
Научниците пред неколку години почнаа со снимање на женскиот мозок за време на оргазмот во надеж дека ќе видат што се случува во тие мигови и дали навистина е можно да се дојде до оргазам без физички контакт со маж.
„Центрите за уживање во мозокот, поврзани со оргазмот ’се вклучуваат’ кај жените кои самите себеси се доведуваат до оргазам и кај оние кои за тоа користат конвенционални методи. Тие исти центри не се вклучуваат кога жената глуми оргазам“, објасни д-р Бери Комисарук, автор на книгата „Наука за оргазмот“.
Испитаните жени се доведуваа до оргазам на различни начини. Некои користеа комбинација на вежби за дишење и фантазирање, додека другите мечтаеја и изведуваа вежби за карлицата, пишува Daily Mail.
За разликата од жените, машкиот мозок целиот фокус го поставува на физичкиот контакт и стимулацијата за време на сексот. На мажите им е важен контактот додека кај жените фокусот е на опуштеноста и на отсуството на нервоза.
„Колку повеќе вежбаа се чинеше дека постигнувањето оргазам е полесно и полесно. Има уште многу работи во врска со женската сексуалност кои не ги разбираме во целост, а ова е само мал дел од сложувалката која се обидуваме да ја составиме“, изјави Комисарук.
Џил Морисон, четириесет годишна секретарка, го тврди следново.
„Открив дека ’мислејќи’ можам да се доведам до оргазам уште кога имав дваесет години. Тогаш бев среќно омажена и лежев со сопругот во кревет пред да водиме љубов. Не ме допираше, но се чувствував многу опуштена. Доживеав оргазам токму тогаш, без никаква стимулација“, вели таа.
Џил тврди дека тоа не и’ бил прв и последен пат.
„Со времето станував сè повешта во доведувањето на себеси до оргазам до таа мерка што ако сакам можам да доживеам оргазам само ако мислам на него. Моето тело веднаш одговара. Според мене, сето тоа се наоѓа во главата“, објаснува секретарката.
Скенирањето на женскиот мозок за време на сексот покажа дека делот кој е задолжен за регулирањето на стравот, нервозата и емоциите ја намалува својата активност како што мигот на оргазмот се доближува, додека во самите мигови на екстаза тој е практично исклучен така што жената ја доведува до состојба на транс.
Според сексуалниот терапевт Поли Хал ова се случува затоа што жените мораат да остварат целосна опуштеност и безбедност за во целост да можат да уживаат во сексот.
Женската опседнатост со изгледот и бројните стравови и нервози многу лесно можат да го отргнат мозокот од вистинскиот пат и така да оневозможат оргазам.
Извор: b92.net