Достојна замена за Сопранови

16.08.2010 13:23
Достојна замена за Сопранови

За сите оние кои сè уште го оплакуваат завршувањето на „Сопранови“, кабелската телевизија HBO есенва, три години по последната епизода на оваа серија, ќе понуди достојна замена и ќе ја пополни празнината која настана откако семејството Сопранови си заминаа од ТВ екраните.

Имено, од 19 септември започнува новиот проект на Теренс Винтер, сценаристот на „Сопранови“ кој за оваа серија доби Еми награда, и кој ја адаптираше книгата на Нелосн Џонсон „Boardwalk Empire: The Birth, High Times, and Corruption of Atlantic City” и ја претвори во истоимена серија чија прва епизода ја режираше оскаровецот Мартин Скорсезе.

Дејствието во „Boardwalk Empire” се заснова на вистинита приказна и го следи подемот и падот на Енок Наки Томпсон, кој го глуми Стив Бушеми. Наки Томпсон бил бескрупулозен и немилосрден политичар кој за време на прохибицијата соработувал со мафијашките шефови Арнолд Ротштејн, Џим Колосимо, Лаки Лучијано и Ал Капоне, и го претворил Атлантик Сити во центар на незаконската трговија со алкохол.

Во пилот-епизодата на овој амбициозен проект се вложени 50 милиони долари, а биле ангажирани и историчари за да и’ се додаде дополнителна автентичност на серијата.

Слични статии

ОкоБоли главаВицФото