Абнормална убавина

12.08.2010 11:58
Абнормална убавина

Младиот британски уметник и фотограф Стиви Поксон во еден од сегментите на своето портфолио, кое можете да го погледнете овде, се занимава со создавање оригинални колажи.

Навидум тие делуваат како шарени ѕидни тапети со различни шаблони кои се повторуваат, но всушност тоа претставуваат скенирани нешта од неретко бизарен карактер.

Поксон како „фотографски запис“ користи едноставна метода на скенирање, чии производи потоа ги колажира и мултиплицира, а актерите кои се нашле на скенерот, а подоцна и на делата на уметникот, се едноставни елементи како цветови, лисја или пеперутки искомбинирани со бизарни нешта како коски, мртви глувци или животински утроби.

Овие дела се насловени како „Абнормална убавина“ и го спојуваат неспоивото, па оригиналните колажи се украсени од неверјатни комбинации како, на пример, скенирана слика на мозок во контраст со низа фасцинантни пеперутки.

Слични статии

ОкоБоли главаВицФото