Сиромаштијата како туристичка атракција

26.08.2010 11:21
siromastijata-kako-turisticka-atrakcija-3.jpg

Воајеризмот често е составна компонента на туризмот, особено кога богатите Западњаци одат кај африканските племиња или во виетнамските села за да ги прошират своите „антрополошки сознанија“ и да доживеат нешто „автентично“, поинакво од она што го виделе разгледувајќи ги уредените урбани пејзажи. Она што е есенцијално поинакво е всушност сиромаштијата на тие заедници. Денес има сè повеќе туристи кои патуваат за да сведочат за туѓите мизерни услови за живот, иако – навистина – не можеме да тврдиме дека тоа е единствената причина. Многумина ќе кажат дека соочувањата со другите и со поинаквите го подигнува нивото на социјална свест, ја засилува домашната економија, а некои и ги поттикнува вистински да дејствуваат кога ќе се вратат дома – донираат средства, ветуваат дека ќе го финансираат школувањето на некое дете, се залагаат за подобрување во земјите од Третиот свет или барем купуваат производи од сиромашните краишта кои се дел од политиката на чесна трговија. Но, таквите се ретки. Почесто станува збор за сожалувачко одмавнување со главата заради тешките животни судбини, фотографирање, враќање дома со добра приказна за пријателите, па потоа заборавање на сè. Така сиромаштијата се сведува на туристичка понуда. Наместо нуркање на Карибите или забавување во Сан Франциско, можете на неколку дена да видите како е да се биде сиромашен.

Њујорк Тајмс таквиот вид туризам го нарекува „слам туризам“ и неговите почетоци ги наоѓа кон крајот на 19 век, кога богатите њујорчани заминувале на излети на источната страна на градот за да видат како живеат онеправданите. Но, со развојот на туризмот и на зголемувањето на бројот на добро ситуираната урбана популација, која веќе доволно патувала за да се засити од развиените земји во кои глобализацијата остави силен печат, слам туризмот станува тренд. Местата за патување најчесто се Рио де Женеиро и тамошните фавели, потоа Бомбај, и тоа благодарение на филмот „Милионер од предградието“, и секако – Африка.

Експлоатацијата отиде толку далеку што новинарката на Њујорк Тајмс од Кибера, најголемиот африкански слам сместен во Најроби, во Кенија, во кој живеат еден милион луѓе на 2,5 квадратни километри, извести за тоа дека видела глупа туристи кои набљудувале пораѓање на африканска жена и притоа снимале со камера. Новинарката тврди дека таквиот вид туризам е еднонасочен; туристите добиваат необично искуство забележано на фотографии, а локалните луѓе не добиваат ништо и притоа го губат достоинството. Нема вистинска интеракција меѓу едните и другите, тоа е само сафари со луѓе наместо со животни.

Извор: pogledaj.to

neko mora to da spreci !!

neko mora to da spreci !!

Слични статии

Живот

ОкоБоли главаВицФото