Автопортрети во движење

24.08.10 13:34

Културата на автомобилот е неодделив дел од американскиот начин на живот, а автомобилот, освен што служи за превоз и рекреација, исто така претставува и израз на сопствената посебност.

Автомобилите ги претставуваат американските идеали за слобода, подвижност и независност, овозможувајќи му уникатен личен простор на сопственикот кој истовремено е јавен и приватен.

Автор на овие необични портрети е американскиот фотограф Ендрју Буш. Vector portraits, серијата фотографии која настанала во периодот 1989-1997 г., документира десетици Американци и нивните лимени миленичиња. Овие фотографии најчесто се снимени на улиците на Лос Анџелес. Преку нив Буш ги преиспитува границите меѓу јавното и приватното, фотографирајќи ги возачите кои седат зад управувачот.

*КЛИКНИ НА СЛИКИТЕ ЗА ПОКРУПЕН SLIDESHOW


 

*КЛИКНИ НА СЛИКИТЕ ЗА ПОКРУПЕН SLIDESHOW


Слични статии

Око

ОкоБоли главаВицФото