Бесплатен стрип „Под надзор“

14.07.2010 11:05
Под надзор

Членовите на Пинг.мк имаат прилика да се пријават да добијат бесплатен примерок од стрип-албумот за приватноста „Под надзор“ (на англиски јазик) издаден од асоцијацијата ЕДРИ - Европски дигитални права чиј член е Фондацијата Метаморфозис.

За да си обезбедите примерок од стрипот доволно е да оставите коментар на овој линк и да кажете од каде би сакале да го подигнете. Вашиот бесплатен примерок ќе биде однесен до избраната локација и ќе ве чека да го подигнете.

Дистрибуцијата е овозможена од страна на следните институции, организации и фирми во текот на нивното работно време:

Во Скопје

* Фондација Метаморфозис, ул. Апостол Гусларот 40 (мапа) секој работен ден помеѓу 9 и 17 часот

* Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје, Оддел за британска литература, бул. „Партизански одреди“ бр. 22

* Книжарница „Икона“ на ул. „Димитрие Чуповски“ (спроти Мекдоналдс), секој работен ден и сабота помеѓу 9 и 21 часот, во недела од 12 до 21 часот.


Во Велес

* Фондација „Фокус“, ул. „Трајко Панов“ бр. 22


Во Дебар

* Центар за одржлив развој на заедницата - Дебар, ул. „Вељко Влаховиќ“ бр. 13 во Центарот за култура Дебар


Во Кичево

* Центар за развој на заедницата - Кичево, ул. 11 септември бб, зграда Сушица


Во Кратово

* ЗГ „Регионален центар за одржлив развој - Кратово“ ул. „Гоце Делчев“ бр. 24


Количината на хартиени стрипови е ограничена на 33 и ќе бидат поделени според принципот „кој попрв се пријави, тој добива“.

Оние кои нема да успеат да си резервираат примерок на хартија, може да го симнат стрипот во ПДФ-формат на англиски или француски јазик.

Слични статии

Стрип

ОкоБоли главаВицФото