Пристапница до ВМРО, втор дел

13.08.2010 09:57
Пристапница до ВМРО, втор дел

Како партијата ги филтрира своите брилијантни кадри? Со пополнување пристапница. Го објавуваме второто продолжение од вкупно четириесетината прашања и одговори од пристапницата.

Потекнувам од:

а) некомунистичко семејство
б) од најстарата раса на светот
в) самата партија

За партијата можам да бидам:

а) лизгачки шкарт
б) доушник
в) спин доктор

Кој талент би сакале да го имате:

а) да можам да го воспеам пастирот
б) да бидам што поневидлив
в) да можам да ги скријам ниските побуди со високи начела

Ако треба, за партијата:

а) ќе му го дувнам у фаца кокаинот на Бранко Црвенковски
б) ќе се фрлам во Вардар, сосе пљачки, ако нареди штабот
в) ќе се мачкам со вазелин и ќе се посипувам со пепел

Она што најмногу ме импресионирало во досегашното дејствување на ВМРО:

а) клетвите на Ѓорге Иванов
б) „Скопје 2014“
в) Бранко Црвенковски

НОБ го разбирам како:

а) комуњарски светски заговор
б) југословенска измама
в) продолжение на Илинденското востание

Илинден го разбирам како:

а) народен бунт
б) бугарски дворски игри
в) измама на Македонците

Социјализмот беше:

а) одгледувалиште на социјалистичката буржоазија
б) почеток на македонската држава
в) дегенерација на македонизмот низ југословенството

Ми се случува да ми се причини:

а) Александар Македонски
б) македонски германски овчар
в) македонска шведска маса

Кога ВМРО би било драма од Горан Стефановски, би била:

а) Лет во место
б) Црна дупка
в) Тетовирани души

„Скопје 2014“ е:

а) градителски триумф на пастирот
б) потврда на нашиот антички идентитет
в) закопување на Скопје (според теркот: „Љубчо го подигна крстот, а Грујо ја раскопа земјата“; се чека уште црквата)

ЕУ е:

а) „Вавилонска блудница“
б) традиционален распарчувач на Македонија
в) матна и неостварлива цел на предавниците и соросоидите

Особено ја ценам пословицата од Пандалф Вулкански:

а) Тивка урина брег урива.
б) Ура! Ураган нек ја сјебе оваа уравниловка! (па и ураниумот нек проработи, ако треба...)
в) Твртко, вртко, ртко, ко „О“ изгледаш!

Што, според вас, би била најголема политичка несреќа:

а) Ако Б. Ц. ги добие изборите
б) Ако го решиме проблемот со името со разумен компромис
в) Ако се национализира (т.е. заплени) имотот на фамилијата

Вашиот сон за среќа е:

а) 30-метарски споменик на Александар Велики
б) фрлање лопати (како и мавање со истите, особено врз главите на неверниците)
в) Ако се национализира (т.е. заплени) имотот на фамилијата

Вашата главна мана е:

а) Не се плашам да кажам што мислам. Се плашам да мислам
б) На пример, дека: ВМРО е уточиште за најтврдите комуњари
в) Под невмровска власт, несвесното (види под б) чудно ми станува свесно

Најмногу мразите:

а) кога доаѓам на македонската шведска маса - а се’ е изедено
б) кога не ми даваат и јас да ја брцнам раката во теглата со мед
в) кога ми викаат дека мене редот ќе ми дојде во следниот мандат

Сметам дека според програмата ВМРО денес е:

а) народна партија
б) партија на природниот закон
в) партија надвор од законот

Како ја гледам партијата за 20 години:

а) под водство на доживотниот водач
б) како дух (што се привикува на маса, со баење)
в) како добро разработено претпријатие

Верувам дека со помош на политиката:

а) некои луѓе можеш да ги мавтосуваш постојано
б) мнозинството луѓе можеш да ги мавтосуваш одредено време
в) сите Македонци можеш да ги мавтосуваш неограничено

Која е моментната состојба на вашиот ум:

а) заебан е прашалников
б) важна е верноста кон пастирот, другото мање-више...
в) се надевам дека немам премногу погрешни одговори

Извор: Глобус

За првиот дел, кликнете овде.

ПРЕДОБРОООО :))))

ПРЕДОБРОООО :))))

kolja mozhesh ti i

kolja mozhesh ti i podobro...ali aj ke ima i tret del sigurno

Генијално! Посебно ми се

Генијално! Посебно ми се свиѓа финтата со заплената на имотот на фамилијата:))
Што, според вас, би била најголема политичка несреќа:
а) Ако Б. Ц. ги добие изборите
б) Ако го решиме проблемот со името со разумен компромис
в) Ако се национализира (т.е. заплени) имотот на фамилијата
Вашиот сон за среќа е:
а) 30-метарски споменик на Александар Велики
б) фрлање лопати (како и мавање со истите, особено врз главите на неверниците)
в) Ако се национализира (т.е. заплени) имотот на фамилијата

 Треба да си особено

 Треба да си особено самобендисан да направиш втор дел на нешто што и во првиот дел беше далеку од смешно. 

Ептем поддржувам креативност,

Ептем поддржувам креативност, хумор и подјебавање на мрачните тоталитарни моќници! Честитки за авторот! Моите омилени точки од пристапницата се следниве три (посебно е атрактивна парафразата на Линколн):
Она што најмногу ме импресионирало во досегашното дејствување на ВМРО:
а) клетвите на Ѓорге Иванов
б) „Скопје 2014“
в) Бранко Црвенковски
Ми се случува да ми се причини:
а) Александар Македонски
б) македонски германски овчар
в) македонска шведска маса
Верувам дека со помош на политиката:
а) некои луѓе можеш да ги мавтосуваш постојано
б) мнозинството луѓе можеш да ги мавтосуваш одредено време
в) сите Македонци можеш да ги мавтосуваш неограничено

ВМРОвецот нема смисла за

ВМРОвецот нема смисла за хумор. Таа особина непогрешиво ги разоткрива. Дежурен е пример. Уствари се греота, ко ќе вииш. Мачеле мачиња, ко мали, тоа им било смешно. И тоа како шипосите смрдат и мочаат врз семки, а циганите крадат. Тоа ем е смешно, ем е јака општествена согледба. Нема везе. Да кажам ја еден виц што неодоливо ја објаснува до коска заринканата (у туѓи цеваници, додуше, во очај&крв&пот) преродба. Вицот и се вика Преродба во сто чекори:
Директор на фирма ја вика секретарката и и’ вели: „Ајде, спреми се, одиме една недела на службен пат во странство...“
Секретарката, по враќањето дома, го информира мажот: „Мили, морам со шефот на пат една недела, ќе мораш самиот да се грижиш...“
Мажот ја информира швалерката: „Жена ми ќе биде на пат цела недела, ќе бидеме заедно тоа време...“
Швалерката го информира својот ученик кому дава часови по математика: „Ќе бидам мошне зафатена, имам многу работа и ќе паузираме една недела...“
Ученикот целиот среќен го информира својот дедо: „Дедо, дедо, ќе бидам слободен цела недела и немам часови, оти наставничката ми е зафатена; ајде да одиме по риба...“
Но испаѓа дека дедото е директорот на фирмата. Тој повторно ја вика секретарката: „Планот е променет, внук ми ме моли со него да ја поминам неделава...“
Секретарката го вика својот маж: „Мили, мојот шеф е зафатен, службениот пат е откажан...“
Мажот ја вика швалерката: „Нема да можеме неделава, жена ми го откажа патот...“
Швалерката го повикува ученикот: „Продолжуваме со часовите по стариот распоред!“
Ученикот го вика својот дедо: „Дедо, наставничката продолжува со наставата, не можам да ти правам друштво...“
Дедото пак ја вика секретарката: „Не се секирај, сепак ќе патуваме неделава. Спремај работите...“
 

 Мрачните тоталитарци бла бла

 Мрачните тоталитарци бла бла бла бла бла. А дома чувате слика од Тито. Море марш. 
 
P.S. Вицот нема врска со никаква преродба или политика, што само по себе говори дека во се наоѓаш политика (т.е. омраза кон ВМРО-ДПМНЕ) што е за жалење. Мачки имам неколку одгледано ако тоа е врвниот доказ за благородноста на една личност. Интересното е што некој што без да знае ништо генерализира - ВМРОвец мачител на животни (хаха ова ви е ново), а во следната реченица ни објаснува како не е убаво да се генерализира (тука веќе е со полно разбирање за АЛБАНЕЦОТ од рашче кој мириса на убава домашна овца и уште поголемо разбирање за РОМИТЕ кои ја сочинуваат 50% од затворската популација). Тоа е проблемот со вас, ви недостигаат факти и логика. И затоа никој не ве есапи. 

 Odamna ne sum go posetil

 Odamna ne sum go posetil Okno zatoa shto edno vreme pocna da stanuva naporno kako i sekoj drug medium so politika...
Na pocetokot mislev deka ke prerasne vo vistinsko mesto za spodeluvanje na umetnost i kultura..
Se pogolemi i pogolemi razocaruvanja...
Tazno!

Значи, Дежурен, две третини

Значи, Дежурен, две третини ти го погодив профилот: циганите се шкарт (ко и црнците, види затвори), а шиптарите смрдат. Сум згрешил само во тоа дека ко дете не си бесел мачки.
Чудо како сте предвидливи и какви бедници сте, вмровските стаорци, исто ко следниот коментаторски штакор со истата мочана матрица за која (од вкупно две-трите со кои барата центарот за комуникации) овде е пишувано: се’ што се спротиставува на монструозното владеење на фамилијата е невкусно политизирано, под ниво и треба да се избегнува („одамна не сум го посетил Окно, ама искрено да да ви кажам многу сум разочаран, многу е политизирано и пристрасно“ и слични мајмунлаци). Вашето владеење е пошаст (опустошување, чума, скакулци во комбинација со наезда од нилски комарци) за мк. Бидејќи во моментов сум во странство, оттука погледот е уште подобар: несфатливо е колку мк е заостаната и сосема надвор од кои било цивилизациски матрици. Речиси среден век! Со илјадници луѓе кои умираат зашто немаат три иљади евра за операција. Со тотално растурени сите системи, од образование до култура. Мрак на земјата - мк. Еден од последните европски темни вилаети. Во кој разбашкарено владеат разбојниците на фамилијата со дувачката поддршка од нејаките атрофирани гради (на  вас коментаторчињата) што божем дуваат во мртвите едра на мртвиот брод.

 Брат,ова требаше да биди

 Брат,ова требаше да биди смешно?
Нема врска што партија си,ама ако не те бидува за хумор немој.

 Не знам што врска имаат

 Не знам што врска имаат шиптарите и циганите со мојот профил? За разлика од тебе не сум политички коректен и ги викам како што ги викам дома и не живеам во бајката на еднаквоста и такви-ми-ти глупости. Што се однесува до коментарите, коментирам само таму каде што има потреба - на места каде што организирано се напаѓа пред се патриотизмот и секој што не мисли како вас - хипиците или како да ве наречам не знам (Коља не е хипик он си се снашол му тече по некој денар за ова што го прави и задоволен е can`t blame him, right?). Тие изрази фамилијата, хаос,апокалипса, мракобесие к**р-се-тресе задржи ги за по митинзи, ако имате критика конструктивна кажете ја, очигледно е дека сајтов е сведен на обично плукање за секој потег на владата. Епа извини кога и ти плукаш (и тоа најголемите плукачи се добро платени за тоа што го прават) дозволи и ја да ти плукнам да биде позабавно и подемократски нели (зборот што го обожаваат најмногу рециклираните комунисти).
P.S. да го погодувам твојот профил? израснат во семејство кое немало баш пари али биле и се ортодоксни комуњари од карпош си завршил социологија и мислиш Господ за муда си го фатил, за викенди искачаш кај шо пушта музика Соња Исмаил облечен у маслинесто зелена-сиво-безлична облека и од време на време идеш да гледаш проекции на Коља. Повеќе од 2/3 е точно признај...признај пи@$#$%$@%%@ !

     Дежурен, не се нервирај.

     Дежурен, не се нервирај. Во право си.
Ние другиве граѓани сме криви. Криви сме му нешто на Бога што ни се случивте. Мора да е поголем грев, не е само баксуз. Така ни треба. Вие  да ни пишувате историја, да ни изработувате газди, идеолози. Да ве гледаме на ТВ, да ве гледаме во музеи, да ве читаме на блогови. Да не може да се вработиме ако не сме  од вашите. Да немаме своја приватност. Да ни правите психолошки портрети, море и лоботомија ако треба.   Така му треба на овој  народ.
Има ли отстапница Гелевски? За оној кој не сака пристапница.
 

Кога нема што да се каже

Кога нема што да се каже следува иронија. How gay is that.

Слични статии

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото