Политички толковен речник

30.06.2010 12:28
Политички толковен речник

 

Во медиумите често можете да сретнете различни информации, за секакви теми, работи и дилеми, од повеќе извори, од различни аспекти, од едно чудо функционери, до новинарски доајени до дебитанти, експерти, аналитичари и други среќи и несреќи.

 

Сè е тоа убаво, плурализам и ренесанса, но проблемот е што овие информации често се прилично тешки за разбирање. Класичен пример: излегува една партија па вели: „Има голема економска криза во земјава!“ Веднаш се појавува втора партија и вика: „Е нема криза! Лажете!“

 
И сега седиш дома по папучи, по напорен ден, налетуваш на ваква небулозна комуникација по медиумите и што да правиш? Како да донесеш издржан став, јали има, јали нема криза? Да штедиш или да не штедиш? Да веруваш на едниот, онака по некоја лична, емотивна, навивачка линија, или да ги баталиш и двете и загубиш секаква верба во разумот?
Не очајувајте, еве овде еден кус прирачник кој може да
ви послужи како толковен речник:
 
Ситуација бр. 1
 
(1)   Излегува партија А и обвинува партија Б за некој скандал, афера, криминал, непотизам, проневера, шо-и-да-е. (2) Се јавува партија Б и негира, па ја обвинува партија А за скандал, афера, криминал, непотизам, проневера...Кому да веруваш?
 
Значење: (3) И партија А и партија Б се во право, им веруваш и на едниот и на другиот за сите наведени обвинувања. И А и Б се одговорни за скандал, афера, криминал, непотизам, проневера, шо-и-да-е! Верувајте дека тие меѓусебно прилично обро се познаваат, често делат и исти тоалети, така што можеш да се земе за извесно дека и двете страни се во право.
 
Ситуација бр. 2
 
(1)    Изјавува партија А дека работите се лоши, (2) се јавува партија Б дека ова нема врска и дека работите се супер. Кому да веруваш?
 
Значење: (3) Секогаш веруваш на полошата варијанта. Реалноста и искуството те учат дека ако излезеш на улица, прво што забележуваш не е колку е животот прекрасен ами колку е несреден паркот, улиците распукани, ѓубрето расфрлано, нема доволно паркинг места... Е па некој е одговорен за тоа! Кога ќе излезеш на улица и кога ќе ти се помили живеачката, тогаш верувај им на добрите верзии на партиските изјави, до тогаш секогаш претпостави ја полошата варијанта и ќе сфатиш дека со 90+ веројатност правилно си протолкувал.
 
Ситуација бр. 3
           
Бројки. (1) Кога партија А ќе излезе и ќе каже оваа работи чини Х-пари, а (2) партија Б излегува и кажува нема врска, тоа чини многу многу поскапо, некои Y-пари (каде y=2x) што правиш?
 
Значење: (3) Ги земаш двете суми, ги собираш и ги делиш со 2. Така ја добиваш приближната реална сума за која овде станува збор. Тенденцијата на едната страна е да намали другата малку да зголеми, па ако ги поделиш на пола, некако ќе дојдеш до најреалната претпоставена цифра.
 
 
Ситуација бр. 4
 
(1) Партија А излегува со изјава во која тврди дека партија Б направила нешто лошо, (2) партија Б излегува и кажува нема врска, дека е шпекулација, дезинформација, замајување на јавноста, и др-дрн јариња...
 
Значење: (3) Ако партија Б во одговор на обвинувања на партија А не изнесува никаков аргумент, контра-факти, разјаснувања и дообјаснувања, тогаш има нешто во обвинувањата. Штом таа страна само негира и не навлегува in medias res на отвореното прашање, значи дека нешто имет што се крие.
 
Ситуација бр. 5
(1)   Функционер, јавна личност, еди-си-кој-си одговорен излегува и вели дека некоја работа ќе биде завршена до тој и тој датум.
 
Значење (2): На секој поставен датум веднаш додај таканаречени бирократски 15 дена, како своевиден пандан на академските 15 минути. Ако изведувањето на работата која треба да се заврши трае подолго (да речеме, една година), тогаш врз бирократските 15 дена треба да додадеш т.н. „балкански бонус“, односно задоцнување кое нужно следува заради т.н. ефект „има време!“ и тенденцијата се да се завршува во најдоцниот можен час.
 
Секако, богатото политичко-манипулантско творештво има уште еден куп примери кои се вредни за спомнување во ова толковно речниче, па за нив, секако, во следната пригодна пригода.

 

Слични статии

Став
Став
Духови [к:1]
Став

ОкоБоли главаВицФото