
Библиотеката "ЖАНРОВИ" ќе се обиде на оној просечниот (и многу слабо информиран) македонски читател, да му ги доближи сите оние- некогаш "презрени" а денес сé повеќе синонимни со самата писателска вештина- литературни форми: СФ-от, трилерот, љубовниот роман...Во таа смисла оваа библиотека ќе претставува некаква " фикционална" работилница за креативно пишување... (напишано во 1994)
Првата книга во оваа библиотека е некаде на границата меѓу она што прешироко се смета за "уметничка проза" и она што се нарекува "жанровска проза" ... За разбивање на големиот мраз од предрасуди за литературата (што допрва сериозно ќе треба да се разбива) сметаме дека оваа книга ќе биде барем прв импулс...
Во оваа книга се претставени 19 најзначајни раскази од Реј Бредбери.
Бесплатно преземете ја од линкот подолу:
| Прилог | Големина |
|---|---|
| 024-Rej-Bredberi-Lek-protiv-melanholija.pdf | 483.33 KB |
Здраво Редакција на
Испратено на 14 септември 2010 од PavlinaЗдраво Редакција на ОКНО,
По моето секојдневно пребарување на интернет, денес ја ,,пронајдов,, Вашата веб страна.
Долго време посакував да има наша македонска веб страна од овој облик и со ваков вид на содржини.
Многу ми е драго и се радувам што моето слободно време од сега ќе го користам на попрактичен и многу покреативен начин, кој истовремено ќе овозможи интелектуалниот пристап кон нештата да го гледам од еден друг агол.
Ви благодарам,
Поздрав .....