
За напуштените градови во кои многу згради и цели улични структури со години и децении зјаат празни пишувавме овде.

Еден од споменатите градови, Колманоскоп во Намибиската пустина, или поточно, ентериерите на напуштените градби во тој град, беа инспирација за серијата фотографии на шпанскиот фотограф Алваро Санчез Монтањесо.

Во својот проект наречен „Desert indoors“ тој ги документираше ентериерите на напуштените куќи од населбата која, привлечени од потрагата по дијаманти, во 1908 г. ја изградиле холандски доселеници. Кога во 1956 г. наоѓалиштето „пресушило“, куќите и градот биле напуштени.

Десетици години подоцна станаа туристичка атракција, а мотивите на фотографиите на Монтањесо ја прикажуваат внатрешноста на градбите чии простории целосно или делумно се прекриени со пустинскиот песок. Сликите делуваат апокалиптично, но сепак се прекрасни, документирајќи ја изолацијата, самотијата и волшебната загадочност. Повеќе дела од овој уметник погледнете овде.





Неодоливо потсеќа на
Испратено на 10 август 2010 од Џиги МигиНеодоливо потсеќа на Македонија, и овој прилог, и претходниот, „Градови во кои живеат духови“. Песокот е вемерото. Продира сегде дур се’ не опустоши и дур целиот простор не им биде препуштен нив, сосе нивните мочани споменици. Држава на зомбии, на песок и на споменици - мк. Фала, Окнаши, за суптилните асоцијации...