Табу: анален секс

17.08.2010 10:21
Табу: анален секс

Од сите сексуални активности, аналниот секс предизвикува најмногу страв и погрешни сфаќања. Наспроти статистичките податоци кои велат дека речиси секоја четврта жена пробала анален секс, оваа активност и понатаму претставува табу тема, посебно меѓу понежниот пол.

Многу жении воопшто не сакаат да пробаат анален секс бидејќи своето знаење за него го засноваат на митови и погрешни сфаќања. Но со малку истражување, не е тешко да се сфати дека и во аналниот секс може да се ужива. Анусот е преполн со чувствителни нерви и претставува една од најинтензивните ерогени зони. Секаква стимулација на анусот може да предизвика силно чувство на задоволство. Затоа, пред целосно да го отфрлите аналниот секс, прочитајте кои митови го следат и зошто се погрешни.

Мит: аналниот секс е валкан

За вагините се пишувани и песни, додека за анусот секогаш се поврзуваат груби и валкани зборови. Ако одржувате нормална хигиена на телото, анусот ќе биде чист како и секој друг дел од телото. Вистина е дека анусот содржи некои свои специфични бактерии кои му служат за заштита. Токму затоа не се препорачува првин анален, а потоа и вагинален секс, бидејќи тоа може да предизвика вагинална инфекција.

Мит: аналниот секс е болен

Не постои никаква причина аналниот секс да биде болен, ако сè правите онака како што треба. Ако ги научите сите техники пред да започнете со експериментирањето, би можеле силно да уживате во аналниот секс. И се разбира, мора при рака да ви се најде подмачкувач.

Мит: аналниот секс е штетен и нездрав

Многу жени се плашат дека аналниот секс ќе им предизвика хемородоиди, пукнатини или други оштетувања. Некои дури се плашат дека аналниот секс ќе им предизвика инконтиненција и дека до крајот на животот ќе мораат да носат пелени за возрасни. Вообичаениот анален секс не го оштетува анусот, ни ректумот.

Ако вашиот партнер е здрав, не постои причина за страв. Сепак, не треба да се впуштате во анален секс со лице кое не го познавате доволно и за кое не сте сигурни дека е здраво.

Мит: аналниот секс е перверзен и неприроден чин

Аналниот секс се практикува со векови, но дури последниве години за него се зборува јавно. Во некои култури, жените се впуштаат во анален секс поради задоволство и уживање, а воедно девственоста им останува недопрена. Впрочем, тешко е да се зборува за тоа шшто е неприродно, а што не е. Тоа зависи од секој човек и вие самите морате да одлучите што е природно и нормално за вас. Запомнете, вашата сексуалност се наоѓа во ваши раце.

Мит: аналниот секс е само за хомосексуалци

Аналниот секс долго време се сметаше резервиран само за хомосексуалците. Меѓутоа, факт е дека во аналниот секс уживаат и многу хетеросексуални двојки.

Аналниот секс е само еден од начините на кои луѓето можат да го практикуваат сексот и да уживаат во него. Тој нема никаква врска со сексуалното определување. Кога се работи за сексот, правете ги само оние нешта кои ви причинуваат задоволство. Аналниот секс никогаш нема да биде добар ако на него ве присили вашиот партнер. Изборот е ваш.

Извор: B92

Слични статии

Уживање

ОкоБоли главаВицФото