
Меѓу документите на Министерството за надворешни работи на Британија кои се наоѓаат во Националниот архив во Кју, во југо-западен Лондон, има и извештај што Лоренс Дарел го напишал во врска со неговото патување во југот на Југославија во ноември 1949 година. Поголемиот дел од информациите во извештајот кои се однесуваат на животот на луѓето и на нивните „услови за живот“ всушност произлегуваат од извештајот на Џон Џибс, поранешен специјален офицер за врски со партизаните, а во ова време офицер за информации во Загреб, кој го придружувал Дарел. Но, некои од описите се толку специфични за романсиерот и поетот, кој подоцна ќе стане познат како автор на „Александрискиот квартет“. Дарел работел како офицер за информации во Британската амбасада во Белград од 1949 до 1952 година. Официјален претставник на Министерството за надворешни работи (Национални архиви, FO 371/ 78682/R11215) го опишува извештајот како „премногу долг и полн со дигресии за да биде употреблив. Последната страница... е читлива“. Тука се објавува првпат.
Офицерите за информации од Белград и Загреб тукушто го завршиле својот пат за Салоника поминувајќи околу 1000 километри со џип и околу 450 километри со воз. Во Југославија поминале нешто повеќе од 800 километри пат. Извештајот за нивните впечатоци може да даде увид во условите за живот во јужниот дел од Југославија денес.
Пристигнавме во Скопје без понатамошни инциденти и друштвото ја имаше честа да биде примено од Н. Е. Конзулот. Меѓу многуте работи кои се споменаа за време на неврзаниот разговор беше и една која заслужува да биде забележана. Порано главниот плоштад во Скопје бил украсен со огромни грубо излиени статуи на Маркс, Енгелс, Ленин и Сталин кои формирале круг околу скулптурата која го прикажува духот на партизанската борба: скулптурите биле изработени во манир на Рејд Дик. Н. Е. Конзулот ни рече дека пред еден месец четирите руски статуи исчезнале без збор, при што останала само скулптурата на партизанската група: подоцна Гибс го виде превртеното тело на г. Ленин во едно валкано сокаче, како лежи во калта.
Излегувајќи од Скопје, групата повторно се упати во областа населена со селски куќарки. На железничката станица Клисура сретнавме две селанки, кои запалија оган за нас и ни понудија гостопримство. Истовремено, тоа беше можност да почнеме разговор и со тројца железничари. Материјалните услови во кои живееја овие луѓе беа зачудувачки. Жените беа облечени речиси во крпи. Колибата беше речиси празна, без никаков мебел. Неколку ламаринени лажици и виљушки го сочинуваат целиот прибор за јадење што ни беше на располагање, а грубиот пехар и три мали чаши со ракија мораа да бидат донесени од куќа сместена од другата страна на патот. Селаните беа срамежливи и не сакаа да ја прифатат храната, иако подготвено ги прифатија цигарите и не можеа да одолеат на чоколадото. Конечно им понудивме едно мало шише со коњак, а за возврат еден од железничарите ни даде аптекарско шише со локално подготвената сливовица. Потоа општиот разговор срдечно се разви, главно насочуван од Гибс, кој ја напиша оваа куса белешка на неговото парче хартија.
„Општата сиромаштија и неугледност беше опишана. Нивото на живот тука е многу пониско отколку во Србија. Жената во куќичката имаше шест деца, едно од нив на отслужување на воениот рок во Марибор, друго тукушто го почнуваше својот воен рок по завршувањето на техничките студии во Загреб. Според неа, за време на војната населението во оваа област силно ги поддржувало партизаните и цивилите, меѓу нив и таа, им ја давале сета можна помош. Се сомневам дека после Ослободувањето во куќата дошол некој нов предмет. Недостасуваше храна, особено месо, како и алишта. Девојката во куќичката, која потекнува од соседното село во ридовите и работи тука сечејќи дрва за 2.500 денари месечно, ја повтори истата приказна за бедните услови за живот. Областа произведува малку и за разлика од градовите и побогатите области единствените работи што тука можат да се набават е оние за кои имате купони.
„Откако го скршивме мразот железничарите беа пријателски расположени. Еден од нив имаше пријатни сеќавања од пред војната поврзани со некои британски работници во рудникот Трепча. Исто така ни кажаа дека покрај железницата (Скопје - Гевгелија) сообраќаат два патнички и еден товарен воз дневно. Немаше знаци од големи транспортни движења во последно време.
„Во Клисура (а ова најверојатно се однесува и на поголемиот дел од внатрешноста на Македонија) нема радио приемници, а единствените весници се оние што железничарите ги носат со себе. Најблиското кино е оддалечено со километри во долината. Милиционерите што ги сретнавме во близина на границата добиваат весници од Скопје, но ги читаат со напор и малку размислуваат за нивната содржина. Ги прашав што мислат за активностите на Југославија во Советот за безбедност, но имаа многу бледа идеја за намерите на Кардељ.
„Застрашува фактот што луѓето со кои зборувавме во Македонија, кои воопшто не ја криеја својата лоша состојба, беа релативно некритични – особено кога правеа споредби со другите делови од земјата, каде што поголемиот дел од селаните се остро непријателски расположени и полни со жалби. А сепак, четири години по ослободувањето, нивниот животен стандард е многу понизок од оној во Србија или во Хрватска. Со широко распространета неписменост (која не може многу да се подобри со кратки курсеви), недостаток од радио приемници и лоша комуникациска инфраструктура, пропагандата на владата создава бавен напредок. Сепак, Владата не очекува дека селаните ќе направат некои проблеми. Заради нивната долга историја како занемарена, далечна гранична провинција, од Македонците не може да се очекува да покажат ентузијазам за кој било режим кој не создава мерливи предности. Во нивно отсуство, идејата за верноста кон ФНРЈ, или кон Бугарија, или кон Русија или Грција итн., е само залудна. Тие не се анти-југословенски расположени ниту анти-бугарски, туку едноставно се надвор од сето тоа.
„Има одредени знаци за признавањето на оваа состојба (свесно или не) од страна на сегашната Влада при нејзиното справување со проблемот со јазикот. Со новиот македонски официјален јазик странецот кој зборува српско-хрватски првпат се соочува во Скопје. Како со многу жална лакрдија. Според моите сознанија Универзитетот има бројни професори од Хрватска и Словенија, а сите тие своите предавања ги држат на српско-хрватски јазик. Директорот на операта е хрватски бунтовник избркан од Загреб и зграпчен од македонската влада. Предвоеното Скопје беше град во Југославија, а спрско-хрватскиот беше официјален јазик. Ова го потврдуваат сите Македонци кои ги сретнавме, од полициските службеници па нагоре. Примерите на новиот јазик што можат да се видат на плакатите и во скопските весници се напишани на новиот белградски политички жаргон малку „булгаризиран“ за да го поддржи фактот дека дијалектот на руралната популација во Македонија е онолку различен колку што се разликува од српско-хрватскиот, а се доближува до бугарскиот.
Извор: The Times Literary Supplement
E, како само лошо
Испратено на 23 август 2010 од Млад борецE, како само лошо исперципирал: "Ова го потврдуваат сите Македонци кои ги сретнавме, од полициските службеници па нагоре.". Ako, ako, што да се очекува од намерен краткотраен минувач...
Железничката станица Клисура
Испратено на 26 август 2010 од Марио ШаревскиЖелезничката станица Клисура постои и денес. Се наоѓа помеѓу станиците Демир Капија и Миравци, во ретко населен предел со само 4 помали села: Клисура, Прждево, Кошарка и Челевец. Веројатно се работи за таа станица и околните села (вклучувајќи ги тие северно - демиркаписките и јужно - гевгелиско, валандовските Миравци, Петрово, Давидово, Удово...)
И секако крајот делото го
Испратено на 26 август 2010 од Марио ШаревскиИ секако крајот делото го краси... булгаризиран српски, србизиран бугарски... маѓепсан круг! Како и да е, ние Македонците си знаеме на каков јазик си зборуваме и каков е тој, единствен наш - македонски.