20 факти за Елвис Присли

18.08.2010 11:43
20 факти за Елвис Присли

Пред некој ден навршија 33 години од смртта на кралот на рокенролот, Елвис Присли. И после толку изминато време, неговите албуми сè уште се продаваат, што сведочи за неговата популарност. Ви претставуваме 20 познати и непознати факти од неговиот живот.

1. Елвис имал црн појас во карате.

2. На 21 декември 1970 г. Присли иницирал средба со тогашниот претседател на САД, Ричард Никсон. Во писмото што претходно му го испратил ја искажал својата желба да стане федерален агент за борба против дрогите.

3. Првото емитување на негова песна се случило во 1954 г. на радио-станицата од Мемфис WHBQ. Песната била “That’s All Right”/“Blue Moon of Kentucky”.

4. Луѓето од опкружувањето на Кралот на рокенролот биле познати како Мемфишка мафија. Секој член на оваа група имал дијаманти и златни прстени кои им биле дадени од страна на Елвис, со вгравирани букви TCB на златото. TCB било скратеница од „Take Care of Business“.

5. Ниеден од филмовите во кои глуми Елвис Присли не биле номинирани за која и да е категорија на Оскар. Елвис снимил 31 филм и 2 музички документарци.

6. Првиот јавен настап на Елвис бил на Мисисипи-Алабама натпреварот на Саемот на млечни производи. Младиот Присли се појавил на сцената и запеал облечен како каубоец, и морал да стои на столче за да досегне до микрофонот.

7. За време на својата музичка кариера Елвис снимил повеќе од 600 песни, но ниту една не била напишана од него.

8. Во своите тинејџерски години Елвис имал руса коса.

9. Присли освоил три Греми награди – за своите госпел албуми.

10. Настапил само на пет концерти вон САД – и сите биле во Канада, во 1957 г.

11. Последниот филм што го гледал во кино бил филмот „The Spy Who Loved Me“.

12. Во раните 1960-ти Елвис посвоил шимпанзо кое се викало Скатер.

13. Во 1954 г., кога Присли снимал некои свои рани песни во Сан студиото, тој се пријавил и на аудиција за аматерски госпел квартет, наречен Songfellows. Тие го одбиле.

14. На 30 јули 1954 г. Елвис настапил на едно од своите први појавувања пред публика во Мемфис. Имал толкава трема што неговите нозе почнале да се тресат. Облеката што ја носел таа вечер само дополнително го истакнувала неговото тресење. Девојките во публиката збеснале, и Елвис решил да ја вметне таа рутина со тресењето на нозете во своите идни настапи.

15. Крстеното име на Елвис било Elvis Aron Presley, но на неговиот надгробен споменик пишува Elvis Aaron Presley.

16. Не само што Присли бил директен потомок на прадедото на Абрахам Линколн, Исаија Харисон, туку и бил далечен роднина на претседателот на САД, Џими Картер.

17. Членовите на бендот Лед Цепелин биле огромни обожаватели на Елвис. Во 1973 г., кога имале турнеја низ САД, тие се сретнале со Кралот во Лос Анџелес. Цепелинците останале без зборови кога Елвис разменил злато и дијаманти во вредност од 5000 долари за рачниот часовник на едниот од членовите на Цепелин, Џон Пол Џонс, на кој имало слика од – Мики Маус.

18. Елвис собирал мермерни статуи од Венера и Јована Орленка.

19. Присли имал „мала“ колекција на оружје која броела 40 парчиња разновидни пиштоли и пушки.

20. Во 1973 г. Елвис Присли на боксерот Мухамед Али му подарил бела наметка која вредела 10 000 долари, на чија позадина пишувало „People’s Champion“. Али бил трогнат од овој потег и за возврат ја носел на 31 март тааа година, кога боксувал против Кен Нортон. Нортон му ја скршил вилицата на Али уште во втората рунда, по што Али се заколнал дека никогаш повторно нема да ја облече наметката. Сепак, овој настан не влијаел врз неговото пријателство со Кралот.

Извор: beembee.com

Слични статии

ОкоБоли главаВицФото