Холивуд и пушењето

07.05.2009 14:17
Пушаџии

Пред нешто повеќе од една година MPAA (Motion Picture Association of America) најави дека пушењето, покрај сексот и пцовките, ќе се зема предвид при давање рестриктивни ознаки за филмовите.

Овие ознаки ќе претставуваат предупредување за гледачите и загрижените родители дека во филмот се величи пушењето. Сите филмови во кои ќе се прикажува пушењето ќе треба да ја носат ознаката R, така што ќе можат да ги гледаат само лица постари од 17 години. Либералните групи сметаа дека ваквите забрани се смешни и дека ризикот некое дете да запали цигара по гледањето филм во кој се пуши, всушност, е „цената на слободата“.
 

Групите за забрана на пушењето вршат голем притисок тоа да се земе предвид при давање ознаки на филмовите. Овие групи веќе успеаја да издејствуваат забрана за пушење во баровите, рестораните и останатите јавни места. Сега и Холивуд се најде под нивен удар. Тие бараат секој филм во кој се гледа цигара да се означи со R.
 

Во периодот од јули 2004 и јули 2006, бројот на филмови во кои се пуши е намален од 60% на 52%. Во тој период дури 75% од филмовите во кои се користат цигари се означени со R. Острата ознака не ја добија само филмовите во кои се прикажуваат историските личности бидејќи таму пушењето се доживува како „историски факт“ или оние кои пушењето го прикажуваат како „опасно по здравјето“.
 

Изгледа дека страсната љубов помеѓу Холивуд и цигарите постепено ќе изгасне. Како би изгледале денес филмовите со Марлен Дитрих, Бет Дејвис, Хемфри Богарт, Одри Хепберн или Џејмс Дин? Или што ќе прави во иднина Џемс Бонд? Веќе го натераа на моногамија, му го напалија пиењето, а сега сакаат да му ги одземат и цигарите.
 

Се плашиме дека репликата „Има ли некој запалка?“ сè помалку ќе се користи во филмовите.
 

Филмови со најмногу тутунски чад се „Совршено невреме“ и „Господарот на прстените: дружината на прстенот“. Глумец кој најмногу пуши во своите филмови е Бред Пит кој досега запалил 42 пати, а на второ место е Николас Кејџ со 37 пати.

Извор: Танјуг

 

 

Слични статии

ОкоБоли главаВицФото