
Последнава седмица ќе ја паметам не само по пеколната жештина туку и по патувањата. За да се „одморам“ малку од неподносливите дневнополитички пропаганди, заминав на четиридневна прошетка низ западна Македонија заедно со двајца пријатели.
Кога човек ќе помине повеќе од 800 километри, има за раскажување. Сретнав многу интересни луѓе. Стекнав повеќе нови познанства. Прво во Крушево, па на „Поречките средби“ во близина на Растеш. Покрај ладовината на хотелот (со базен) во Самоков, па во делумно потопеното Близанско на брегот од живописното поречко езеро (Козјак). Потоа во Белица, покрај изворот на најбистрата вода што сум ја видел во животот. Па во селската кооперација на Томино Село, каде што има список со цела чета ергени што тврдоглаво одбиваат да ја следат воспоставената практика на купување жени од Албанија. Потоа, наспроти огромната пештера Пешна, од која извира шумна река покрај древната тврдина која, според локалните познавачи, крие многу неразјаснети тајни. Посетив и три прекрасни манастири: „Св. Богородица“ во Манастирец, со фрески преполни со старозаветни чудовишта од кои запира здивот; Кнежинскиот манастир „Св. Ѓорѓи“ каде што се откриени фрагменти од ранохристијански фрескоживопис од 4 до 6 век; манастирот „Св. Богородица Пречиста“ со прекрасниот свод и резбите на Дичо Зограф - храмот кој ги обединувал и православните и муслиманските верници.
Сепак, поттикот за оваа колумна не дојде ниту од новите познанства ниту од древните обединувачки храмови, туку од еден необичен споменик со уште понеобична порака. Пред да преспиеме во Струга домаќинот ни раскажуваше за убавините на Локов, па решивме да тргнеме за познатата Малесија, нам сосем непозната.
Некогаш, најмногу боде очи она што не го гледаш. На патот за Малесија не сретнавме ниту еден човек. Нè дочека само споменикот-стражар со пораката: „Друмници-намерници! Стапнавте на земјата од востаничка Малесија, првата слободна територија од поробена Македонија. Запомнете ги ридјево, планиниве, долиниве, рекиве... Натопени се со нашата младостинска крв што ја пролеавме на стражата на револуцијата, на слободата на македонскиот народ и народностите. Запомнете!“
Пред да се упатиме кон Локов, запревме во Присовјани, родното место на поетот Јован Котески. Жив човек не видовме во селото. Три ладни чешми, неколку прекрасни високи куќи, и зашеметувачки поглед кон снежните врвови. Се упативме накај Локов, местото каде што на 8 јуни 1944 е формирана Првата пролетерска народноослободителна ударна бригада. Но, не стигнавме. Асфалтниот пат одеднаш престана. Тесниот земјен пат по угорницата, преполн со дупки, нè премисли да се вратиме назад кон Струга. Останаа да лебдат горчливите прашања: За што се бореа востаниците на „првата слободна територија од поробена Македонија“? За да нема асфалтен пат до местото каде што ја формирале Првата ударна бригада? За да се испусти целиот крај, поради бесперспективност? Што ќе и' е целата партизанска (и комитска) слава на Малесија, кога остана пуста и заборавена?
Прочитав дека Локов целосно опустел во 1965 година кога со изградбата на езерото Глобочица бил поплавен единствениот пат што водел кон селото. Но, Локов не е сосем напуштен од политичарите, кои еднаш годишно ја одбележуваат славната годишнина, испраќајќи ни ударни политички пораки од македонската „Недојдија“. Годинава, министерот за одбрана ни порача дека „друга алтернатива немаме“, освен да истраеме „во оваа битка, битка за евро-атлантска иднина“. Внимателно го прочитав говорот на министерот залудно барајќи одговор на прашањето зошто во Локов нема „ценети домаќини“, туку само еден домаќин. Внимателно ја прочитав и изјавата на лидерот на најголемата опозициска партија. Имам впечаток дека и тој беше позагрижен за ревизијата на светлото минато и заборавот на спомениците од НОБ, отколку за мрачната иднина која се надвиснува над Малесија - во која луѓето станаа речиси загрозен вид, како новозеландските гулаби, орангутаните од Суматра и речните делфини од Јанг-це.
Колку и да е основана, опозициската порака од Локов дека обидот за ревизија на НОБ е „е директен атак врз историјата и идентитетот на македонскиот народ“ ја промашува главната мета во дадениот контекст. Во Малесија, Порече, Мариово... исчезнува македонскиот народ затоа што исчезнуваат луѓето и умираат селата поради непостоење основни услови за живот. Нема поголема срамота од опустувањето на славниот Локов поради изградбата на езерото Глобочица, како што нема поголема срамота од испустувањето на цело Порече поради прекинувањето на сообраќајните врски со Скопје (претходно поради „воениот блок“ во Јасен и политичкото ловиште, а сега поради езерото Козјак). Главната одговорност за опустувањето на цели региони во Македонија паѓа врз плеќите на лажните патриоти-политичари. Наместо да изградат инфраструктура и да создадат услови за живот, тие со години се преокупирани со градење лажна или митска историја и басни за загрозениот ни идентитет.
Вчера прочитав дека само на еден нов скопски мост ќе бидат поставени 28 скапи скулптури. Признавам, голем дел од имињата на славните „Македонци“ првпат ги слушам. Ниту едно име не може да се поврзе со НОБ и создавањето на македонската држава и нација. Каква врска имаат пајонскиот крал Авдолеон, Тат Флавиј Орест и Публиј Септиј Николај со македонската држава создадена во 1944 и нашиот идентитет? Додека преродбениците арчат пари на бесмислени споменици (кои немаат никаква врска ниту со нашата државна историја ниту со нашиот идентитет), цели македонски региони опустуваат поради недостиг на базична инфраструктура. Додека „преродбата продолжува“, селото на баба ми и на дедо ми е речиси пусто. Минатата година имаше тројца жители, од кои две жени - и тие раскарани. Годинава има само двајца. За кусо време ќе ги снема од мапата, како што снема стотици други села во Малесија, Мариово, Порече...
Додека лажните патриоти градат лажна историја, македонските беспатни села изумираат. На Македонија, отсечена од ЕУ - инфраструктурно и политички - и' се заканува истата судбина како на Малесија. Покрај толку многу патриоти, може да ни остане ем „славна“ ем заборавена.
Слика: Александар Станковски
Извор: Дневник, 16.06.2010
Така е Жаре. Само оној што не
Испратено на 17 јуни 2010 од Марио ШаревскиТака е Жаре. Само оној што не поминал низ македонските села, не знае и си живее во филм дека Македонија не умира. Но драг Жаре, веројатно знаеш дека главната причина и почетокот за изумирањето на китните македонски села, која понатаму повлекла уште многу други лоши ефекти (намален наталитет, намалена економска конкурентност) е токму лошата и катастрофална економска политика на комунистичките власти во Македонија и Југославија. Секоја почит до нив за индустријализацијата и електрификацијата на Македонија, но таа непотребна индустријализација го уништи македонското село,ја уништи македонската душа. Имаме споменици како Железара и Топилница, кои сосема непотребно се изградени и непотребно труеа луѓе, додека имаме и огромни обележја на нашата глупост како фабриката на словенечки Фруктал кај село Морани (Скопско), откупниот центар на Агрокор во Струмица каде нашите земјоделски производи како суровини одат за словенечки, хрватски и српски производи и за девизен прилив во нивните буџети и раст на нивните економии со наши производи кои нас ни ги продаваат како нивни. Наместо ние да ја имаме прехрамбената, земјоделско-хемиската индустрија и онаа руда што и онака малку ја имаме да ја продаваме за да земеме уште повеќе пари, кај нас Колишевски градел непотребни железарници, а македонските земјоделски производи оделе во Словенија и Хрватска. Нашата економија нема да има раст се додека Грујо и Бранко отвораат фабрики во Бунарџик за кои нема суровини и кои од старт ќе имаат загуби за превоз на суровини. Нашата економија ќе има раст само доколку се свртиме да го произведуваме и извезуваме она за што имаме суровини. А нашата земја изобилува со суровини за Томатело (кое во Србија го прават со 25% наши домати), за Uncle Ben's и за многу други производи за кои секогаш ќе има побарувачка. За жал комунизмот ја наметнал логиката „Учи сине за да не работиш“, „Клати врата земај плата“ и „Играј фудбал на трета смена покрај печките во Железара“ која до денес не убива и не тера да живееме во некаков лажен сон дека ЕУ и НАТО ќе ни дадат да јадеме, ќе ни дадат коли да возиме, а ние ќе лежиме и уживаме и ништо нема да работиме. Наместо да се водиме од поемата на нашиот просветителски великан велешанецот Јордан Хаџи-Константинов Џинот „Труд ми е името“. Е тоа е нашиот проблем, тоа ги уби Буринец, Селце, Модрич, Локов, Присовјани, Збажди и не само овие струшки села туку и селата низ цела Македонија. Лажните комунисти од кои се изродија денешниве лажни патриоти и лажни еврофили.
И зошто мораше нашите
Испратено на 17 јуни 2010 од Марио ШаревскиИ зошто мораше нашите „комунисти“ да го копираат Ленин? Зошто одземаа, национализираа и колективизираа земја? Во Русија било нужно тоа да се стори, затоа што селаните биле закрепостени и воопшто не поседувале своја земја. Но зошто тоа им се правело на селаните во Македонија, кога уште од почетокот на 20 век (пред да си заминат Турците) огромен дел од македонските селани си имале сопствена земја, сопствени стада? (Види го списокот на Крсте Мисирков за „Села во Јужна Македонија во Солунцко, Пазарцко, Кукушко и Гевгелијцко“ која ја има во книгата Крсте Мисирков - Одбрани дела, со бела корица и негов портрет, издание на Мисла од 1991) Зошто „комунистите“ во Македонија го сторија тоа? Тоа ли беше аграрната политика, одземање на земјата? Ете го Жаре главниот проблем зошто ни изумреа Сушица, Волковија, Беличица.... И баш вчера кога бев во Волковија, еден селанец Филип го кажа следново „Сите избегаа во град мислејќи дека одат на полесно, а наидоа на потешко, избегаа од оваа плодна земја што се ни дава“. За жал освен Исус Христос никој после смртта не воскреснал, а тешко е и македонските села да се воздигнат и воскреснат после нивната смрт.... Навистина жалосно!
Марио, прекини со глупи
Испратено на 17 јуни 2010 од АнонименМарио, прекини со глупи реферати момче. И да е вистиан дека комунистите се криви за се (иако во нивно време селата цветаа, тие земјоделците кои им го „пунеле буџетот на словенците“ дете драго можеа цели скопски фамилии со партали да купат),каква веза има тоа со фактот што денес властите прават трипати покатастрофални работи од твите хипотетички приказни за како било во комунизмот. Што има тоа врска со 20те споменици на еден мост додека децат од по селата немаат училишта. Или има? Можеби има и со турците, и тие ништо не напраиле додека биле во МК. Многу добра логика имате вие младите генерации. Додека ве газат под нозе, комунистите та комунистите. Добро, криви се, и сега. Што научи ти од тоа? Научи ли да гледаш кога денешниве некомунисти ти ја уништуваат државата до темел? Жални се луѓето ама жални се и сите кои размислуваат како тебе. Пред Астибо имаше споменик од Ленин, ама од фабриката живееја 4000 семејства дете драго. Кој ќе живее и заработува од некомунистичките споменици на гуруто Грујо? И тоа е поентата Марио, не реферати за како било во комунистот. Знаеме како било, не мора 18 годишно дете ад ни кажува.
Марио, застрашува до кој
Испратено на 17 јуни 2010 од koljaМарио, застрашува до кој степен сте индоктриниран и фанатизиран во едно локално етно лудило чија ескалација може да го збрише токму етносот што го продуцира тоа лудило. „Комунистот“, во економска смисла, ја дигна земјава од среден век во 20 век! Стопанскиот раст во СФРЈ во периодот 1950-1965 изнесувал 13% посто годишно! Тоа е неверојатен развој, за само 15 години. Развојот беше значаен и од 1965 до 1985, но не толку интензивен како првите 20 повоени години. И важно е да се нагласи: тој развој не значеше повеќе пари во богаташките џепови (нешто што денес се случува дури и во „комунистичката“ Кина) туку тој развој значеше вложување во потребите на населението: беа градени фабрики, станови, школи, болници, инфраструктура... Животниот век на Македонецот „под комунизмот“ достигна 70 години (на почетокот на 20 век животниот век изнесувал 40 години); да не зборуваме за смертноста на новороденчињата, за хигиената итн. Друга информација: Во 1945 во мк имало 100 (сто) високообразовани луѓе! И со тие човечки ресурси се создавала држава!
Марио, вие сте македонски талибанец. На чело со вашиот пастир ја водите земјава во една страшна историска регресија, која ќе мораат неправедно да ја кркаат и следните генерации Македонци. Само ради тоа што сте идиоти, што сте се добрале до власт и што го манипулирате народот со сосема поместените талибански приказни од зоната на самракот...
да живеат спомениците! И за
Испратено на 17 јуни 2010 од Анонименда живеат спомениците! И за ова комунистите се криви, гарант! кој учел во комунизмот знае во какви училишта учел, а од овие во кои денес се пикаат нашите деца, не може да се очекува ништо подобро од степенот на образование искажано во некои од коментарите овде. Митови, приказни, и глупости ко од пред селска кооперација. И селаните од неразвиените села ги поврзуваат работите пологично, отколку денешниве скопски дечињата од градинките на Грујо кои претендираат да бидат академици. Страшно!
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2C5C5BD283AA914784EB10E099C54F12
Почитуван Никола Гелевски
Испратено на 17 јуни 2010 од Марио ШаревскиПочитуван Никола Гелевски иако имав симпатии во вашата битка против Латас, која за жал ја загубивте, не очекував дека ќе добијам вакви навреди од вас, со кои докажавте дека сте ист како и оние новнирите на пастирот. Каква власт? До каква власт сум се добрал јас? Обичен студент? Каков пастир? Јас ниту сум овца, ниту сум член на ВМРО-ДПМНЕ, а ниту некогаш сум гласал за нив. Благодарам за навредите, со кои самите се покажавте дека сте еден обичен хистеричен човек кој немајќи аргументи лепи навреди и клевети. А до господинот Анонимен, училиште во селата, за кои деца?
За нашите деца Марио, за
Испратено на 17 јуни 2010 од АнонименЗа нашите деца Марио, за нашите. Децата на Македонија. Или ти си поголемо дете од нив, оти не си офца, само привилигиран семакедонец? Прости ако те навредив иј ас, ама твојата наводна воспитаност и култура, низ која се провлекува неизмерен фашизам (кои деца праша момчето, еј!?!) залужува повеќе од „навредите“ на Коља. Ќотек заслужува, да ти се пошашардиса малку испраниот и празен мозок.
Мислев кои се тие деца во
Испратено на 17 јуни 2010 од Марио ШаревскиМислев кои се тие деца во празните села каде што не живее никој? Нема тука никаков фашизам. Еве и податок за тоа во 1948 година природниот прираст во Македонија бил 48 промили, денеска е 11. Некогаш Галичник имал 3000 жители, денес ниту еден. Затоа те прашав за кои деца во селата ќе се градат училишта, кога таму нема воопшто луѓе.
Марио, навистина граничи со
Испратено на 17 јуни 2010 од Петар ПанкМарио, навистина граничи со (автодеструктивно) лудило вашиот светоглед; лудило што го гледаме кај талибаните, кај Хамас, кај израелските националисти, кај севернокорејските власти...
Океј, да речеме, внатрешната борба во мк, која ја наметнува вмро е класна (иако тие го затскриваат тоа во борба со „предавници, педери“ итн.). „Под комунизмот“ се создала некаква општествена елита (елита секоаш постои, во каква било заедница). Таа „елита“ повеќе имаше форма на некаква средна класа (која исто беше раслоена на ниска и висока, но и ниската релативно лесно доаѓаше до станови, кредити и коли; да не зборуваме за вработување). Од 1990 таа „елита“ (т.е. средна класа) беше растурена (беше растурена во целиот источен блок; но таму почна да се обновува како нова потрошувачка, конзумерска средна класа; а кај нас растурањето на средната класа како да нема крај).
Значи, за парите се работи (Емброуз Бирс така ги дефинираше политичарите: што и да зборат - за пари зборат). Буџетот на РМ „под Бранко“ (93-98) изнесуваше меѓу 500 милиони до една милијарда евра. Со Грујо буџетот се качи над 2,5 милијарди евра. За само 4 години оваа влада потроши околу 10 милијарди евра, речиси како што потрошиле сите мк влади од 1990 навака!
Зашто ВМРО не создава нова средна (нефрустрирана) класа, туку упорно лумпенпролетерите и очајниците (налик на вас, Марио) ги тера да сонуваат за новата „револуционерна“ пљачка која ќе донесе повеќе правда во мк?!
Вие, идиотите и очајниците, Марио, сте најголемиот залог на власта која сака Македонија да ја држи во срдновековен мрак!
Марио, го прочитали текстот
Испратено на 17 јуни 2010 од АнонименМарио, го прочитали текстот воопшто. Убаво кажува за кои деца, теле низаедно!
Драго ми е што може со некого
Испратено на 17 јуни 2010 од Марио ШаревскиДраго ми е што може со некого да се зборува и да се оживува делиберативната демократија на Хабермас и во ова наше општество каде што демократијата е само привид. Петар Панк и сите вие што ми се нафрливте, јас само кажав дека комунистите во Македонија поради погрешни потези (според мене, иако имам само 20 години) ја поставиле нашата економија и стопанство (темелот на секоја заедница, општество) на погрешна основа, па поради нејзе се случиле други лоши процеси како што се миграција село-град, депопулација и „бела смрт“ на цели региони, а на сето тоа се надоврзуваат и нашите политичари од 1991 до денес. Според мое мислење ВМРО не наметнува класна поделба, туку сеопшта поделба на општеството за да има полесен терен за манипулација.
И да додадам, се слагам во
Испратено на 17 јуни 2010 од Марио ШаревскиИ да додадам, се слагам во една работа со вас, околу друга работа околу која (веројатно) не се согласуваме. Името на Македонија не смее да биде алтернатива и жртва за наш економски развој. Жртва може да бидат некој споменик, некоја градба, министерски мерцедес, а не нашето име Македонија. И исто така се слагам со Жаре дека вложувањето во инфраструктурата (катастрофалните патишта, најголем пр. Е-75 меѓу Велес и Катланово) е таа што ќе привлече некој да инвестира и ќе придонесе за економски развој. Вложувањето во инфраструктурата (наместо во многубројни непотребни работи), а не промената на името.
ти само кажа и даде изговор,
Испратено на 17 јуни 2010 од Анонименти само кажа и даде изговор, како што сите телиња во МК со години бараат изговор за својата некадарност и некадарноста на своите лидери во комунистите. По се што чекориш, гледаш, и се што работи околу тебе е благодарение на комунистите дете. 1945 Македонија немала асфалтиран пат. Миграцијата село-град е поради индустријализацијата и се случувала секаде во свет, не само во Југославија и социјалистичките земји. Фати книга и читај, не глуми академик со похвали искажани преку клише фрази. Комунистите ја дадоа најголемата основа ИНСТИТУЦИИ и ИНФРАСТРУКТУРА. ПРед нив, Македонија немала идентитет (за кој сеа кењаш ко првоодделенец - ниту етнички, ниту национален, ниту економски.). Сме саделе чушки за преживување, и не сме знаеле што е долна облека.
Од МАНУ, преку Универзитетите, фабриките, па и Владата, кодификација на јазикот, креирање на научни Институции како Крсте Петков Мисирков, ЕКОНОМСКИОТ факултет, Народна банка, соработка на Македонски фабрики со цел свет, извоз за цел свет, туристи од цел свет (пукаше Охрид од Германци во времето кога ти си бил сеуште во татко ти)... се тоа за време комунистите цицалче! Темелот го поставиле погрешно? Темелот го надгризаа мочковците во чии популистички идеи се крстиш кутар Марио. И продолжуваат да го гризаат. Ти дете знаеш сите тие хотели по Скопје зошто се изградени? За проститутки да носат политичарите? Не, за странските соработници кои на времето доаѓаа да тераат бизнис со македонските компании, од германија, Франција, Русија... Континентал беше полн германци некогаш - ЕКОНОМИЈА! Го поставиле поргешно темелот... инвестиции ќе носат - денешниве мочковци за кои комунизмот не чини? Море шамари, шамари за сите недоквакани.
Брате, комунистички ли,
Испратено на 19 јуни 2010 од АнонименБрате, комунистички ли, каков ли си, мене не ми менува ама - да си ја оладеше малку главата бе ти?
Полека малце, имај осет и должна човечка почит.
Полека бре, полека. Што се
Испратено на 17 јуни 2010 од Марио ШаревскиПолека бре, полека. Што се пенавите толку. Ништо јас не сум одрекол од достигнувањата на социјализмот во Македонија, во кои активно учествувале моите предци (дедо ми партизан во 12 скопска бригада и ударник на браната во Маврово, татко ми градежник на повеќе објекти од тоа време). Несомнени се сите достигнувања на социјализмот, на кои и денес 20 години после него ние живееме. Факт е дека самите ние денес не можеме да направиме една пруга до Крива Паланка, а се користиме со инфраструктурата направена во социјализмот. Меѓутоа јас и понатаму мислам дека основата на македонската економија поставена во тоа време била погрешна, иако дала голем број на позитивни резултати во тоа време, а и денес со оглед дека живееме на голем дел од направеното во тоа време. Чушки се садат и денес и од нив и денес правиме ајвар и не е срамно што се садат, да не се тие, нема со што да се прехраниме.
ме заболе мене за историјата
Испратено на 17 јуни 2010 од Анонименме заболе мене за историјата на дедо ти. небаре само ти имаш дедо кој се борел. сите имаат ебаве тоа патриотите. дедо ми, баба ми...ако дедо ти бил патриот и се борел, тојс е борел. остави го да почива во мир.
ме боли што копиљана со “дедовци“ треска и голта глупости постојано. он мислел дека погрешно била поставена економијата. на оснвоа што? литературата на темата која ја прочита или прикаските кои ги слушаш? мочко.
нема што да мислиш, фактите покажуваат друго. тоа што економијата ја ограбија недокваканите кои „мислат“ и од мислење не знаат за работа да се фатат, не значи дека погрешно била поставена. тоа што поради „идентитетот„ и „саканата Македонија“ кретените ги прекинаа сите врски со светот (па и со екс ЈУ ги уништија врските со нивната политика ала Милошевиќ) не значи дека економијата е поргешно поставена. погрешна сперма се оплодила. само тоа. средношколци, без ден пракса седнале во влада, цицаат енормен буџет да си ги шетаат задниците, и марио држи предавања како комунистите погрешно ја поставиле економијата. слеп си или само интелектуално предизвикан? друго нема батка
Море абортиран мочко еден
Испратено на 19 јуни 2010 од АнонименМоре абортиран мочко еден глуп? Можда боље твојот газ да го ставиме да седи во влада, а? Гледам барем домашна култура и воспитување имаш, тоа сигурно.
Ај сеа иди лај на друга месечина. Или иди самокастрирај се, ќе ти се смири по некој хормон и нема да навредуваш и пцуеш луѓе што не ги ни познаваш преку екран.
Ебате тоа болната глупа „интелектуала“ што сте. Самопрогласени фрустранти. Иди набиј си ги „врските со светот“ кај што „сонцето не изгрева“.
Поздрав,
Ваш Анти-Фрустрант
На основа на тоа што се
Испратено на 17 јуни 2010 од Марио ШаревскиНа основа на тоа што се изградиле производствени индустриски капацитети за кои нема доволно суровини, дури и во плански систем на економија. Ете на тоа мислам дека била погрешно поставена основата.
имало суровини 50 години и
Испратено на 17 јуни 2010 од Анонименимало суровини 50 години и снемало баш кога патриотите налик на милошевиќ дојдоа на власт. иди прочитај некоја книга за економијата на југославија пред да досадуваш по интернет зашто си сушнал ама недослушнал. не снема суровини, цената на металуршки суровини падна на светскиот пазар (за тоа зборуваш ти, ти кажал некој гарант) ама наместо некој да го пренасочи производството си ги донесе машините дома и сега тие се олигарси во македонија, со мерцедеси од кои ти зборуваат за името кое „не го даваш“ затоа само и него го имаш, додека тие си се прчат на водно, а оние кои ги изградија фабриките коишто тие ги испокрадоа немаат леб да јадат. и прикаски за комунистите. море марш!
Имам една книга дома од
Испратено на 17 јуни 2010 од Марио ШаревскиИмам една книга дома од Дејан Јовиќ „Причините за распадот на СФРЈ“ (издание на Темплум од 2003, ама таа не се осврнува толку на економијата), со оглед на тоа дека до крајот на месецов ќе имам доста слободно време, доколку имаш да ми препорачаш некои книги (стручни и останати) за економијата на СФРЈ, би ти бил благодарен. (Мојот мејл е: mario.sarevski@gmail.com) Инаку по моето лаичко мислење не се само суровините причина за распадот на тој економски систем. Тука може да се вброи и самото планско стопанство, нерентабилноста на местоположбата на индустриските капацитети (имало план за железарница во Кичево наместо Скопје со оглед на рудниците наоѓалишта во Тајмиште, Жван, Железнец и Сопотница, како и за Топилница на олово и цинк во Кочани наместо во Велес) и уште неколку други работи. Тоа би било од мене, сега ќе идам да перам коли и разладам, па се читаме утре или во скоро време (се надевам без навреди и груби зборови, за кои се извинувам). Поздрав
ма супер е твоето лаичко
Испратено на 17 јуни 2010 од Анонименма супер е твоето лаичко мислење, таман за во влада си. не се мачи да се просветлуваш. продолжи да трескаш глупости инаку нема да те вработат.
во нашето село литература на
Испратено на 17 јуни 2010 од Анонименво нашето село литература на темата тешко ќе најдеш. ти испечатија 20 тони македонска литература, за да си ги наполнат џебовите, а ти да се палиш на големината на македонскиот идентитет. почни да бараш надвор од проклетата ни државичка, можеби конечно ќе разбереш за што зборуваш пред да почнеш делиш мислење од кое реално треба да се засрамиш.
Tekstot ke da e..
Испратено на 18 јуни 2010 од MarijanaNe sum vo tek so prepiskata, jas sakam samo da gi iskazam moite voodusevuvanja od tekstot i toa...
Za kakvi sela zboruvate bre
Испратено на 18 јуни 2010 од АнонименZa kakvi sela zboruvate bre narode. Kaj nas i gradovite se sela(po kultura i po kvalitet na zivot) i se napustaat kako sto citate. 20+ godini gi izoliravte lugeto od svetot, sramota e sto site se pravite pametni a ostanavte izmanipulirani, potisnati(se odnesuva na rajata nad 40 god. osobeno na postarite ako voopsto nekoj od niv cita) A zalno e sto nemate sram. Dozvolivte razni dileri i sverceri i trgovci i tipovi so kradeni dzipovi da rakovodat so drzavata. I sega pcuete na 20 godisno momce sto izrasnal vo taa izolacija, pa toj e produktot od toa scenario i ke pravi analogii so dzisus krajst se razbira. Jas sum isto taka produkt na "vasata" velika drzava po vreme na izolacija i moeto mislenje e deka ne zasluzuvate potomok i ne zasluzivate selata da vi bidat naseleni, koe i taka i taka e nevoozmozno zaradi toa sto mozocniot potencijal treba da se iskoristi za intelektualna rabota a ne da seunistuva so kopanje na sonceto, toa ke go pravat masinite samo sto nas ni fali zelbata da gi izucuvame da gi razbereme i da gi upravuvame na kraj, ni nedostiga zelbata za UCENJE!
Eden sebicen narod so osnovna cel da si gi zadovoli fizioloskite i emocinalni potrebnosti najbrzo sto moze, proizveduva sebicni pokolenija isto tolku plitki i kusogledi kako samite niv.
I taka, onoj sto nema dovolno brzo da se adaptira na novite uslovi na zivot ke ostane izbrisan vo tragata na vremeto, a vasite pokolenija na koi mozocite stvarno im vredat nesto ke gi odgleda nekoj drug, "ponormalen" od vas.
Vi posakuvam dolga i bedna starost so najdobriot prijatel na covekot, kuceto :)
Levo ludost
Desno zlo
Nad toa laga
Pod seto bol
Ама најинтересно е кога ем
Испратено на 19 јуни 2010 од АнонименАма најинтересно е кога ем навредувате некој, а ем го персирате во исто време. Од вас, на човек да му се згади од руска литература (оти и таму се хранат гомна со свилени ракавици).
Браво за Марио во случајов. Другите сите сте едноумна глутница.
Ај сеа „море марш“.
!
Испратено на 21 јуни 2010 од ДаронДоколку навистина не знаш каква врска има Пајонскиот крал Аудолеон (и останатите како Орест, бранителот на Пелагонија) со нас, тогаш навистина ми е жал за тебе мил мој неинформиран, историски аналфабет Жарко. Па зарем ти и твојата клапа не бевте тие кои на цел глас викаа дека не сме имале никаква врска (а тоа и се уште редовно го правите) со античка Македонија туку со, евентуално Пајонија!!!??? Сега и Пајонија ви пречи ? Што ви е на вас? ... Инаку запустувањето на селата во Македонија е почнато во педесетитте години (до седумдесеттите) на минатиот век, така да колумната ти е плитка исто толку колку што ти е и познавањето на сопствената историја...
поздрав
Site da mi go pushite kurot
Испратено на 23 јуни 2010 од Feecho BeedothSite da mi go pushite kurot kreteni edni! Frchko da mi go brichi kurot so zeleno dzamce. Da mu go lizhete cmarot na Sasho Spasovski: http://www.youtube.com/watch?v=Gkkj7Xa_KCY