Тајната на совршеното ракување

16.07.2010 11:57
Тајната на совршеното ракување

Просечен човек го прави тоа околу 15 илјади пати за време на неговиот живот. Но, барем една петина од луѓето на земјата - оние кои се левучари – се загрижени дека тоа го прават погрешно.

Ракувањето е симбол на пријателство и посветеност што трае низ вековите. Археолошките докази покажуваат дека луѓето запечатувале договори со ракување уште од пред две илјади години.

Истражување спроведено од Универзитетот Манчестер во Британија откри дека повеќе од две третини од луѓето немаат голема самодоверба кога се ракуваат.

Всушност, оваа непријатност на еден или друг начин сме ја искусиле сите ние - испотената дланка, неподвижен глужд или, пак, уште полошо – силното зграпчување и стегање на раката.
Еве зошто еден британски професор измисли формула за совршеното ракување.

Професорот Џефри Бети идентификуваше 12 фактори кои овозможуваат да се подобри квалитетот на ракувањето. Така тој дојде до формулата за СР - или Формула за Совршено Ракување.

SR = x:y x (2+z)+.....

И ако со ова работите не стануваат појасни, тогаш еве го советот на Бети преведен на разбирлив јазик: фатете ја дланката на со-ракувачот целосно и стиснете ја, протресете ја три пати и држете ја максимум три секунди пред да ја пуштите. Одржете контакт со очите. И најважно од сè, направете го тоа со десната рака.

Извор: BBC

Слични статии

ОкоБоли главаВицФото