Пастирот од нашиот ќорсокак

09.07.2010 12:47
Пастирот од нашиот ќорсокак

Најважното кулоарско политичко прашање деновиве кај нас е: дали Груевски може да си замине од власт без пролевање крв?

Прашањето не е ниту мелодрамско, ниту ирационално; непризнавањето на Уставниот суд од страна на Владата, пред сè во врска со одлуките поврзани со проектот „Скопје 2014“, значи непризнавање, т.е. уривање на постојниот уставен поредок во земјава. Елементарната логика, историјата и политичкото искуство велат дека рушењето на правниот систем на една земја не може да помине без крв.

Повеќемина сериозни луѓе со кои разговарам (и од кои некои, за жал, ја избраа илегалата како престојувалиште во овие оловни години на груевизмот) мислат дека суштината на политичката филозофија на актуелната власт е насилството; дека примарните политички рефлекси на премиерот се нагли, афективни, агресивни и одмазнички; дека не постои буквално ниту една политички поделикатна ситуација каде што „пастирот“ покажал воздржаност, мудрост или препуштање иницијатива на противникот. Брутално, примитивно, фронтално, до коска - тоа се начините на кои Груевски се бори во политичкиот „ринг“. Оттаму, се заклучува во дел од кулоарите, но и во некои јавно публикувани анализи, неминовна е насилната разрешница на македонскиот политички ќорсокак.

Од друга страна, постојат многубројни аргументи за кукавичката природа на актуелната македонска власт. Тајноста, алчноста, екстремната недемократичност во носењето одлуки, непотизмот, клиентелизмот, коруптивноста... - сето тоа зборува дека власта владее со страв; но колку што тој страв е насочен нанадвор и служи за заплашување на граѓаните и потенцијалните противници, толку стравот е насочен навнатре и е знак за неодговорна, фрустрирана и кукавичка психопатологија на владеењето.

Дилемата, значи, дали власта ќе си замине по насилен пат ќе ја разреши, ми се чини, токму соодносот (можеби дневната хемија!?) меѓу овие две клучни особини на владеењето на Груевски: бескрупулозната агресивност, од една страна, и, од друга, самосожалувачкиот кукавичлук кој оневозможува носење какви било посериозни одлуки.

Најстрашното во нашата сегашна политичка ситуација е што граѓаните совршено мирно го толерираат распаѓањето на општествениот систем генерирано од извршната власт. Како сосема нормално се прифаќа министер или градоначелник грубо и директно, низ дело и низ збор, да ги негира одлуките на Уставниот суд; или една висока судска инстанца, Републичкиот судски совет, да игнорира друга: Уставниот суд. Или квази новинари во функција на силеџии на режимот јавно да се закануваат на сите страни и да изнудуваат судски и други одлуки. Таквата состојба зборува за распад на системот, за длабока аномија. Таквата состојба ме потсетува на славната драма на Сартр, „Зад затворени врати“, која целата се случува во една хотелска соба каде што се затворени тројца покојници, кои претходно не се познавале. Во еден момент едниот од нив сфаќа дека тројцата се наоѓаат во пеколот: „Видете колку е едноставно. Не станува збор за физичко мачење. А сепак сме во пеколот. И веќе никој нема да дојде овде. Ние тројцата ќе останеме сами до крајот. Фали само крвникот. Но, решиле да заштедат на персоналот. А како? Лесно: секој од нас тројцата е крвник за другите двајца“.

Груевски го усоврши системот во кој граѓаните се претворија во крвници едни на други, апатични за болката на другиот, незаинтересирани за целината и иднината на општеството. И затоа зборувам за систем на насилство и страв. Насилството во тој систем не мора да биде директно и манифестирано низ убиства и низ чисто физичко насилство, иако и тоа е неминовно и се случува и допрва ќе ни се случува (зголемен број убиства, несреќи, грабежи, зголемена смртност итн.); насилството на нашето општество во голема мера е имплицитно, структурно, и почива врз една просто животинска хиерархија на функциите; највисокиот е главниот предатор, а сите под него имаат право да ги прождираат оние под себе.

Насилството на нашата власт, всушност, се состои не во драматичното менување на системот туку во оддржувањето на тој предаторски, силеџиски систем кој постоеше и претходно, но не толку соголено и не во толку застрашувачки димензии. Општата игноранција и цинизмот денес веќе не се ни прикриени туку отворено се искажуваат: сè што не ми одговара, што не ми се допаѓа, што не мисли како мене - го игнорирам или го отстранувам од патот. Тоа насилство, директно индуцирано од највисоките нивоа на власта, брзо се прелева удолу и сведоци сме за драстично зголеменото општествено насилство, бескрупулозност и негрижа на сите нивоа.

Како ние граѓаните да станавме непријатели едни на други и, што е најстрашно од сè, како да уживаме во „Двете Минути Омраза“ што бесмртно ги опиша Орвел во „1984“: „Како и обично, на екранот се појави Емануел Голдстејн, народниот Непријател. Од толпата најпрвин се слушнаа неколку свирежи. Една ситничка жена со руса коса испушти крик кој беше мешавина од страв и гадење. По помалку од триесет секунди Омраза, дел од присутните во салата испуштија урлик на бес. Омразата за две минути прерасна во делириум. Винстон сфати дека и тој вика заедно со другите, бесно удирајќи ги петиците од нозете на столчето. Најлошто кај тие Две Минути Омраза не беше тоа што во нив мора да се учествува, туку, сосема обратно, тоа што на таквото претерување беше невозможно да му се одолее.“

слики: Irene Vonneuendorff

Извор: Глобус, 06.07.10.

Чоече колку си пун со

Чоече колку си пун со параноја, омраза и страв....Олабај бе малку ќе те стегне нешо. Не се заебаај више.
Глеј го оој
http://okno.mk/node/6337
нешо кажуе

На својот пљачкашки поход низ

На својот пљачкашки поход низ Македонија, оние оние кои се „преполни со параноја, омраза и страв“ (толку полни што прскаат ко гнојни чирови, а смрадот се шири неограничено) токму се членовите на фамилијата и нивните слуги-скакулци стратешки распоредени по подруми и по ќошиња. Полни се со „параноја, омраза и страв“ зашто друго немаат; зашто тоа ем им е единствената политика (омраза кон опозицијата, стариот систем, Грците, Албанците, ЕУ итн.), ем тоа им е совршено покритие за невидениот грабеж на целата земја.
Таквиот чудовишен и екстремно деструктивен режим (не почитува уставен поредок, не јебе ЕУ, добрососедство, демократија, потребата од дијалог итн. - туку само шиба и гази) опстојува благодарение на ваквите екстремни идиоти од типот на ХХХ (секоаш со истиот ретардиран коментар, така што - ќе да е од подрумот и збира вакви дебилски коментари дур денес не заработи за сендвич; колку „параноја, омраза и страв“, „ти беден слуго на саламите и кашкавалите“ /парафраза на обраќањето на Радован Павловски кон Фуфо/, денес треба да произведеш, за благата /долгичка, викаш, со непотсечени нокти?!/ рака да те помилуе, ти беден стуткан стаорецу?!)
Таквите ко ХХХ го претставуваат она класично иљаду пати опишано стадо кое не реагира на ништо: и коа ги водат педерите, па после нив комунистите и Евреите, па после Циганите, Словените, сите што не мислат како водачот итн. - и коа на крај ќе ти дојат на врата се чудиш како нема никој да те брани... Е па нема!
За среќа, ми се чини, се’ повеќе луѓе сфаќаат дека сегашниов режим води во бездна и во таа смисла, на некаква совест и некакво будење, текстовите на Гелевски се непроценливи.

Koe движење циклично менување

Koe движење циклично менување на „режимите“ ВМРО-СДСМ-ВМРО-СДСМ-ВМРО-СДСМ-ВМРО-СДСМ-ВМРО-СДСМ-ВМРО-СДСМ-ВМРО-СДСМ-ВМРО-СДСМ-ВМРО-СДСМ-ВМРО-СДСМ-ВМРО-СДСМ-ВМРО-СДСМ-ВМРО-СДСМ-ВМРО-СДСМ-ВМРО-СДСМ-ВМРО-СДСМ-ВМРО-СДСМ-ВМРО-СДСМ-ВМРО-СДСМ-ВМРО-СДСМ-ВМРО-СДСМ-
И јово на ново. Ајде бе само сте магариња спрегнати кој движат и вртат во круг еден пропаднат систем.

Ти важно, ХХХ, дреми и кукај

Ти важно, ХХХ, дреми и кукај и повлекувај си ги своите репетитивни аутистички цртички ко жива слика и прилика на македонската зомбиевштина...

Скопје 1984

Гелевски има страшен дар за кратка форма, лесно ја извлекува суштината. Пред се не е во илегала. Секако, многу подобро го разбирам и него и ситуацијава откако и лично ми се случија „преродбениците„ . Така да ќе помине доста време зборовите на логиката и разумот да бидат разбрани од стадото наместо поедноставените слики на пастировата пропаганда. Се плашам дека ако веќе завршува текстот со Орвел, треба да допишеме дека Винстон Смит на крај го засака Големиот Брат.

Шо е поентаа јадеш бубрези

Шо е поентаа јадеш бубрези против еден идиоти за да дојдат други идиоти. Не го храни ѕверот со омраза сам ќе умре од глад.

Запрепастува неспособноста да

Запрепастува неспособноста да се прочита еден обичен текст и да се извлечат клучните пораки. Целиот текст на Гелевски (како и повеќето други негови текстови) е против паранојата, омразата и стравот кои ги шират актуелните моќници, главно со цел да го одвлечат вниманието од пељешењето на народот.
Апсурдно е оној што експлицитно се залага за некакви вредности и притоа постојано ги истакнува своите позитивни принципи (ЕУ, демократија, толеранција итн.) - да биде обвинуван во стилот: „секој оној што троа мрда и покажува некаков живот и некаква храброст е само обично говедо кое работи за власта која ќе ја смени сегашнава“. И неверојатно ми е што таквиот зомбиленд (секој втор коментар како да доаѓа од такво некое зомби) си опстојува без мува да пролета... Исто ко во филмот „Јас сум легенда“ (со Вил Смит) кајшто главниот лик дури на крајот на филмот сфаќа дека е опкружен со зомбии, дека тој е последниот човек. Можно е, стварно, Македонија да е зомбиленд, не ми е јасно како секоја теза, секоја живост и отпор се извртуваат во нејзината спротивност... Не прај ништо и не преземај ништо, зашто ионака е сеедно... Бррр! Иду бре у курац, ХХХ, комплет со своите ментално и морално сјебани истомисленици!

 А споредбите на сегашнава

 А споредбите на сегашнава влада со Хитлер и Нацизмот... не ти е малце... претерана? 

Современата сликарка Ирена

Современата сликарка Ирена Вонендорф прави доста стлизирани портрети на Хитлер... Немам време сега да ви ги објаснувам слоевите и значењата, но најпросто: уметноста не илустрира; не наметнува тези; уметноста фаќа цел куп слоеви - одеднаш.

Што се однесува до самиот текст: нигде не се прават директни споредби меѓу хитлеризмот и груевизмот (освен во самиот наслов, во кој речиси и не може да се осети старата фраза: Хитлерчето од нашиот сокак). Но, структурни сличности меѓу режимите постојат, пред се’ во склоноста да се владее тотално: или се’ или плачам и пиштам дур не ми даат се’ (на пример, единствената преостаната моќна негруевистичка институција во земјава е Уставниот суд; и токму таа пречи ко да е црн ѓавол; кога утре ќе ја земат и таа институција - ко се’ што земаа изминативе 4 години - ќе измислат некоја нова будалаштина, зашто во природата на тоталитарните режими е да се хранат со произведување непријатели и говор на омраза). Глејте го односот кон највисоката власт во земјата, Собранието (кое би требало да ја контролира Владата): груевистите не само што бескрајно ги понижуваат сопствените пратеници (третирајќи ги како бедни климоглавци на големиот пастир), туку до коска го сјебуваат интегритетот на институцијата (како што го сјебаа интегритетот на сите институции во земјава, кои пиштат под најпримитивен партиски терор; е теророт се шири дури и кон приватните институции...)

Тоа се структурните сличности меѓу тоталитарните режими... Фала богу што нема политички убиства и логори, но тоа веќе никаде не е дозволено, дури ни во најпримитивните општества...

Интересно како самите

Интересно како самите пратеници на владејачката коалиција, до сега многу пати имаат образложувано дека воопшто не се климоглавци ниту пак дека се чувствуваат така, ниту пак дека работат под нечиј диктат - во најлош случај, се согласуваат со одлуките и законите кои самите ги изработиле.
 
Но добро, ај да ти веруваме тебе. И морам да приметам дека твојава верзија на реалноста прилично компатибилно резонира со илјадапати повторените лаги од машинопозицијата (не велам дека ни нив не си ги критикувал, ама не се сеќавам дека било волку жестоко). Оти нели, илјадапати повторената лага, кад тад, може и ќе стане вистина. Со животен век од 2 секунди. Но некогаш и 2 секунди се доволни некој да се добере до власт. Доказ е еден 15-ти септември и по еден вработен во секое семејство. Така што, убаво би било да намалиме со дозите фантазирање, генерализирање, и лажирање.
 
Инаку пред да ми се нафрлиш како груевист, нацист, главоклимач или исперен мозок, се надевам ќе се сетиш дека е цивилизирано и само добро да се обраќаш кон „другиот“ со должна почит. Ко јас кон тебе.
 
Поздрав.

И сеа чаре...Дајте ново

И сеа чаре...Дајте ново дикторче ова се дави. :-) Може и рециклирано по еколошки е.
Мижи арслан да те плашим.

 :)

 :)

Дозата антигруевизам за оваа

Дозата антигруевизам за оваа недела ја добивме или ќе има уште?

Празен кош, готов нож И без

Празен кош, готов нож
И без двогледот на Коце веќе јасно се гледа дека во Македонија работата е врвка! Мала плажа, многу крокодили, и тоа жестоко закрвени. Или беше бара? И без да ги чита човек, со или без очила, извештаите за натрупаните долгови на државата кон стопанството, кои министерот Џавревски ги крие, јасно е дека оваа власт губи нерви, губи компас и, што е најопасно, губи (само)контрола. И како и секоја ранета ѕверка, плус држена на посна храна, станува уште поопасна. Да не звучи како кобење, ама постојат сите предзнаци дека политичките тензии, трауми и конфликти во Македонија допрва претстојат.

Сиот трагикомичен расплет на настаните во оваа фарса наречена „инцидент“ во Собранието покажува колку бесрамно се зголемила силата и улогата на нашите „ресори на силата“ (конкретно МВР и нејзините тајни и јавни служби) на сметка на цивилните (Собрание, пратениците). Угледот на претседателот на Собранието, ако некогаш постоел, сега е дефинитивно урнисан. Од толкавото наметнување на министерката Јанкуловска во „решавањето на проблемот“ вториот човек по достоинство во државата е деградиран на ниво на помошник-позорникар, привремено распореден на патрола во собраниската зграда. Јанкуловска дели лекции од демократија, копира, умножува и преснимува „компромитирачки материјал“ за пратениците-насилници, кои - види храброст - тргале за ракав НЕЈЗИН вработен! Службеник, кој овластено и најпрофесионално снимал протест на стечајци. Спикерот молчи во заднина и послушнички клима со главата, како да е портпарол на МВР, кому не му е даден збор, а не претседател на законодавниот дом и, де факто и де јуре, домаќин во чијшто двор полицијата се распашала како дома, без негова дозвола. Тотална брука, која ниту интерпелација не може да ја исплакне. Може само оставка, и тоа безусловна, само кај нас нема „услови“ за тоа.

Еве да прифатиме дека доушникот на МВР „овластено и законски“ снимал протести и да замижиме пред фактот дека, во отсуство на цивилна контрола, тие снимки лесно може да бидат злоупотребени за „одмазднички напади“ врз демонстрантите. Сепак, зелотизмот со кој МВР го брани својот снимател е просто невкусен. Знае ли Јанкуловска колку камермани од телевизиите биле влечени, клоцани, па и истепани на слични собири, а МВР не мрднало со прст? И колку полицајци во Македонија страдаат на должност и тоа далеку потешко? Зошто не видовме сличен жар кога беше истепан камерманот на ТВ „Ера“, нема ни две недели, од обезбедувањето на премиерот? Тогаш Јанкуловска не даваше патетични изјави дека „пред се е нападнат човек“, а обезбедувачот-тепач помина со 10 проценти од плата. Што не им бара и на пратениците што туркале камерман парична казна? Врв на невкусот е таа „инструктивна телеграма“, упатена до вработените, полна со политички небулози, како во предизборен памфлет, во која собраниската седница има третман на настан од висок ризик.

Друго незгодно, а неодговорено прашање остана - со кое право влегле тие неуниформирани полицајци во Парламентот, пред вратите на пратениците, по ходниците, плус не им дозволувале да се движат, како да се уапсени? Претседателот на Собранието не побарал такво полициско засилување во Собранието, а немал ни зошто. Воена состојба или државен удар, колку што знаеме, не се прогласени. Велјановски сега фрла прав в очи и предлага „мерки“ како да не постои Закон за Собрание, а ниту една мерка од тие што му биле на располагање не презеде.

Но, не, наместо одговори на овие прашања, власта реши да прави циркус, да демонстрира сила и да ја дозакопа државата во очите на целиот свет. МВР отиде дотаму да „кани“ пратеници на информативен разговор, не давајќи пет пари ниту за пратенички имунитет, ниту за политичкиот невкус на таквиот чекор. Има ли некој таму поим што тоа значи и каде уште се апсат пратеници на опозицијата, туку-така? Точно, во полициски држави, диктатури и останати џамахирии. Дали било потребно Рикер да дојде и тоа да му го каже некому за да се спречи комплетна бламажа? Ако тоа е точно, срамот е уште поголем и не го покрива никаков коректор. И после се, прашуваме зошто имаме третман на протекторат? Затоа што сами сме си го спечалиле со вакви и слични глупости, ете зошто.
Жарко Јорданоски, „Време“, 12.07.10.

Молба до нацијата за спас на

Молба до нацијата за спас на татковината од вистинските непријатели на нејзината сувереност и самостојност

„За да народот избегне да биде уште еднаш впрегнат во јарем, потребно е за тоа постојано да биде подготвен да ги оценува своите владари според нивните постапки. Слободата ќе биде само целосно осигурена кога јавниот дух е развиен; односно кажано, кога народот ги знае своите права и должности, кога тој ги разбира луѓето и страстите што ги поведуваат, кога тој го има соодветното разбирање на владините застапници за да ги пробијат нивните интриги и да ги забележат јамките што тие ги поставуваат. Ова е точката до којашто новинарите мора да ја донесат нацијата“[1].
Властите ветија инвестиции за реновирање на нашите здравствени установи, но како ќе ја купат љубезноста и совесноста на лекарите, или ќе обезбедат здравствено осигурување за работните луѓе? Ниту приватизацијата е решение за ова прашање бидејќи и граѓаните на најатрактивниот центар на инвестиции во светот – Хонг Конг, кога имаат потреба од здравствена нега не се двоумат да заминат во Тајланд и да ја добијат за поевтини трошоци. Властите и овојпат се покажаа незаинтересирани за катадневните маки на граѓаните со кои се соочуваат во здравствените ходници.
Кога толкава сума на народни пари се потрошени од страна на властите за изградба на луксузни скулптури а без притоа граѓаните да бидат прашани за мнение, преку референдум или електронско гласање, тие имаат сосема легитимно право да ги срушат тие скулптури или подобро да ги претопат во топови и да ги озабат спрема Парламентот. Ниту задниците на вообразените скулптори треба да се поштедат, чии идеи не можат да добијат лик без властите да ја оданочат создадената вредност на трудот вложен со проширени вени од конфекциските работнички, градежните работници…
Време е да се отстранат професионалните политичари од привилегијата да одлучуваат во името на сите граѓани, бидејќи само граѓаните можат да се претставуваат самите себе. Не е суверен оној народ кој ја доверил својата волја на група политичари што се претворила во современа аристократија и чија ротација на служби е во границите на привилeгиран делокруг. Не се внимава на Марксовиот аргумент дека „во некое општество власта ја има оној што располага со таканаречената општествена репродукција, со она што се вика вишок на вредност“.
Според тоа повиците на „авангардните“ опозиционери на проектот Скопје 2014, кои неодамна издадоа дури 3 книги кон ова прашање, да се поништи истиот (проф. д-р Мирослав Грчев) и популистичките распределби на оданочениот приход во прилог на сиромашните граѓани (Никола Гелевски), се најдлабока хипокризија на граѓанско-левичарската општествена интелигенција како би го заведиле народот со илузијата дека парламентарната демократија може да функционира само откако добрите владетели ќе ги заменат груевистите. Ако тоа се социјалдемократските олигарси, народот треба категорично да одговори: Не, благодариме!
Во парламентот властите се договараат со лицемерните социјалдемократи како да го распределат трудот на работниците од ДДВ до посреден или непосреден данок на имот, софистички наречено „ребаланс на буџетот“. Тоа е кримен. И ниедна судска власт нема да го казни овој кримен затоа што судиите ги делат истите привилегии со професионалните политичари. Само даночните обврзници имаат право непосредно да одлучуваат за тоа како ќе се распределува нивниот доход за јавна потрошувачка. И ова спорно прашање технички може да се реши отаде електронско гласање. Но, пред ова, граѓаните мора да се солидаризираат, да ја резервираат својата широкоградост и љубезност спрема тираните во Парламентот и да интервенираат макар вооружено. На тираните ќе им биде опростено за стореното зло но само откако ќе ги обесиме на канделабрите во центарот на Скопје.
Вие им верувате на властите дека се радуваат на самоубиствената трка на лицемерните социјалдемократи во амбисот на партискиот рејтинг, но всушност тие се во готовс да им пружат рака доколку увидат дека нови социјалдемократски сили се мобилизираат за да одговорат радикално на перманентното предавство на СДСМ спрема принципите на социјалдемократијата сфатена како политика во прилог на работниците и нивната сеопшта благосостојба. Зад античката драма помеѓу две омразени страни се мрежи најмрачна и најподмолна конспирација против овој народ.
Според тоа сета национална чувствителност на властите спрема прашањето за зачувување на конститутивното име на оваа држава е проклето лицемерие. Промената или непромената на името нема да значи ништо, кога суштината на државата останува иста. Левијатанот на Груевски и Ставрески терористички лебдее над секоја човечка акција што продуцира вредност. Данокот и смртта се најсигурни нешта на овој свет. Но, само според логиката на современата аристократија. Иако властите грлесто велат дека ги бранат конзервативните политики, всушност се подеднакво оданочувачки интервенционисти како шведските социјалдемократи, а се доследни на својот конзерватизам само во смисла на тоа што оданочениот приход го инвестираат во својата изопачена вера на пагански и националбуржоаски ликови, кои како скулптури ја немаат вишата сила да ги исцелат маките на овој санкилотски народ. Освен да го предизвикаат гневот на Израелеовиот бог над воинствата: „Оние, кои го водат овој народ, го заведуваат, а кои ќе остават да бидат водени – ќе пропаднат“ (Изаија 9:16).
Судбината е во твои раце, мој сакан народе! Обезвласти ги тираните што се кријат зад хипокритскиот изговор дека се ракоположени да раководат со твојот суверенитет! Нивната цел е да ги претворат законите во смртоносни бајонети против тебе; подготвени се да преговараат и со најмрачната сила, со најнепријателскиот капитал за татковината, како би ги задржале или прошириле своите привилегии како професионални политичари. О детинест народе! Властите без двоумење ти праќаат полиција на улица како би ја задушиле во крв твојата слободарска волја, а ти рамнодушно им плаќаш даноци! Само со мозок од оган и срце од ледина ќе се избориш против своите непријатели како би ја осигурил својата блескава и непречена иднина!

[1] Jean-Paul Marat, Oeuvres politiques, 1789-1793, eds. Jacques de Cock and Charlotte Goetz, 10 vols. (Brussels, 1989-1995), p. 1724-25.

Nadraznetost

Intelektualnata histerija na "kolumnistot" e celosno razbirliva bidejkji toj e edna od mnogute sterilni pojavi vo naseto opstestvo.Sklonsta kon naglost ,prenaglasenost i (samo)ogorcenost go pozicionira vo eden sado-mazo,ping-pong misloven koncept koj ne moze da izrodi nisto konstruktivno,bidejkji vo konstruktivnosta nema samozadovolnost a negovoto pisuvanje bes samozadovolostvo nema smisla.
Tokmu taa potreba od kontinuirana od samozadovolnost e izvorot na negovata telesna i duhovna neplodnost.Intelektualizmot kako kich odnos kon estetikata,etikata i erotikata sadskrien zad efektnata nacitanost ne moze da ponudi resenija ,nitu da se valorizira kako opstestvena "sovest" ili "razum" bidejkji primordijalnite motivi se egocentricni i intimno  frustrirani.
Drzava,semejstvo, prijatelstvo ne se sozdava nitu se neguva so inelekualisticen egzibkicionizam citaj :egoizam.
Ako vekje misli deka Gruevski moze da se smeni so krv neka ja polozi najprvo svojata,makar i od grebanica a ne da se zadskriva zad drugovata ludost i besmisla i od seirdziska distanca sadisticki da se samozadovoluva.
Nikola,ako veruvase vistinski,ti drzese mashki ili beshe toj sa koj se pretstavuvas nemase da brborish tuku kje se borish.
Vaka si sepak samo ona shto si.
 
Gjorgji Todoroski
 
 
 
 
 
 

"Tokmu taa potreba od

"Tokmu taa potreba od kontinuirana od samozadovolnost e izvorot na negovata telesna i duhovna neplodnost.Intelektualizmot kako kich odnos kon estetikata,etikata i erotikata sadskrien zad efektnata nacitanost ne moze da ponudi resenija ,nitu da se valorizira kako opstestvena "sovest" ili "razum" bidejkji primordijalnite motivi se egocentricni i intimno  frustrirani."
Само ти си знаеш што си сакал да кажеш со ова пријатељу! Не дека не ти го разбираме вокабуларот кој очигледно целел кон непотребна помпезност која бара внимание. За да судиш дека нечии мотиви се интимно фрустрирани веројатно треба да си личен психолог на личноста на која се обраќаш, евентуално многу добар пријател. Во случајов не мислам дека е така.  
Тешко дека садизам е возможен, освен кај оние кои уживаат апсолутна власт во секој сегмент од општествово.
 

Вакви типоси ко Gjorgji

Вакви типоси ко Gjorgji (Todoroski) само за у хорор филм.
Фала ти, (интернет) мајко, што изроди вакви психопати, за чоек се’ да има на едно место: ем политика, ем теорија, ем естетика, ем автентични („телесно и духовно плодни“) манијаци.
Гелевски маа у сред среде: у патолошкото јадро на партијата околу која психопатите (налик на Gjorgi) се лепат ко бумбари околу сијалица. Ради тоа лудациве се осеќаат повикани директ да го траснат своето незауздано (плодно) лудило. Јака ти душа, Гелевски. Јас пред вакви манијаци и пред тв покривам глава со ќебе. Изглеа дојовме на тоа дереџе сите, ко неумни, да се криеме под ќебе пред лудациве.
 
 

Шо е бе ова конкурс за

Шо е бе ова конкурс за најдобар пропаганден партиски текст... Ај море сиктер таму да не ви ја викнам Лени Рифенштал па да видиме чиј партиски лидер црну вуну преде.

Јаки психолози ова не можат

Јаки психолози ова не можат да го разрешат. Гелевски сам си пишува сам си коментира и зборува самиот за себе во трето лице. партиските војничиња исто така. Психолозите раце би трлале да им понуди некој вакви случаи.

Баш во новиот Глобус има еден

Баш во новиот Глобус има еден текст за воејеризмот, инспириран од актуелна изложба во Тејт галеријата во Лондон. Најславниот фотограф на ѕиркачите се вика Кохеи Јошијуки и користи специјален инфрацрвен флеш за да ги фати манијаците по паркови. Последниов коментар баш личи на некој таков типац, што долазил низ тревата оти шушнало нешто „сексуално“... Или само помирисал крв? Јебеш земја со толку безделници и воајери!

Еве линк до сликите на Јошијуки:

http://www.google.com/images?hl=en&client=firefox-a&hs=645&rls=org.mozil...

Предлог за следна колумна

Предлог за следна колумна Груевски = Пол Пот. После Груевски = Иди Амин. И после можеш да идеш на одмор у ГРЧКА!

Гелевски мајстор си за

Гелевски мајстор си за цитати. Но тоа нема да го смени чувството дека стана досаден до немајкаде. Ако сам не приметуваш изброј колку псевдоними користиш, а колку од нив инспирираат коментари од повеќе од еден човек. И ова е коментар од војаер кој се согласува со твоето мислење. Ама пристапот ти е забеган одамна. Свежината и остриот јазик по кој си препознатлив (или барем беше) и поради кој те читавме ти е туѓ во последно време, за жал. Едно е да си им досаден на партиските војничиња, ама сосема друго е кога „твоите“ ќе почнат да се чувствуваат потценети. А во последно време твоите колумни тоа чувство ми го раѓаат. Јас само да си се пожалам, не мора воопшто да го прифаќаш или размислуваш за тоа. Терај, можеби само фаза ти е, па ќе се посреќиме откако ќе ти помине.

Слични статии

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото