hitlerum“ овде.
„...од врелината предизвикана од близината на неговиот „фирер“, или пак, од потсвесната желба на филозофот да биде запаметен како македонскиот...„
Значи ако некој го следи строго водачот тогаш водачот е ист како Хитлер зошто Хитлер исто така го строго го следеле луѓето.

Толкувањево е срање. Исто

Толкувањево е срање. Исто како што и Сарко е серко.

„Др. Еар“ или

„Др. Еар“ или „дреар“
Бранислав Саркањац
Време, број 1963, 08.05.2010, stav
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2015&ArticleID=140242

 
 
 

„Др. Еар“ или

„Др. Еар“ или „дреар“
Бранислав Саркањац
Време, број 1963, 08.05.2010, stav
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2015&ArticleID=140242

 
 
 

М.М.Е. кој прв почна...Немаат

М.М.Е. кој прв почна...Немаат попаметна работа професориве. За среќа јас имам :-) И ќе си ја бркам...Чао.

Џовек, не знам дали имате

Џовек, не знам дали имате предет Лична дискредитација  на вашиот факултет, мене ми изгледа како да не ги позваш основните алатки за дискутирање....

Со професори ко Мухиќ и

Со професори ко Мухиќ и Саркањац јасно ми е какви можат да бидат нивните ученици... Жал ми е за вас, дечурлано, ама ќе морате самите да се изборите да почнете да мислите, а не да пимплате идиотски фрази кои го умртвуваат мислењето и согледувањето на светот. Крлежа вака велеше: Нередот во речениците е последица на нередот во мислите, а нередот во мислите е последица на нередот во главата, а нередот во главата е последица на нередот во човекот, а нередот во човекот е последица на нередот во средината и во состојбата на таа средина.
Запуштени сте, деца, до немајкаде; интелектуалната инсуфициентност дури е и најмал проблем! Културно и морално вие, за жал, т.е. поголемиот дел од вас, сте више-мање ретардирани. (аха, Ориѓански, ова го научив по предметот Лична дискредитација и маање ад хоминем по цеваници, ко типичен уличар и хулиган, за разлика од вас процедуралистите, „ловците на тавтологии“ - види погоре)

 

еве и троа едукација, колку

еве и троа едукација, колку да се задржиме на темата, прво малку Маркс, па Агамбен (низ Мастнак), елементарни работи; делчето за криминалецот малку е и ради хумор и ради автореференцијалност, а и ради базична наобразба: не треба да се заборави дека дури и „алатките за дискутирање“ произлегуваат од умот на криминалецот (ради тоа филозофот не треба да биде само логичар туку и психолог правник историчар итн.)...
Маркс го воспева производниот капацитет на криминалецот, во 4-иот том на „Капиталот“: „Криминалецот не произведува само криминал туку и криминални закони, професорот по криминално право пишува книги... Криминалецот произведува полиција и криминално судство, судии, порота... Самата тортура даде подем на ингениозни механички направи и вработи многу чесни занаетчии за да ги произведат тие инструменти…Криминалецот произведува и романи, дури трагедии…. Криминалецот ја прекратува монотонијата и секојдневната сигурност на буржоаскиот живот и на тој начин го чува од стагнација…

Во средниот век владетелите имале две тела, природно и политичко, и околу тоа сфаќање се исплете цел еден политички репрезентативен свет. Тогаш настапи нов век и власта стана де-персонализирана, одвоена како од телото на владетелот така и од телото на поданиците и објави: „Dein Körper gehört der Nation“ – твоето тело и’ припаѓа на нацијата, на народот. Политичките водачи се изземаа од тоа и гледаа како дисциплинираните тела масовно вежбаат, работат или заминуваат на фронт. Но тоа гледање не ги дисциплинира гледаните, туку гледачите. Народот што гледа не гледа што и како работат оние што владеат. Сака да види како уживаат. Ама не толку како уживаат во власта, туку во приватниот живот.

Уствари, може се претешки

Уствари, може се претешки филозофските парчиња што ви ги даов за домашна, со оглед дека сте интелектуални малолетници... Може ова од Кант/Буден е посоодветно, извадено од една Маргина од пред 13 години:
"Одговорот на прашањето: што е просветеност?" на Имануел Кант: "Просветеноста е излегување на човекот од неговата самопричинета малолетност. Малолетноста е немоќ човек без водтство на друг да се служи со сопствениот разум. Самопричинета е таа малолетност бидејќи нејзината причина не лежи во недостигот на разум туку во недостигот на одлучност и храброст со тој разум да се служиме без водство на друг. Сапере ауде! Имај храброст да се служиш со сопствениот разум!" Тоа Кант го сметал за лозунг на просветеноста. Лозунг што хрватската култура никогаш не го слушнала и што во нејзината традиција не оставил никаква трага. Во таа смисла денешниот распад на хрватската интелектуалност е токму конституциско пореметување, конституциска малолетност - станува збор за нејзината немоќ да се зачнува во слобода и да се репродуцира од слобода. А таа слобода е единственото што го бара просветеноста и, според Кант, едноставно се сведува на ова: "сопствениот ум во целост да се изложи на јавна употреба."

Џовек ти си едно жално

Џовек ти си едно жално индоктринирано огорчено човече, воопшто не ми е жал за тебе. Подобро би било да те нема.

Џовек е Коља !!!! ете ти

Џовек е Коља !!!! ете ти тавтологија :))

(Кољо+

(Кољо+ Грчко+Фрчко+Мичко)/окно=Летачкиот Циркус Гоце Пајтон

За Филозофот Мухиќ и неговото страшилиште

 Што би било тоа фатално по битисувањето на општествово ако еден Мухиќ се откаже од своето филозофирање како професија и учествува во производство? Значи, ние Пријателите на Народот не бараме укинување на самата филозофија, туку на професијата филозофија. Постои суштинска разлика.
И во тој поглед работничката класа треба да биде револуционерна, т.е. да ја укине општествената интелигенција како професија, затоа што таа практично за одржувањето на општеството е небитна и дури злосторничка, претставена така како угнетувачка класа во очите на работниците, кои неа треба да ја отфрлат во управувањето на општеството.
На крајот на краиштата, што се разбира Мухиќ во областа на кибернетиката или автоматизмот, со чие познавање природно-математичарите, техничарите и технолозите можат да им го скратат работното време на работниците и да им овозможат слободно време во кое ќе се обидат, како уметници или научници, да ги надминат стегите на поделбата на трудот што како таква постои во капитализмот?
И во тоа всушност се состои целата комунистичка револуција - да се урне старата поделба на труд меѓу мануелниот и интелектуалниот труд во фабриките и плантажите - отаде машинерија управувана на комунистички начин на производство, чии патенти денес капиталистите не сакаат да ги применат, што практично би значело губиток на вишокот на вредноста во фабриките и плантажите и според тоа немање разменска вредност околу која побарувачката и понудата би се однесувале.
Ние Пријателите на Народот не бараме, ниту веруваме, дека во идното комунистичко општество, сите ќе умеат да произведуваат и медикаменти и компјутери и ракети. Да му се импутира едно такво барање на комунистичкото движење е бесмислено, бидејќи воопшто не му е намера да ја укине таа поделба на труд.
Не постои „идеално комунистичко општество“. Тоа не ги решава интимните проблеми, туку општествените, прашањето на класата која произведува, а чии инпути и аутпути се криминализирани од страна на „претпоставените“. Во тие „претпоставени“ спаѓа и општествената интелигенција, која ја експлоатира работничката класа отаде даночниот систем, па и самиот Мухиќ, како социнтелектуалец кој примарно не е вклучен во производство и секундарно како апологет на старата поделба на трудот.
Работниците мора да ги пресметаат овие за свои најголеми непријатели, реакционерни класи, кои пишуваат во „одбрана“ на стоковното производство, од кое практично се состојат сите нивни невољи.
И чудно би било доколку самопрогласените левичари и приврзаници на дијалектичкиот материјализам се стават контра укинувањето на старата поделба на трудот, кое нема да се изврши со некојаси работничка (или комунистичка) декларација на 1789, туку самите материјални производствени сили ќе ја донесат. А, додуша, многу примери од егзактната наука тоа го потврдуваат. И тука социнтелектуалците како Мухиќ, Најчевска или Цуцуловски немаат авторитет да се вклучат во дебатата.
Во комунизмот за општествените прашања збор има науката и од нејзин егзактен аспект ќе се решаваат тие, колку и да изгледа тоа диктаторски, бидејќи како што досега видовме тие прашања општествената интелигенција во лицето на филозофите, историчарите, економистите, правниците, политичарите, генералите беа разгледувани од апстрактно субјективистички аспект, што придонесе до екстремни нерационални одлуки со загрозувачки импликации по битисувањето на човештвото и животната средина.
Планската економија е продукт на науката, а не на некојаси религија, што е доволен доказ дека нема да залунѕа општеството во метафизички бродолом на братоубиства и екоциди, што пак, заради таа стара поделба на трудот, се неминовно процесирани во капитализмот.
За крај, укинувањето на старата поделба на трудот и според тоа укинувањето на работничката класа по себе и за себе е во класен интерес на работничката класа, а не на општествената интелигенција. Оттука неизбежен е и идејниот антагонизам меѓу неа и Мухиќовата општествена интелигенција.

Слични статии

Никола Гелевски
Жарко Трајаноски

ОкоБоли главаВицФото