El ingenioso cantante Don Ekrem de la Gusinje
Ретки се оние кои поминале трошка време на интернетов, а не го виделе или не слушнале за Екрем Јевриќ. Екрем Џеј преку само еден Youtube хит стана инстант интернет сензација, која во полна мера ни долови како функционираат медиумите денес: она што луѓето ќе го доживеат како забавно, возбудливо или хистерично смешно, со неверојатна брзина се шири од еден до друг крај на планетава. Екрем стана онлајн феномен кој угоре и удолу го обиколи светот, а секоја негова нова медиумска појава предизвикува бурни реакции кои ја забавуваат публиката од просторите на бивша Југославија. Нов спот, албум за „Grand production“ (Србија) и учество во новиот балкански „Big Brother“ се само некои од неговите следни потфати.
Но, она што е сигурно поважно од журналистичко-репортажното осврнување на неговата „одненадеж кариера“ е што научивме не само за Екрем, туку и од Екрем, за самите себе и за светов во кој живееме?
Најпрвин мора да се каже дека Екрем е една од оние појави кои со мирна совест можете да ги сместите во изреката „магаре и музика“. Тоа што Екрем го манифестира како „пеење“ навистина наликува на сè и сешто, но најмалку на пеење. Неговиот грлено-ларингален грч и полуартикулираните гласови оставаат длабок впечаток, но секако не по својата милозвучност. Стиховите, пак, се приказна за себе, веќе се епско-легендарни: „Рas do pasa, beton do betona“ (Пес до пес, бетон до бетон), „Kroz ulice žena bataljona“ (По улиците баталјон од жени..), и така редум.
Откако расчистивме со музичкиот дел, редно е да се посветиме на оној културолошкиот и политичкиот. Феномени од типот (инстант вирални интернет феномени) на Јевриќ имало и ќе има, смешните содржини кои предизвикуваат смеа до солзи и понатаму ќе бидат најгледани, но специфичноста во сево ова е што овде се работи за своевиден ново-медиумски театар во кој сите уживаме и се смееме во претставата, но главниот лик не знае дека се работи за претстава!
Самиот Екрем Јевриќ е толку соживеан со својата новоздобиена улога на „ѕвезда“ што „реалноста“ во која тој живее навистина може да се нарече паралелна виртуелна реалност. Екрем е лик кој се загубил во својата медиумска рефлексија и не може да се врати назад, без разлика дали тоа назад значи Њујорк или пак Плав и Гусиње. Да се биде заробен во своја виртуелна конструирана персона, наменета за другите, е појава која со различен интензитет сите ја проживуваме. Гледањето на Екрем како детски наивно ја живее таа виртуелизација, ни нуди своевидно терапевтско доживување. Тој е жртвено јагне на своето време и медиумски посредуван жртвен ритуал за тоа како човек ја „умислува“ реалноста и се подредува себе си кон таквата реалност.
Постои лик кој има слична „себеумисленост“ на кого сите хистерично му се смеат, а тоа е филмскиот лик на легендарниот француски инспектор Жак Клузо (Jacque Closeu). Сепак овде исчекорот е грандиозно различен, се работи за клузоизација на реален егизстенцијално опиплив лик. Овој виртуелен исчекор во екремовата форма секако е екстремен, но не е и толку екстремен самиот феномен на себеумислување низ кое поминуваме во различен степен. Во релациите со Борат, постои значајна дистинкција, ликот е конструкција, но повторно овде имаме „чекор понапред“: конструираниот лик е толку соживеан со конструкцијата што тој не може да излезе од неа, за разлика од Саша Барон Коен кој своите риалити фрик персони може наменски да ги шалта по личен ќеиф и план.
Второто рамниште на интерпретации за Екрем(а) се однесува на идејата на Тим Џуда (TimJuda, yugosphere) за заживување на т.н. „југосфера“, односно интензивирање на врските на поранешните републики другарки од СФРЈ. По неколку опипливи потези на овој план (зачетоци на создавање нова југо-лотарија, поврзувањето на железниците, планови за регионални спортски лиги и слично), многумина побрзаа со заклучоците дека Екрем е можеби комична, но сепак доволно убедлива потврда дека „југо“ духот сеуште егзистира и не само што егзистира, ами и вирее! Ако Екрем можеме да го доживееме само ние екс-југословените како хистерично забавен, значи сè уште има нешто што нè поврзува? На одреден начин, историјата од која многу малку научивме, повторно ни чука на врата, но овој пат по онаа на Жижек „First as Tragedy, then as Farce“ (Првин како трагедија, а потоа како фарса).
Вистинското заживување на врските во регионот, се чини, во времето на суперскептичниот постмодернизам, зачинет со локалниот конзервиран менталитет, е можно само низ ваква катарзична фарса која треба да ги испере сите валканици на крвавиот и мачен распад на СФРЈ и да биде противлек за катарзичниот воен пир. Некако во таа смисла Екрем може и да послужи како катализатор.
Третото рамниште, секако, е она што го загатнавме погоре: интерпретацијата на Екрем како балкански Борат. Што е најтрагично ваквата боратизација доаѓа од новинари од овие простори кои ја прават грешката што внимателен аналитичар може да ја насети и во „Пред дождот“ на Манчевски: угодувајќи му на Западот, му нудиме трагикомично поедноставена примитивистичка слика за себе, онаква каква што Западот сака да ја види, низ призма на сопствената митологија и предубедувања за Балканот. Подлегнувањето на нивните приказни, наративи и матрици за нас е предизвик кој (гледаме) сè уште не сме го надминале.
И конечно: за мене лично, покрај сите паралели, интерпретации и конотации, Екрем е можеби најблизок до ликот на Дон Кихот: самоумислен рицар на новото време кој се бори против модерните „ветерници“: корпорациите кои експлоатираат и ни го сведуваат животот на „куча-посо“, ретардираниот соседски дух и неразбирање што оневозможуваат нормален живот на Балканот, медиумската експлоатација, губењето на идентитетот во медиумските огледала, хедонистичкиот сеир на денешницата... нов Дон Кихот кој во Швабо Шмит доби свој Санчо Панса, ако ништо друго.
До половината на текстот си
Испратено на 25 август 2010 од Ина ЕфремоваДо половината на текстот си велев: “Конечно добра, made in Мacedonia, анализа на современ “феномен“, се додека не стигнав до повторувањетоо на констатацијата од Independent кој го прогласи Екрем за обединувач на Балканот.
И заклучокот со Дон Кихот...Сериозно?
Па токму “Екремите“ се наркотик за радничката класа кои прават преку ефтено сеирење да се заборави сопствената беда и бедата во која не бутка капитализмот. Токму Екреми ја отупуваат и последната трошка мозочна активност, вкус, здраво расудување.
На Екрем нема што да се гледа со симпатија (и не зборам тука за самата персона, тој е заменлив во случајов). “Екремите“ се симбол на декаденцијата. А, секое дополнително внимание кое им се дава само го шири нивното отупувачко влијание.
Ина, пази што збориш, мене
Испратено на 25 август 2010 од ДушанИна, пази што збориш, мене Екрем ми беше на профил сљика сефте коа дебитираше! Шо беф убаф... :P
Бреееј, екремите се симбол на
Испратено на 25 август 2010 од roxyБреееј, екремите се симбол на декаденцијата???
значи овие средовечни што седат пред тв и гледаат забавни емисии со боки13,екреми .. се декадентни ?:)
“Екремите“ од овој тип се некакви смешни појави ги има на сите страни на светот.. доаѓаат и проаѓаат служат за подсмев, “види го колку е дебел а ставил мини сукња“ “види го како се дере смешен е- кучааа посоо“
Нема потреба од дигање некакви барикади и трансови од типот “ќе не уништат и нас и светот со се културатаа“.
"грлено-ларингален грч" И
Испратено на 25 август 2010 од Др Тулп"грлено-ларингален грч"
И така, Екрем и од грло и од ларинкс вика, а? Демек грло на квадрат.
„На одреден начин,
Испратено на 26 август 2010 од Жижек од Чојлије„На одреден начин, историјата од која многу малку научивме, повторно ни чука на врата, но овој пат по онаа на Жижек „First as Tragedy, then as Farce“ (Првин како трагедија, а потоа како фарса).“
Тоа го рекол Маркс, Карл Маркс.
Добро, тоа го рекол ете
Испратено на 27 август 2010 од roxyДобро, тоа го рекол ете Маркс, ама Жижек има цела една книга така насловена можеби на книгата алудира авторот..?
Јас не знам, зошто постојано едните кои се наводно со повисока култура и слично, имаат потреба од згрозување од турбо фолк, од евтини комични појави, од кичерај итн итн.
Ина Ефремова на пример. сигурно на таа една група луѓе кои уживаат во “екремизам“ би им го одземала тоа, со се турбофолковите и некои други простаклуци и би им го тутнала толстој во раце, Штраус во касетофонот и терајте драги луѓе , јас знам што е за вас подобро.
А roxy ќе важеше за помал
Испратено на 27 август 2010 од ДушанА roxy ќе важеше за помал лицемер ако не се згрозуваше од едни „кич“ споменици, од една „кич“ архитектура, и уште од еден мал милион „кич“ работи по Македонија и Скопје, што според неа се кич, и затоа не размислува двапати пред да ги осуди. (А мене видиш, не ми се кич.) Заклучок: roxy ама појма нема што е тоа кич, ниту има некој објективен репер за корисност/штетност на истиот. Туку онака, реагира на импулс, на хир, како ќе ја мавне филм во моментот, или чисто од инат.
Ама roxy воопшто не е лицемерна, туку само прави разлика меѓу секогаш добар, странски кич, и секогаш лош, македонски кич; размислување многу типично за секој автофаг (I'm looking at you, Окно), кое кулминира со - бодење нож во грб на она што се случува на овие 25,713км2. Сите други километри квадратни се, абе просто да пукнеш од љубов и симпатија кон нив! Па така и Екрем е сладок, ама споменикот на Гоце Делчев е кич најгнасен. :> Така ли е, roxy?
Аман веќе од автоканибализам. Турбо фолкот е срање секогаш кога не е смешен. Мене Екрем ми е смешен, и затоа не го чепкам. А не на секој му се смешни истите ствари.
И затоа roxy - зачепи.
@roxy avtorot sigurno aludira
Испратено на 28 август 2010 од soros dpmne@roxy
avtorot sigurno aludira na knigata od Zizek zatoa sto ocigledno ne ni znael deka Marx go kazal toa, tuku od Zizek ne glea podaleku (kako i poveketo okno ......oidi), a Zizek stana slaven prodavajki prepakuvan Marx
@Душан
ti si online kitch i turbopatriotskifolk troll
@Ина Ефремова
ova ti e epten na mesto: "Па токму “Екремите“ се наркотик за радничката класа кои прават преку ефтено сеирење да се заборави сопствената беда и бедата во која не бутка капитализмот."
... И патем, се пишува
Испратено на 29 август 2010 од Душан... И патем, се пишува kitsch, а не kitch. А латиничната транскрипција на македонското кич се пишува kich (не kitch).
Покич од тоа неписмен да кажува кој/што е кич... па то нема ни у Лондону! *си пушта малце Екрем*
Hi до Душан, Се прашувам од
Испратено на 31 август 2010 од roxyHi до Душан,
Се прашувам од каде овие заклучоци, по која тоа основа.. некој е лицемер повеќе или помалку во зависноста од тоа колку се згрозува од спомениците,лавовите без мадиња,букефалопениси итн...?
Инаку, за мене спомениците,скулптурите не се кич самите по себе. Нема сега да досаѓам објаснувајќи што јас лично мислам за скулптурите и останато, меѓутоа, ако некогаш јас или некој друг каже дека се’ тоа е КИЧ , тоа мислам дека пред се’ би се однесувало на целиот концепт, целиот град конкретно поширокиот центар на Скопје. Целата таа парада на римско грчки столбови, споменици од јустинијан ,лавчиња гравчиња, цркви богородици со филип II, до ченто и до букефал.. е кичерај, некаков ејакулатус на тип кој се надувал па земал лсд и кристал метх па сечел со водка-џус и истовремено блуел у стил“сакам мовче хик хик, врљз него споменици и неонки хик хик,црква,коњ,клеопатра, лавче,гемиџии..“....
Врз ова се, додај дека голема бројка луѓе веруваат дека со ова Скопје ќе заличело на вистинска светска културна моќна убава МЕТРОПОЛА. ! Да, ама во филмот Идиократија, таму можеме да се натпреваруваме и стануваме светски град.
Како што кажав погоре, Екреми , боки13 се минлив фактор, доаѓаат се глупираат некој ќе се насмее и тоа е тоа влегуваат во заборав.
Неспоредливо со тоните цимент,железарија која му се спрема на ск city center.
roxy, „Целата таа
Испратено на 02 септември 2010 од Душанroxy,
„Целата таа парада на римско грчки столбови, споменици од јустинијан ,лавчиња гравчиња, цркви богородици со филип II, до ченто и до букефал...“
не е ова:
„кичерај, некаков ејакулатус на тип кој се надувал па земал лсд и кристал метх па сечел со водка-џус и истовремено блуел у стил“сакам мовче хик хик, врљз него споменици и неонки хик хик,црква,коњ,клеопатра, лавче,гемиџии...“
туку е само твое мислење и твој вкус, roxy, кој ќе биде интелигентно да не го воздигаш до нивоа на естетска теорија.
А инаку, мене твоето мислење ме потсеќа на плиткоумен кич, кој очигледно обожава во се’ да гледа површност (а што беше тоа кич, всушност, ако не содржи во себе површност?). Но, еве, и тоа си е мое мислење и мој став. И вреди исто толку колку и твојот. И тука нема буниш. А ако тоа што до споменикот да стои неонка ти е кич - иди буни се за неонката, не за споменикот. Он е барем осмислен, обликуван, и испорачан од уметник. А тоа што ти и другата багра мрчатори немате елементарна култура која подразбира почит кон уметноста и секој уметник воопшто - ниту пак цените слобода на уметничко изразување (што мириса на глуп тоталитаризам) си е ваш проблем. Кој резонира со кич и плиткост, богами. Ама жешките глави немаат време за длабокоумност, јебига, па мора да се испуцаат некаде. Со други зборови: страдате од потреба да бидете негативни.
Ја сум рекол и пак ќе речам: коа ќе го изградат Скопје 2014, и она шајни зградине со огромните колонади и стакло и блескав метал по нив, и коа конечно ќе заличи сето тоа како што е осмислено (и не, народот нема да умре од глад во меѓувреме оти државата не му е јасли на народот и народот не е беспомошно бебенце), ти, roxy, и мрчаторите ко тебе ќе бидете првите кои ќе идете да се фотнете таму, да ве личи и да се покажете. Зашто? Па пошто Скопје конечно ќе ви замириса со аромата на Запад. Можда ќе има цинично коментарче некое оздоле или нешто, али битно you'll appreciate, in a shy way.
И евентуално ќе пораснете некој ден, и ќе бидете малку позадоволни од вашето секојдневие. Онака, ќе ви пукнат тинејџерските надувани очекувања, ќе ги износите тие „филмови“, ќе ви се исчисти внатрешното лице од внатрешни мозолчиња и демончиња. И то. Некој ден на внучињата ќе велите: „Еее, внучко, и ја коа бев млад ко тебе се бунев за све и свашта, мрчев! Ама млад си ти внучко и не разбираш, ќе пораснеш...“
Ај поздрав.
@soros dpmne сосема си во
Испратено на 31 август 2010 од roxy@soros dpmne сосема си во право, немам што да додадам.
fala
Испратено на 02 септември 2010 од soros dpmnefala