Создавање нова Атлантида

05.08.2010 11:57
Создавање нова Атлантида

За да ја истражи врската меѓу уметноста и околината, британскиот уметник Џејсон де Керис Тејлор создава импресивни вештачки гребени – од скулптури.

Во постојаниот процес на триење кој го предизвикуваат морските струи, заедно со мешањето на песокот од морското дно и постојаниот раст на коралите и алгите, веќе самото набљудување на скулптурите бара поголем напор. Подводните скулптури на Тејлор се осмислени како вештачки живеалишта за морскиот животински и растителен свет за да ги прифатат преобразбите настанати од еколошките процеси.

 

Уметникот се занимава со можностите на самоодржливата иднина, прикажувајќи ја човековата интервенција во околината како позитивна и афирмативна. Станува збор за дела кои поттикнуваат оптимизам во врска со самообновливата и трансформативна природа. Иако твори во традицијата на фигуративната скулпура, овој уметник сака да нè поттикне на размислување вон рамките на уметничкиот свет.

 

Тејлор уште во 2006 г. доби меѓународно признание кога го осмисли првиот подводен парк во Гренада во кој се наоѓаат неколку бетонски скулптури во човечка големина. Оттогаш тој интензивно работи на подводниот музеј во водите покрај Канкун, Ила Мухереса и Пунта Низука во Мексико. Проектот ќе содржи повеќе од 400 скулптури и со тоа ќе стане најголемата и најамбициозната подводна вештачка атракција.

 

 

Џејсон де Керис Тејлор е скулптор, инструктор по нуркање и наградуван подводен фотограф со повеќе од 14 години нуркачко искуство.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Повеќе за него ќе најдете овде.

Слични статии

Култура

ОкоБоли главаВицФото