13 факти за Википедија

17.08.2010 12:51
13 факти за Википедија

Можеби Википедија претставува најамбициозниот интернет изум последнава деценија. Оваа енциклопедија постојано се полни со информации од страна на анонимни поединци и со текот на годините од обична шега се претвори во извор на веродостојни информации.

1. Википедија е основана 2001 година од страна на Џими Вејлс и Лери Сангер.

2. Името „Википедија“ претставува комбинација од зборовите Wiki (што значи интернет страница која се споделува) и pedia (кратенка од енциклопедија).

3. Во моментов Википедија има статии на 260 јазици. „Секс“ е најпопуларниот збор во сите јазици на Википедија, освен во францускиот и шпанскиот.

4. Секоја година страниците на Википедија имаат околу 684 милиони посети.

5. Лошото време придонесува за пишување повеќе статии на Википедија. Затоа данската Википедија има повеќе прилози од шпанската.

6. Википедија на англиски јазик има повеќе од 3 милиони статии. Следат: германската (1.08 милиони), француската (958 000), италијанската (697 000) и шпанската (608 000). Македонската Википедија, пак, во мај годинава имала нешто над 41 000 статија.

7. На Википедија нема реклами.

8. Членовите на Википедија заедницата се нарекуваат Википедијци. Но сепак, секој може да уредува статии и текстови на оваа енциклопедија.

9. Целта на Википедија е да ги направи достапни сите информации во светот на сите јазици.

10. На Википедија не постои цензура, но текстовите мораат да се повикуваат на одредени референци: енциклопедиски, неутрални и веродостојни.

11. Состав на уредувачите на Википедија: 19% од нив имаат магистратура, 4,4% се доктори на науки, 13% од уредувачите се жени, 73% од нив ги уредуваат текстовите бидејќи им се допаѓа идејата за споделување, 69% од нив уредуваат за да ги исправат грешките. Само 31% од читателите на Википедија се жени.

12. Едно истражување покажа дека во 2002 г. имало само 0,2% жртви на намерно искривување на фактите. Во 2009 г. тој процент се зголемил на 7,7%.

13. Едно друго истражување од 2008 г. ја спореди точноста на сегашните статии на Википедија со слични статии од Енциклопедија Британика, Речникот на американската историја и интернет страницата на Американската национална библиотека. Се покажа дека процентот на точноста на податоците на Википедија изнесува 80%, а на останатите меѓу 95-96%.

Википедија не е кредибилен

Википедија не е кредибилен извор на информации и ме чуди како интелектуалци од ваш ранг и понатаму ја промовираат.
Taa во никој случај не е вистинска енциклопедија, туку  е промашен ентузијастички проект, пропадната утопија. Во неа често се провлекуваат неточни или непроверени информации, дискутабилни „извори“ (а честопати извори воопшто и не се референцираат)
„Благодарејќи“ на можноста содржините да ги уредува било кој, Википедија е и тоа како подложна на злоупотреби од страна на разни лоби групи, agenda pushers, вандали итн., при што нејзините заштитни механизми и правила се честопати само мртво слово на хартија.
Бројни реномирани академици укажуваат за нејзините слабости, па дури и на самата Википедија има статија на тема Criticism of Wikipedia, а со таа тема се занимаваат и разни други публикации.
Википедија треба да се бојкотира, а не да се промовира! Особено треба да се спречува нејзино користење од страна на студентите, кои е време да фатат книга наместо да читаат Википедија, но за жал гледаме како таа се „референцира“ како „извор“ во енциклопедиите на МАНУ (!) или учебниците (!)

Википедија можеби не е многу

Википедија можеби не е многу кредибилен извор на информации меѓутоа е многупати побрз и поефикасен за разлика од темелот на едукацијата - книгата. Воопшто не сте во право со вашите ставови кон технологијата и интернетот, навистина е патетично да се бориме против нив. Технологијата треба многу повеќе да се афирмира во земјава и во светот и да се применува уште позасилено во сите насоки. Дефенитивно се потребни поголеми инвестиции во делот на интернетот, затоа што тој е иднината на комуникацијата и на знаењето. Човештвото нема да стигне далеку ако продолжи да ги користи печатените извори на знаење, поради едноставни причини како брзината и достапноста. Можете да ја критикувате Википедија колку што сакате, но во светот или барем во нашата земја постои апсолутна потреба од голема реформа во едукациониот систем, а тоа е имплементација на електронска база на знаење поврзана во мрежата на компјутери (за сега). Потребни се големи инвестиции за постигнување и усовршување на оваа цел, но општите придобивки се несомнено неизмерливи.

Препорачувам да се прочита

Препорачувам да се прочита текстот објавен на Окно под наслов: Студентите премногу му веруваат на Гугл

ОкоБоли главаВицФото