
Пред две недели, напишав дека аргументите против изградбата на Кордоба центарот во Менхетен се толку глупави и демагошки што не би можело ни да се одговори на нив. Оттогаш нештата малку се променија. Newt Gingrich рече дека тоа е како да поставите нацистички знак пред Меморијалниот музеј на холокаустот во САД или да изградите јапонски културен центар во Перл Харбор.
Првата од овие лажни аналогии е погрешна на секој можен начин, особено ако се земе предвид дека Музејот на холокаустот веќе го поседува еден од најсмирените темелни водичи за теоријата и практиката на нацистичкиот режим, заедно со специјални прикази на теоријата за расата, идеологијата на партијата и објективни анализи за условите кои партијата ја донеле на власт. Што може повеќе да се каже за втората споредба освен тоа дека на Хаваите веќе подолго време има американски жители со потекло од Јапонија и не можам да видам ниедна причина зошто на кое било место на островот не би можел да се изгради културен центар.
Сепак, од почетокот истакнував дека имамот Фејсел Абдул Рауф не е добар партнер и дека неговата Кордоба иницијатива е полна со еуфемизми за исламскиот џихад и исламската теократија. Го споменав неговото злобно верување дека Соединетите Држави се делумно одговорни за нападот на Светскиот трговски центар и неговото одбивање за заземе став за расистичката диктатура на Хамас во Газа. Колку повеќе се читаат неговите изјави, толку тие се повознемирувачки. На пример, еве еден коментар на Рауф за пресвртот што следеше по бруталниот грабеж на иранските избори во 2009 година. Обраќајќи се на претседателот Обама, тој вели дека: „Тој би требало да и’ советува на својата администрација да ги почитува водечките принципи на револуцијата од 1979 година – поставување влада која ја почитува волјата на народот; праведна влада, основана врз идејата за Vilayet-i-faquih, која го спроведува владеењето на законот.“
Грубо преведен, Vilayet-i-faquih е специјален термин кој го има создадено ајатолахот Хомеини со цел да ја опише идејата дека целото иранско општество е под постојано надгледување (некогаш опишано и како заштитништво) на мулите. Од оваа гледна точка, „волјата на народот“ е само бесмислена фраза зашто „народот“ се штитеници и деца на свештениците. Тоа е оправдувањето за врвниот свештенички водач, чие владеење не зависи од избори и кој може да ги избира кандидатите, а ако дојде до тоа, и резултатите. Нешто крајно контроверзно во рамки на шиитскиот ислам. (На пример, големиот ајатолах Систани во Ирак не го одобрува ова.) Затоа оние бројни Иранци кои не се шиити не ни се сметаат за вистински граѓани на Исламската Република.
Не бев убеден дека имамот Рауф јавно не ја одобрува најекстремната и најрепресивната верзија на муслиманската теократија. Во насловот на изјавата, случајно, тој е опишан како „основач и визионер“ на Кордоба иницијативата. Зошто и тоа не ме воодушевува?
Охрабрени од глупата природа на противниците на центарот, неговите бранители почнаа да зборуваат како тој да не претставува никаков проблем и како да е само прашање на религиска толеранција. Ќе беше убаво ако ова е точно. Но, „толеранцијата“ не е само првото и најсложено прашање при истражувањето на исламизмот. Погрешно е зборуваме за него како единствениот проблем да е оној поврзан со тероризмот. Како што земјите од Западна Европа веќе осетија на своја кожа, локалните муслимански водачи имаат обичај, кога веќе еднаш ќе се почувствуваат доволно силни, да поднесуваат не баш толерантни барања. Некогаш тоа ќе биде повик за цензура на нешто што е „навредливо“ за исламот. Некогаш тоа ќе биде повик за полова сегрегација во училиштата или во базените. Сценариото станува познато. А оние кои ги поднесуваат овие барања често, се разбира, се многу внимателни при поврзувањето со какво било насилство. Едвај нагласуваат дека, ако нивните барања сериозно не се разгледаат, би можело да има мало количество насилство некој неименуван кварт...
Што се однесува до прекрасниот мозаик на религиски плурализам, премногу лесно е да се најдат веб сајтови на џамии и двд снимки кои тргуваат со најодвратните напади на евреите, хиндуистите, христијаните, неверниците и другите муслимани – да не зборуваме за лудите жолчни обвинувања против жените и хомосексуалците. Ова е причината поради која лажниот термин „исламофобија“ е толку опасен: тој погрешно укажува дека секоја резерва во врска со исламот мора да биде „фобија“. Фобијата е ирационален страв или одбојност. Исламските говори често ја имаат оваа особина, што е доказ зошто ваквите сомнежи се ирационални.
Од мојот прозорец можам да го видам прекрасното минаре во Вашингтон, џамијата на авенијата Масачусетс. Поставена е во срцето на градскиот дипломатски кварт, а тоа е местото каде што претседателот Буш замина веднаш по 11 септември за да го изрази својот гест кон „религијата на мирот“. Пред некое време, жената на еден нов амбасадор ми кажа дека го изнела своето куче на прошетка кога еден брадест маж и’ пристапил и грубо ја предупредил да не го шета животното толку блиску до света земја. Таксистите муслимани во други американски градови веќе одбиваат да превезуваат патници со „нечисти“ песови.
Една карактеристика на мојата локална џамија што не ја сакам сосема се поставените знамиња кои треба да ги прикажат сите нации кои веќе се муслимански. Некои од овие знамиња се на земји како Малезија, каде што муслиманите едвај се мнозинство, или она на Турција, која сè уште има секуларен устав. Во Обединетите Нации, групата земји од Организацијата на исламската конференција веќе предложува резолуција која ќе ја ограничи критиката на религијата воопшто и посебно на исламот. Така, пред нашиот Стејт Департмент да го искористи за некоја доброволна мисија преку океанот, ви сакал да го видам имамот Рауф како одговара на неколку прашања поврзани со поддршката на клерикалната диктатура, сега за сега, во Иран. Ајде сите ние да ја направиме дебатата за „Нултата точка“ тест за толеранцијата. Но, ова ќе биде еднонасочна улица ако тоа не е тест и за муслиманската толеранција исто така.
Извор: Slate