Мастурбацијата е добра за вашето здравје

05.08.2010 11:11
Мастурбацијата е добра за вашето здравје

„Мастурбацијата е секс со некој кој го сакате“, изјавил Вуди Ален во една прилика. Од друга страна, многу жени чувствуваат срам поради самозадоволувањето. Не само што оваа активност е во ред, туку постои и голема здравствена корист од истата.

Добар дел од жените се воспитани да гледаат на самозадоволувањето како на нешто валкано, срамно или непријатно. Додека мастурбацијата се смета за нешто сосем вообичаено за мажите, таа сè уште претставува табу тема за жените. Истражувањата покажаа дека не само што не е погрешна, туку и навистина може да има далекусежни позитивни последици по вашето здравје.

Се разбира, првичната причина за самозадоволувањето е оргазмот. Тоа може да биде важно средство, бидејќи претставува најлесен и најдобар начин жената да се чувствува пријатно во сопственото тело. Колку повеќе сте свесни за сопствените телесни потреби, толку подобро ќе можете да комуницирате со вашиот партнер, што може да доведе до подобар сексуален живот за обајцата.

Освен подобрувањето на способностите за постигнување оргазам, самозадоволувањето може да има и други погодности.

Како прво, мастурбацијата е еден од најлесните, најбезбедните и најпријатните начини за ублажување на стресот. Може да ви помогне во подобрување на расположението, бидејќи хормоните кои се ослободуваат за време на оргазмот можат да предизвикаат силно чувство на среќа и задоволство.

Истите хормони, исто така, можат да помогнат во олеснување на одредени телесни непријатности, како грчевите и ПМС раздразнетоста, а во некои случаи и при главоболка и мигрена.

Додека мастурбацијата сама по себе претставува задоволство, таа исто така може да има позитивен ефект и на вашиот партнер. Некои луѓе се возбудуваат додека го гледаат партнерот како мастурбира, а подобрата претстава за тоа што ви пружа задоволство може да му помогне на вашиот партнер за време на сексот.

И можеби најбитната работа за самозадоволувањето што секоја жена треба да ја знае е – дека тоа не е нешто поради кое треба да се чувствува вина. Самозадоволувањето може да биде една од најважните работи кои некогаш ќе ги сторите за себе си. Затоа, не се срамете и уживајте!

Извор: Intimate Medicine

Слични статии

Уживање

ОкоБоли главаВицФото