
Тоби Бароуз е австралиски фотограф, а за своите дела, освен низа награди и признанија, може да се пофали и со соработка со фотографските ѕвезди како што се Дејвид Бејли или покојниот Ричард Аведон. Во својот авторски опус, кој речиси секогаш е проникнат со минимализам и едноставност, никогаш стриктно не е насочен кон еден фотографски израз, туку снима портрети, пејзажи, рекламна фотографија, документарна фотографија и други мотиви. Неговата последна серија фотографии се нарекува Fallen, а како што самиот нагласува, во оваа серија ја проучува трагедијата и славењето, истражувајќи ја етеричната форма која лебди во безвременскиот пејзаж. Во фотографиите од оваа серија e инспириран од делата и мотивите на Пре-Рафаелитите. Личноста на неговите фотографии е талентирана и грациозна танчарка која експресиите ги покажува со елегантни скокови.
Фотографиите се снимени во Јужен Хајландс, регион со фантастични пејзажи во Нов јужен Велс во Австралија. Авторот помина некое време на ова место истражувајќи го и проучувајќи го пејзажот, дојде до заклучок дека бајковидната околина во себе има надреални квалитети, па му стана исклучително важно фотографиите да ги сними токму тука. Неговите дела предизвикаа вистинска сензација во јавноста, некои од делата од оваа серија ги купија славните ѕвезди како Кени Вест или Џастин Тимберлејк.






Извор: pogledaj.to