11 факти за ЈуТјуб

27.08.2010 11:18
11 факти за ЈуТјуб

ЈуТјуб е една од најпопуларните интернет страници за гледање видеа која секојдневно ја посетуваат милиони луѓе, меѓу кои можеби и вие. Еве неколку факти за оваа страница кои можеби не сте ги знаеле.

1. YouTube.com е основан од Стиви Чен, Чед Харли и Џавид Карим со цел овие пријатели да споделуваат видео клипови од вечерни забави кои биле преголеми за да се испратат преку е-пошта.

2. Џавид Карим го поставил првото видео на ЈуТјуб, на 23 април 2005 г. Насловено како „Јас во зоолошка“, тоа го прикажува Карим и слонови во позадината, и трае 18 секунди.

3. Роденден на основањето на ЈуТјуб домејнот е Свети Валентин 2005 г.

4. Секоја недела, „јутјуберите“ произведуваат материјал доволен за 60 000 долгометражни филмови.

5. Ако никој не постави ново видео, за изгледување на сите досегашни ќе ви бидат потребни околу 1700 години.

6. 70% од корисниците на ЈуТјуб се Американци. 50% од корисниците се на 20-годишна возраст. 20% од видео материјалите се музички.

7. Земја која поставува најмногу видеа на ЈуТјуб е САД. По неа следува В. Британија. Земја која најмногу гледа видеа исто така е САД. По неа следува Јапонија.

8. Просечниот посетител поминува 15 минути дневно на ЈуТјуб.

9. ЈуТјуб е забранет во континентална Кина, Иран, Либија, Тунис, Турција и Туркменистан. Порано беше забранет и во Бразил, Индонезија, Мароко, Пакистан, Саудиска Арабија, Сирија, Тајланд и Обединетите Арапски Емирати.

10. Песната на Лејди Гага „Bad Romance“ е најпопуларното видео на ЈуТјуб, со над 250 милиони гледања.

11. ЈуТјуб се наоѓа на третото место во светот според зачестената посетеност.

Слични статии

Технологија
Технологија
Технологија
Технологија

ОкоБоли главаВицФото