Kaмен театар

26.07.2010 10:26
Камен театар

На брегот на реката Сегра, близу самиот центар на градот Леида, Шпанија, се наоѓа зградата La Llotja. Станува збор за театар и конференциски центар со соодветни содржини, најнов изведен проект на холандското студио Mecanoo architects.

Планината со историски важната катедрала Seu Vella, која се извишува над градот, и споменатата река Сегре, ги обележуваат највисоката и најниската точка на планинскиот пејзаж на кој лежи Леида, вториот по големина град во шпанската покраина Каталонија, по Барселона.

Пејзажот околу градот авторите го толкуваат како возбудлива сценографија која ќе „извира“ во позадината на новото архитектонско здание, сместено на брегот, но сепак малку оддалечено од реката. Поставувањето на новиот објект во споменатата сценографија е засновано на три различни мерила. Како прво, од еден поширок аспект, од гледна точка на регионот, зградата претставува своевиден спој меѓу реката и планината. Од гледна точка на градот, La Llotja и реката прават заедничка целина, урамнотежена композиција, додека од гледна точка на улицата, конзолните линии на зградата обликуваат јавен накривен простор, штитејќи ги минувачите од сонцето или дождот, а каменот со кој е обложена фасадата на центарот изгледа како да никнал од шпанската земја, објаснуваат авторите.

За повеќе информации околу театарот, кликнете овде.

Слични статии

Култура
Култура

ОкоБоли главаВицФото