Која нација доживува најмногу оргазми

13.08.2010 10:04
Која нација доживува најмногу оргазми

Ќе започнеме со оние кои немаат толку добри резултати кај оргазмите. Според Reuters, најголемиот дел од Кинезите (76%) имаат проблеми во врска со доживувањето оргазам за време на сексуалниот однос.

Со оглед на силниот подем на Кина на речиси сите полиња, се претпоставува дека причината за ваквата висока бројка е стресот кој го наметнува сменетиот ритам на живеење.

Според истражувањата спроведени од страна на Durex, на врвот на листата на најуспешни љубовници, со најмногу оргазми во просек, се наоѓаат Шпанците, Италијанците и Мексиканците. Во сексуалните односи што ги имаат овие нации оргазам доживуваат дури 66% од луѓето.

После нив следат најголемите романтичари на светот, Французите, со 48%.

На најдолното место, покрај Кинезите, се наоѓаат и жителите на другите азиски земји, како Јапонците и Сингапурците. Дефинитивно забрзаниот економски напредок има влијание врз сексуалниот живот и воопшто, врз луѓето!

Според истражувањето, најдобриот начин да се постигне оргазам и силен интензитет на сексуалниот чин е долгата предигра и силната емотивна приврзаност. А со денешниот начин на живот, мораме да бидеме искрени, тоа потешко се постигнува. Бидејќи поретко доживуваат оргазам од мажите, жените претпочитаат самозадоволување кое секогаш им пружа совршено задоволство. Од друга страна, пак, мажите сè уште претпочитаат сексуален однос со партнер наместо мастурбирање на само.

Извор: Intimate Medicine

Слични статии

ОкоБоли главаВицФото