
Тестовите од примероците од ДНК од живите потомци на злогласниот нацистички водач покажаа биолошки врски со „нижите“ раси кои тој со сите сили се обидувал да ги уништи.
Неодамна извршените ДНК тестови покажаа дека Адолф Хитлер имал еврејски и африкански корени, пишува лондонски Telegraph.
Двајца Белгијци, новинарот Жан-Пол Милдерс и историчарот Марк Вермерен, на почетокот на годинава успеаја да влезат во трага на роднините на Хитлер, па дури и да најдат негов братучед во едно австриско село. Истражувачите наведуваат дека хромозомот E1b1b1, кој е издвоен во примероците на плунка, е редок во западна Европа, но затоа многу распространет меѓу Берберите, припадници на етничка заедница која живее во Мароко, Алжир и Тунис, како и меѓу сефердските и ашкенази Евреите.
„Од ова може да се извлече заклучокот дека Хитлер бил во сродство со народите кои најмногу ги презирал“, изјави Милдерс за белгиското списание Knack. Ова списание соопшти дека тестовите се изведени во најстроги лабораториски услови.
„Ова се изненадувачки резултати“, вели Рони Декорте, специјалист-генетичар од Католичкиот универзитет во Лувен. „Резултатите се фасцинантни ако се споредат со нацистичкото доживување на светот, каде расата и потеклото се во неговиот центар. Загриженоста на Хитлер во врска со своето потекло не била неоснована. Тој очигледно не бил ни ’полнокрвен’ ни ’ариевец’“.
Ова не е првпат иисторичарите да изнесуваат претпоставки дека Хитлер имал еврејско потекло. За неговиот татко, Алоиз, се смета дека бил вонбрачно дете на австриска слугинка и 19-годишен Евреин.
Извор: e-novine