Конкурс за краток-краток расказ

04.06.2010 12:44
Konkurs-za-kus-raskaz-02.jpg

Редакцијата на веб порталот Окно ве повикува да учествувате во наградниот конкурс за најдобар краток-краток расказ.

Конкурсот трае од 7 јуни до 7 октомври 2010 година и ќе биде реализиран во два циклуси од по два месеци. На крајот од секој циклус ќе бидат доделени по 3 награди. Првата награда е 7, втората 5, а третата 3 книги во издание на издавачката куќа Темплум.

Секој учесник во рамки на секое праќање може да испрати најмногу 5 кратки-кратки раскази.

Секој краток-краток расказ не смее да биде подолг од 1200 знаци (заедно со празните места).

Нема никакви ограничувана од тематски или жанровски вид.

Расказите можат да бидат потпишани со вистинското име или со псевдоним.

Еднаш неделно на Окно ќе биде објавуван неделен избор од пристигнатите текстови.

Расказите можете да ги испраќате на адресата: kuskusraskaz@yahoo.com.

Дајте повеќе книги, бе,

Дајте повеќе книги, бе, стипси! 15 книги за првиот, десет за вториот, пет за третиот. И уште пет утешни награди по три Темплум книги. За смешни 40 книги (150 евра, да речеме) ќе добиете цел куп раскасчиња (е сеа, тешко е да се каже „добри раскасчиња“, со оглед на нивото на литературата во вукојебината-татковина, но сепак...)

Dajte paricni nagradi, be

Dajte paricni nagradi, be stipsi nizaedni!!! So ke ni se knigi, malku li imame
Dajte pari leb da kupime nie pisatelite siromaski

И Букарски, угледниот млад

И Букарски, угледниот млад писател, леб бараше, да потсетам... А мама му рекла да прегризе еурокрем место леб... А Букарски рекол: „јебеш еурокрем, сакам мак! У макало да го макам, макар мака ми засврдлала у стомак!“
„Маче мамино“, рекла мајката на Букарски и напатеното дете од тогаш се прешалта на македо-онанистички теми. А се’ почна од еден (подоцна се покажа: мачен) еурокрем...
Ете, напишав краток расказ, дајте парите! (ил книгите, сеедно ми е:)

 Џовек, тапа ти е расказов,

 Џовек, тапа ти е расказов, не е за награда. :-)

ќе конкурирав, ама имам се од

ќе конкурирав, ама имам се од Темплум.
а нејќам по третпат да ја добијам „Плачат оние планини за мене“ од Петар Ширилов.
 

 Da, besmisleno e nagradite

 Da, besmisleno e nagradite da bidat knigi od Templum. Glavno lugeto koi ke konkuriraat se citateli na Templum, a tie gi imaat knigite. Treba poprivlecna, i poadekvatna nagrada. 
 
 

Луѓе, ко што више-мање

Луѓе, ко што више-мање знаете, Окно го работиме за мали пари и многу скромни хонорари. Така што - паричните награди се исклучени. Ако некој од вас, читателите, има некој предлог (некој филантроп што ќе дае 500 евра од џеп за награден фонд) - бујрум, пишете мејлови...
Можам колегиве од Или-или да ги прашам, да даат и они книги, па да го збогатиме наградниот фонд, ако ништо више - бар со книги.

Оние што ги имаат БАШ СИТЕ

Оние што ги имаат БАШ СИТЕ книги, нека добијат признаница/плакета врамена во стакло.
Ако и тоа не е задоволително (иако и самото прогласување за подобар од останатите), нека не ни учествуваат.

 Имател, поштуем за

 Имател, поштуем за напишаното во заградите. :-)

А бре Македончиња, ништо не

А бре Македончиња, ништо не ви чини!

1200 знаци „заедно со

1200 знаци „заедно со празните места“??? А, на рака да броиме или да го прашаме Microsoft нивниотWord како ги брои знаците? Со празни или без празни места, прашање е сега...:)))

Конкурс за краток-краток расказ

 Дај ОКно ако сакате напраете еден добар research на нет и ако најдете некаде ваков мизерен конкурс, со смешна награда, ве молам МЕНЕ ДА МЕ УРАМИТЕ У СТАКЛО ! Пошо нема книга која ја неам од Темплум, како прво, а како второ, Боље не ни најавувајте дека се дава награда, пошто 2 книги е срамота да ги кажуеш награда молим те! Пред се треба да ги мотивираш луѓето да се трудат и да пишуваат поеќе, а подобра мотивација од вредна награда нема..така да...мизерна ви е идејава стварно, срамота! 

Сањар, значи ти нема да

Сањар, значи ти нема да пишуеш, а? И боље.
Него, да не имаш некоја дупликат од Темплум? оти мене две ми фалат.

Значи, драги чiтатели (Sanjar

Значи, драги чiтатели (Sanjar итн.) не е толку поентата во наградите, туку во конкурсот, во расказите што ќе бидат испратени, објавени, коментирани од страна на други читатели, писатели итн. Можеби ќе се откријат некои автори кои досега, ете, не биле објавени, ќе се направат некои поврзувања, размрдување на речиси непостоечката книжевна сцена во Македонија. Особено за помладата генерација писатели.
Така што наместо да се натегаме колку бедни или никакви биле наградите, дај прво да видиме дали имаме нешто квалитетно, добро, читливо, нешто што може понатаму да се искористи и да се развива.
А ако тоа е толку спектакуларно добро и вредно, или барем пристојно, ќе се најдат и дополнителни средства за понатаму. Еве, на пример на Електролит наградата е 1000 евра за победникот, папристигнатите ракописи не се да паднеш во несвест. А тоа е, колку толку, пристоен хонорар за книга објавена во Македонија, која и сериозно афирмирани автори не можат да ја добијат...
Што се однесува до прашањето анонимниот за 1200 знаци (без празни места или со празни места - треба само во Мајкрософт ворд да се отиде на tools/word count, па програмата автоматски дава информација колку голем е текстот, и со празни места и без празни места.
Ви благодарам за интересот.
Владимир, Окно.
   

 poddrzuvam :)

 poddrzuvam :)

не е поентата во

не е поентата во наградите.
мене ме налутивте кога ги видов резултатите од конкурсот „Уметноста е насекаде“. Се израдував како дете кое смее да го дувне пламенот од чкорчето. Прво се загнав по блогот, да им кажам на моите блогерки дека има таков и таков  конкурс, па мрмкав на маил или на ПП да конкурираат, па баравме кои песни или раскази најмногу одговараат според содржината и според бројот на знаците...решија, скратија, преправија, испратија.... чекаме... чекаме... не знаеме кога ќе бидат објавени резултатите, оти нели за мали пари го работите „Окно“, па не се знае...секој може да си праша... ако се смилувате ќе му одговорите, ако не, не....мислам, кој ќе става линк таму, нека следат шо се случува...
...  и така јас навивам за моите (јас не конкурирав-нешто кратката форма не ми оди)...и... гледам кој се победниците...
Па вие уште пред да го објавите конкурсот сте знаеле кој ќе победи. :(   Тажно.  Како на наместен оглас за работа, каде веќе се знае кој ќе биде избран, а останатите се итервјуираат чисто да се запази процедурата, а и можеби ќе ги бендиса некој, па во иднина ќе го имаат предвид.
Ми остана горчлив вкус. Како некој што се израдувал од добра понуда, ама кога треба да плати, сфаќа дека не го прочитал она што е обележано со ѕвездичка, а  го пишува со ситни букви некаде на дното.
 

Ви благодариме, Лепа

Ви благодариме, Лепа Ангелина, што сте го промовирале конкурсот за „Уметноста е насекаде“ на Вашиот блог и на блогот на „Вашите блогерки“. Веројатно на тој начин и вие малку сте придонеле за големиот одѕив. 

Само не знам од каде уверувањето дека уште пред да го објавиме конкурсот сме знаеле кој ќе победи? Ги видовте текстовите, мислите дека сте лоши, знаете некои за кои мислите дека биле подобри, но не влегле во изборот?

А и зошто би наместиле еден ваков конкурс?  

Почитуван Владимир, нема

Почитуван Владимир, нема зошто да ми се заблагодарувате. Ми беше задоволство да го промовирам конкурсот.
Ме ставивте во непријатна ситуација-јас сум поклоник на поезијата на Маџиров. Ако некогаш ме видите во трамвај, на некој перон, во купе, на аеродром, ќе ме познаете по тоа што в раце ја имам или „Преместен камен“ или „ Небо, но асфалт“. И сега излегува како да не ми е ќејф што тој е еден од добитниците. Не е така.
Но во врска со конкурсот, требаше да бидете малку попрецизни. Требаше да нагласите дека може да конкурираат автори кои веќе објавиле нешто некаде, а не оние што се чувствуваат така, не  оние што немаат ништо објавено ни како книга, ниту во весник, ниту на некој портал или чија единствена награда која ја добиле е во седмо одделение, на конкурсот на локалната библиотека на тема „Книгата-мојот најдобар другар“.
Не мислам дека лошо сте одбрале, не мислам дека имало подобри творби кои не добиле награда.
Мислам дека конкурсот губи смисла кога во тесниот круг се творби на веќе докажани автори.  Некако останува филингот дека сте ги имале предвид уште на почетокот.  Автори кои добиле награди на меѓународно ниво  во исти кош со некој што баш му треба малку ветар у леѓа? Некако не ми оди.
Како и да е, технички, Вие и „ОКно“ останавте коректни.
А тие како мене, што не го читаат она со ситните букви, во овој случај почетокот („сите заинтересирани МАКЕДОНСКИ МЛАДИ ПИСАТЕЛИ да учествуваат...“) остануваат со битер филинг.
Ви благодарам за одговорот.
И ехото е глас :)
 

 

 Добро бе слепци едни, што

 Добро бе слепци едни, што сакате, биста да ви напраат на плоштад ако победите на конкурсот?! Боже Господе, наградите им биле мали. Наградите се симболични, и ако нема пари - нема. Ако сакате пари, одете продавајте ги фотокопирани по плоштад расказите. Ќе му падне некому жал, ќе ви ги купи.
Тој Сањарот вика, оди најди помизерен конкурс... Па Сањар, оди ти најди ДРУГ конкурс ако можеш. И стај линк тука.
Мизерни, малодушни мозоци. Мртво море. Ќе се дигне некој да ја размрда баруштината, и одма се подавате од дувленцата, да задушите секаква иницијатива.
Поддршка за Окно. Јас ќе учествувам.

Кој ве ебе, ја ќе конкурирам.

Кој ве ебе, ја ќе конкурирам. Мислиш пишуваат за Свецка Награда. Ко шо рече некој погоре, мислиш биста ќе им дигнат. Де, "професионални писатели" слегнете малце на земја. Да, ако направите добар "рисарч" ќе видите дека мал милион писатели објавуваат книги под Creative Commons или Copyleft лиценца.
Ама да, они се ваљда кретени.
Ебаве бескичмењаците валкани.

Бреј што пцовки паднаа.

Бреј што пцовки паднаа.

Демо(н)кратија

Паааа, секој има право да си го каже мислењето. Тоа се вика демократија (не обрнувајте внимание на она "н" во заградата ако не ви се допаѓа). Арно ама, јас се си мислев дека писателите имаат божествен дар кој треба да го поделат (и размоножат) меѓу сите луѓе на овој свет. Значи, примарна е функцијата на просветлување, а не финансиската придобивка.
Дајте го она што ви е дадено отповеќе, вие ќе уживате во помислата дека сте постигнале нешто, а останатите ќе уживаат во вашите зборови.
 
Многу поздрав.
 
ПС: не сакав директно да ги наречам себични оние што тука ја бараат берзата. Берзата драги мои, пропадна. затоа тука лиферувајте зборови!

Не треба да се дава

Не треба да се дава БАШ НИКАКВА материјална награда.
Нека најдобрите стојат на насловната на порталов една недела, со линк до расказите им. Исто, ако имаат некое местенце каде шкрабаат другде, нека има линк и до таму.
Ако читаноста и коментираноста не им бидат задоволство, нека си гнијат во анонимните аутистички чаури.

Многу добра идеја Имател. Се

Многу добра идеја Имател. Се надевам дека Окно ќе ја прифатат идејата. Поздрав.

А има ли одредено колку

А има ли одредено колку минимум знаци (заедно со празни места) треба да има расказот?

За некого кој не чита

За некого кој не чита внимателно, тешко дека ќе ти е од помош колку треба да пишеш. Мислам, пропозицииве си ги минал летимично. Сопствените текстови (ако ги има / кога би ги имало) се сомневам дека ќе се препрочитани најмалку еднаш.
Прекини уште пред да почнеш.
Чао.

Луѓе - зошто сте толку

Луѓе - зошто сте толку безобразни?  Завист, злоба, фрустрација вришти од секој коментар, без разлика дали поддржува текст или идеја, или не. Се рика и плука пламен на сите страни. Депримирачки, демотивирачки делувате сите. Човек да падне во депресија само читајќи коментарите по интернет. Се пцува секој обид за нешто (конкурс, мисла, текст, автор). И се пцува неаргументирано, вулгарно, и тотално неинвентивно. Цинизам и злоба до кров, аргумент и добронамерна мисла ни за лек!
Толку злоба и фрустрација се насобрала во нашиот народ, чудо некое!
Откако сего испоплукаа конкурсот дузина незадоволните од понуденото, дојдоа бранителите на понуденото, ама со нималку поразличен пристап!
Му се з'гна Насочувачот на невиниот посетител кој (како не му е срам!) постави прашање на кое веќе има одговор - му се пушти небаре посетителот мајка му убил - вреѓање, критикување без позитивна цел, деградирање...
Зошто бе луѓе? Поубаво се чувствувате откако ќе се истресете на некој кој ниту го познавате ниту го знаете? Ловењето туѓу грешки и лапсуси (кои пропратно ама немаат баш никакво влијание на вашата добробит) ви е хоби? Опасна надразнетост пријатели. Овој негативен набој кон останатите, колку и да е одвратен за останатите, е пред се' опасен за вас. Ај што не ви носи ништо добро освен моментално олабавуење нерви со фрлање отров кон непознати, не допринесува ама ништо за подигање на стандардите во општеството. Стандарди кои влијаат на вашата нервоза очигледно. Никогаш нема да сте задоволни, се' додека ги напаѓате, наместо поттикнувате останатите. Безобразно и незрело. 

Куку. Прднав од возбуда.

Куку. Прднав од возбуда. Леле. Море, сум се посрал, изгледа...

Анонимен, во право си за

Анонимен, во право си за забелешката, и мене често ме нервира негативниот набој. Ама како бре да им објасниш на оние гниди подмочани дека не се бива така писател?! Да им платиш за да ти пратат еден покакан расказ? Па добро бе, кои се тие? Што се тие? Владимир убаво забележа дека не е смислата во наградите. Имателон даде една многу добра идеја.
Не се согласувам со тебе за набојот. Треба да го има, и тоа е тоа. Од тоа произлегуваат идеите. Да немаа оние лиглињана толку негативен пристап кон конкурсов, ни ја немаше да имам толку негативен пристап кон нив. Ниту па Пфффффффт ќе го пишеше она што го пиша. Најпосле, Имателот немаше да ја даде таа добра идеја. Значи, нека има набој. 
Фино е што сакаш да бидеш мудар и да кажеш дека не треба да има пцуење и плукање. Ама малку вреди тука. Кога би требало да бирам кој пост би го избришал од овие погоре, тоа би бил твојот: не е продуктивен. Има контраефект. Ме дразни. 
Потребен е набојот. Бодлер има речено - „да се нурнеме во рај или пекол, па да го најдеме чудесното ново“. Ти како да предлагаш чистилиште, рамнодушност.
Кај се сеа Сањар и компанија, да кажат дека не е ок конкурсот? Кај отидоа, да не се врамиле у стакло? Кртчиња крастосани.

свршив.

свршив.

Што фино свршување сами

Што фино свршување сами позади монитор :)

Ne mi se veruva!!! Nikoj ne

Ne mi se veruva!!!
Nikoj ne ve prisiluva da ucestvuvate na konkursot ako ne vi cini, nikoj nitu pak ve tera da pisuvate.
Objavuvam konkurs za epten kratok raskaz. Komisija ke bidam jas so uste dvajca so znaat kako na tradicionalen nacin da vi gi izvadat  noktite od zakoravenite vi prsti (toa diplomiraa - demek).
treta nagrada - pukanje na nosot i prskanje na slepoocnicata
vtora nagrada - pukanje na nosot prskanje na slepoocnicata i krsenje na cerepot od levata strana
prva nagrada - se prethodno spomnato + gmecenje pod valjak na celoto telo
Cim smetate deka ste dovolno dobri, i ne se zadovoluvate so obicni nagradi od konkursot na Okno, togas prijavete se na ovoj konkurs - mozeme da dojdeme i do kaj vas licno da gi zememe vasite tvorbi pa ako ne bendisa nekoja i na lice mesto da ve nagradime.
I posle se e izvitopereno i iskriveno, epa pisatelcinja e, zatoa sto nisto ne se ceni i se sto ke se napravi od strana na nekoj drug ne cini!!! Mnogu se pognili rabotite vo Makedonija od onaa Sekspirovata Danska.
 

Oф, аааауфффф! Ги истерав

Oф, аааауфффф!
Ги истерав сите демони пувајќи во очекување.
Мора да луфтирам, до толку беше што собата дури копа и на јака свршка.
Ах, какво искуство, уфф...

A.C.A.B.

A.C.A.B.

 Од толку пцовки и

 Од толку пцовки и навредувања само се одвраќаат тие што навистина би сакале да напишат нешто, па и без награда. И не се одговара на суштинските прашања на оние кои навистина ги интересира (како на анонимен, макар колку и да е несоодветно прашањето), туку се редат глупости за прдеши. Насочувач, насочувај го конкурсот а не твоите прдежи. Искрено сум разочарана од коментарите, затоа што сметав дека оваа страна ја читаат интелектуалци. Инаку браво за Окно, прекрасен конкурс! 7 книги воопшто не се малку, и сепак важно е чувството дека некому му се допаднал твојот пишан збор. Јас ова го сфатив како добра можност да го проценат мојот збор, но после толку напаѓања без причина, не би се осмелила. Сепак ова е аматерски конкурс и никој од нас не е толку сигурен во себе. 
Благодарам.

 Марија, па немој така, ти се

 Марија, па немој така, ти се молам. Е, па каква си... Зошто да не се „осмелиш“ да испратиш расказ на конкурсот. Смелост ли е потребна за да испратиш раскази? Само малку желба и верба во себе. Ако неколку пцовки те обесхрабрат, треба да размислиш дали воопшто треба да пишуваш. И јас мислам дека е ова прекрасен конкурс, и јас ќе учествувам. Ако некого навредуваме, тоа е поради тоа што некој неблагодарник го потценува конкурсот. Ама така и му треба.
Умберто Еко има речено дека „си ги бира читателите“. Кој ќе успее да ги прочита првите 200 страни од книгата (мачни описи), ќе помине на „тестот“, па ќе ја чита приказната и дрн, дрн. 
Еве да речеме дека оваа он-лајн „дискусија“ е сито за тоа кој ќе учествува на конкурсот. Ако успееш да ги поднесеш пцовките од дискусијата, ќе го поминеш „тестот“, па ќе се „осмелиш“ да испратиш некој расказ. Ако најпосле победиш, ќе ти честитам.

Владо

"Еве, на пример на Електролит наградата е 1000 евра за победникот, папристигнатите ракописи не се да паднеш во несвест." Браво! Супер! Ако Владимир не ги почитува, тогаш Владимир да наброи кој треба да ги почитува пишувачите? Да почитуваме, аххх... Влааааааадиииииимииииииир!

Не станува збор дали треба

Не станува збор дали треба јас да ги почитувам или да не ги почитувам пишувачите. Само кажувам еден едноставен факт е дека нивото на пристигнатите ракописи е многу ниско (од различни аспекти, стилски, јазично итн.), секоја година едвај се наоѓа по еден ракопис кој може да ја добие наградата. Се заблагодарувам на секој што ќе испрати ракопис, што ќе конкурира, но тоа не значи дека немам право да бидам критичен и според моите критериуми да кажам дека пристигнатите ракописи се слаби. Има разлика меѓу почитта кон некој што конкурирал на конкурс и твоето мислење за квалитетот на одреден текст.

Фак! Ќор сокак и' се видело

Фак! Ќор сокак и' се видело на Марија!
Кружен ток е, малечка, не се заглавувај, немој...

  DA SE ZAPOZNAEME mnogu

  DA SE ZAPOZNAEME mnogu sakam  OLIVERA DAVIDOVSKA TEL.071588669,  PROFESOR PO ODDELENSKA NASTAVA .CAO.

  DA SE ZAPOZNAEME mnogu

  DA SE ZAPOZNAEME mnogu sakam  OLIVERA DAVIDOVSKA TEL.071588669,  PROFESOR PO ODDELENSKA NASTAVA .CAO.

Apf.

Најдраги мои, јас испратив и не ме ни интересира за исходот, тука ми е само мило дека некој ќе ме чита и се надевам дека ќе ме цени.
Зошто толку омраза?

Ах, дури сега забележувам

Ах, дури сега забележувам дека конкурсот бил за 1200 знаци, а не зборови. Моја грешка.
В ред, следниот пат, тогаш. Секое добро. :)

одговор

Од Вас поштените, ние курвите не можеме да дојдеме на ред! Супер што несшто се случува, браво за конкурсот и потенцирам НАГРАДАТА ВООПШТО НЕ Е БИТНА! За големите писатели, повелете објавете се по редовен пат - издавачки куќи,маркетинг, критика, па добијте поголеми награди... Или немате што да кажете?

Па добро бе, мајку му стара,

Па добро бе, мајку му стара, избројав поише од 1200 само во коментариве. Колку книги следуваат???
 

Влааааааадиииииимииииииир!

барико, грим, или некоја понежна литература владимир? што ќе ти се допадне? мартиновски со само еден расказ? бадијала е муабетов, се разминуваме. разговори не се можни, денес идиотот лужина го открива којунџиски, зарем не е тоа епохален книжевен потфат? не сe согласувам со твоите генерализирања, критики, иако не ги немам на увид сите 'ракописи'. на времињата. да не навредиме и други млади со дебели рачиња писатели кои се колнат во реално импотентната литература на петре м. не го споменав карвeр на пријателите 'или'. тоа се растенија. едноставно, реално, нежно, љубов. што преведуваше пред некој ден ана ангелова? ова е игра. пријатен ден. нема да разговараме, но не си фер што пишуваш така. ти си само ограничен за литературата лесно, едноставно, реално, нежно, љубов. ахх. жанр критичар.

Вистински доказ дека си

Вистински доказ дека си комуницираш самиот со себеси! Самиот си даваш аргументи против кои се спротивставуваш - никаде не споменав „лесно, едноставно, реално, нежно, љубов“. Критикуваш дека некој е  т.н „жанр критичар“, а во ниеден коментар не го споменав зборот жанр. Кој и зборуваше за тоа? Со кој Владимир полемизираш, наверојатно со оној другиот во тебе!

Конкурс за краток-краток расказ

Ве молам да ми објасните што се подразбира под:
„Конкурсот трае од 7 јуни до 7 септември 2010 година и ќе биде реализиран во два циклуси од по два месеци.“
Ви благодарам.

Тоа значи дека во рамките на

Тоа значи дека во рамките на тие 4 месеци двапати ќе доделиме награди за најдобрите раскази. Еден награден циклус трае 2 месеци.

Ви благодарам и вам за интересот.

Ама од 07.06-07.09 има три

Ама од 07.06-07.09 има три месеци...

Слични статии

Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото