
како владееја „преродбениците“ четири години по седнувањето на Груевски во премиерската фотелја
1. Го деградираа тимот кој ја обезбеди кандидатурата за ЕУ;
2. Не обезбедија датум за почнување преговори со ЕУ;
3. Ја претворија владата во „Музеј на антиката“;
4. Го прекрстија аеродромот, ни ги набркаа пријателите;
5. Го прекрстија автопатот, изгубивме 77 милиони евра неповратна помош;
6. Го минираа бадентеровиот принцип и го блокираа Комитетот за односи меѓу заедниците;
7. „Борецот за уставното име“ се возгордеа што беше примен во Европската народна партија како „премиер на ФИРОМ“;
8. И покрај ветувањата, не успеаја да нè внесат во НАТО во јато;
9. Со одлуката за предвремени избори ги загрозија евроинтеграциите;
10. Спроведоа најкатастрофални избори во нашата историја;
11. Премиерот се фалеше како „борец“, а немаше храброст за ТВ-дуел;
12. Со одлуката за изградба на државна црква предизвикаа раздор, насилство и нетрпеливост;
13. Потрошија десетици милиони евра на бесмислени рекламни кампањи заради корумпирање на медиумите;
14. Го злоупотребуваа собранискиот канал за себерекламирање;
15. Воведоа бесмислени забрани, како таа за купување алкохол по 19 часот;
20. Спроведоа драконска казнена политика удирајќи нè по џебовите;
21. Собранието го претворија во гласачка машина и срам за демократијата;
22. Го минираа усвојувањето државна стратегија за спорот со името;
23. Ја омаловажуваа институцијата Претседател, а откако си избраа „анекс претседател“, комплетно ја маргинализираа;
24. Донесуваа закони и одлуки кои паѓаа на Уставен суд како гнили круши;
25. Бесрамно го напаѓаа Уставниот суд и не ги спроведуваа неговите одлуки;
26. Го кршеа законот за слободен пристап до информации од јавен интерес;
27. По цели три години соопштија за осумгодишниот проект „Скопје 2014“;
28. Ја затрупаа јавната администрација со партиски вработувања, новопримените земаат плата без да одат на работа;
29. „Остваруваа 24/7“, а премиерот традиционално доцнеше најмалку половина час;
30. Наместо да лобира во земјите членки на ЕУ и САД, министерот за надворешни „лобираше“ по македонските села;
31. Најбитните амбасади ги оставија празни кога беа најпотребни;
32. За амбасадори поставија партиски послушници кои немаат капацитет да водат ни куќен совет. Именуваа антинатовски амбасадор во НАТО;
34. Во Хаг поведоа спор за одбрана на привремената референца;
33. Скапо платените економски промотори не постигнаа ништо;
34. Ветија „македонско претседателство“ во Советот на Европа, а Милошоски претседава во име на ФИРОМ;
35. Ги ограбија граѓаните за пасоши со едномесечна „брза постапка“;
36. Го сменија законот за да може „големиот братучед“ неконтролирано да ги следи сите видови комуникации во секое време;
37. Извршија полициски упад во Собранието;
38. Поставија бројни камери на јавни места. Собраниските камери веќе ги злоупотребија;
39. Спектакуларните полициски апсења немаа соодветна судска завршница;
40. Го силувааа правото на мирен протест на студентите на 28.03.2009 и ги изедначија тепачите со тепаните;
41. Ја загрозија безбедноста на стечајците така што предизвикаа сообраќаен хаос;
42. Извршија полициска окупација на пазарот во „Шуто Оризари“, а запленија стока која може да се купи во секој трговски центар;
43. Партиски го злоупотребуваа МВР, незаконски апсеа и прогонуваа за критикување на власта;
44. Извршија незапамтен притисок и застрашување на судството;
45. Донесоа неуставен закон за лустрација со кој го амнестираа долгогодишниот комунистички обвинител – сегашниот министер за неправда;
46. Ја блокираа граѓанската иницијатива за референдум за изградба на верски објекти на скопскиот плоштад;
46. Придонесоа да бидеме прогласени за светски шампиони во невработеност;
47. Неколкупати „законски“ им ги ускратуваа правата на работниците;
48. Поттикнуваа партиски „мобинг“ и партиски заснована дискриминација;
49. Донесоа антиевропски закон за антидискриминација откако спроведоа дискриминаторска кампања;
50. Дискриминираа и со политиките за стимулирање на раст на население;
51. Не ги почитуваа квотите за жени, уште при избор на членови на ДИК;
52. Непрочистениот избирачки список не го предадоа во ДИК;
53. Собраа уште еден арач со неуставните „патриотски“ фискални сметки;
54. Не дозволија собраниска дебата за ревизорските извештаи кои покажаа огромно незаконско трошење и финансиски злоупотреби;
55. Земаа краткорочни заеми од банките со високи камати;
56. Не ги исплаќаа редовно долгови кон фирмите, ниту пак навремено враќаа ДДВ;
57. Потрошија десетици милиони евра за проектот „Компјутер за секое дете“, наместо да ги реновираат училиштата;
58. „Бесплатните учебници“ доцнеа или излегоа со катастрофални грешки и нестручни и сомнителни содржини;
59. Со дисперзираните студии го намалија квалитетот на образованието;
60. Инсталираа партиски послушници за студентски лидери и ги заборавија студентските права и катастрофалниот студентски стандард;
61. Воведоа веронаука во образованието, го нарушија неговиот секуларен карактер и ги поделија учениците по верска основа;
62. Со притисоци го загрозија правото на штрајк во образованието;
63. Ја поддржаа „Македонската енциклопедија“ која предизвика нарушување на меѓуетничките односи и односите со соседите;
63. Издадоа скапи 500 стручни книги преведени нестручно;
64. Ги укинаа „ваучерите“ за студенти поради кризата, а не ги укинаа 100-те тениски игралишта кои чинат 8.5 милиони евра;
65. Пуштија во употреба скапи спортски училишни сали кои не се користат;
66. Потрошија милиони евра на неквалитетни фудбалски игралишта;
67. Поарчија милиони евра за „Инвестирај во Македонија“, а странските инвестиции ни се најмали во регионот;
67. Отвораа слободни економски зони кои зјаат празни;
67. Фрлија милиони евра на кампањи за привлекување странски туристи, а годинава имавме најслаба туристичка посетеност;
68. Изградија „Скопска плажа“ покрај река полна со опасни бактерии;
68. Наздравуваа за „Сведмилк“, а откако пропадна, ги оставија млекарите на цедило;
69. Правеа партиска кампања од садењето милиони дрвца, а шумите ни ги снемува;
70. Потрошија огромни пари, а хидроцентралите „Чебрен“ и „Градиште“ нема кој да ги гради;
71. Ја доведоа пред пропаст „Злетовица“ вредна 80 милиони долари;
72. Донесоа антиевропски закон за води, пак заради нечии интереси;
73. Наместо да градат нови автопати, дозволија ерозија на автопатната мрежа;
74. Ветуваа изградба на повеќе патни правци, ама не ги изградија;
75. Модерниот воз од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не пристигна;
76. Не го довршија системот за гасификација заради увозот на скапа струја;
77. Создадоа хаос во авиопревозот. Граѓаните патуваат со најскапи авиобилети, а добиваат најнеквалитетни услуги;
78. Потона „Илинден“ заедно со многу странски туристи, а надлежниот министер не понесе никаква одговорност;
79. Дозволија Охридското езеро да се прелее, а надлежниот министер нè убедуваше дека тоа биле „подземни води“;
80. Создадоа хаос и неквалитет во радиодифузијата со хиперпродукција на лиценци и неспроведување на законот;
81. Ја допонижија МРТВ претворајќи ја во партиски сервис со најмала гледаност во нејзината историја;
82. Одлучија да потрошат седум милиони евра за жичница до крстот на Водно, а Скопје остана без трамвај;
83. Местеа тендери, а еднокатните и двокатните автобуси уште ги нема во главниот град;
84. Ветија изградба на „Сончев град“, ама сонцето никако да го огрее;
85. Донесоа неприменлив Закон за домување на товар на граѓаните и повторно се заканија со огромни казни;
86. Со драстично намалување на буџетот ја доведоа под прашање борбената готовност на АРМ;
87. Вршеа притисок врз професионалните војници и бранителите кои се бореа за своите ускратени права;
88. Спроведуваа подземна кампања против правото на прекинување на бременост стигматизирајќи ги жените и лекарите;
89. Спроведуваа кампањи за „трето дете“, а породилиштата ги претворија во губилишта;
90. Ги поскапеа лековите и создадоа недостиг на лекови на рецепт загрозувајќи го животот на хронично болните;
91. Со камерите во болниците ја повредија приватноста на пациентите;
92. Продолжија да ја игнорираат растечката сиромаштија. Издвоија десет пати повеќе средства за споменици отколку за борба против сиромаштијата;
93. Си тераа лицемерна „борба“ против корупцијата и криминалот. Извршија упад во Антикорупциската комисија и во Управата за перење пари;
94. Ја блокираа децентрализацијата. Ги привилегираа општините со нивни градоначалници;
95. Ја злоупотребија волјата на гласачите на општина Центар и донесоа незаконски одлуки за изградба на десетици скапи споменици-дивоградби;
96. Спроведоа мегаломански археолошки ископувања, а ги оставија незаштитени спомениците на културата;
97. Нарачаа стотици восочни фигури (1.5 милиони евра) за музејот на ВМРО среде најголемата криза, невработеност и сиромаштија;
98. Проблемите на граѓаните ги игнорираа, а буџетските пари се одлеаја во странските леарници и во џебовите на подобните уметници и „ментори“;
99. Преку нивните скапо платени пропагандисти, ширеа лаги, навреди и говор на омраза за да обесхрабрат критика на „Преродбата“;
100. Инвеститорите и странските државници ги убедија да нè заобиколуваат. Како што нè заобиколуваат нафтоводите, гасоводите, коридорите.
Уште колку „преродбенички чекори“ до амбисот?
Колку сте само жални и
Испратено на 30 август 2010 од јасКолку сте само жални и патетични не сте свесни. Секое добро на оваа Влада на аматерски начин пробувате да го направите негативен, сами себе се лажете, пошто овој народ не е толку глуп како што мислите. Еве на кратко како граѓаните ги гледаат проектите на Валдата:
- Датум со ново име не ни треба ниту пак ни треба НАТО со сменет идентитет;
- Аеродромот доби име како што заслужува после реконструкцијата;
- Нормално ако не тепале вашите изборите се катастрофални нели? Слободно убедувајте се во тоа.
- Со самото тоа што би прифатил ТВ дуел треба да се симне на вашето ниво.
- Еден од подобрите закони е законот за забрана на купување алкохол по 19 часот;
- Уставниот суд како последно комуњарско дувло за брзо време ќе нема никаков легитимитет;
- Само таков амбасадор ни треба во терористичка организација како нато
- Спорот во Хаг е правилна одлука, само не знам што ќе коментирате откако ќе го добиеме;
- Барем сега секое дете знае што е компјутер, за разлика од вашето време;
- Сега родителите не плаќаат за учебниците;
- Сега се студира поевтино во родниот град или многу поблиску од Скопје;
- Сега имаат студентите да учат од книги преведени на македонски;
- Сега децата имаат спортски сали и терени;
- Денот на дрвото е една од најдобрите кампањи, пофалени надвор и многу земји го земаа нашиот пример;
- Како никогаш до сега се обновува патната мрежа во Македонија;
- Првите автобуси пристигаат за неколку недели;
- За крај Скопје 2014 е нешто најдобро што му се случило на Скопје и на Македонија. Знам криво ви е, каде биле тие пари во ваше време, и малите деца веќе знаат каде.
Ја имаш мојата поддршка
Испратено на 31 август 2010 од Анонимен2Ја имаш мојата поддршка друже. Иначе подоле знам што следува: обавезната колона клонирани стаорци што се просто зависни од негативно перципирање (да критикуваат безочно им помага да се чувствуваат битни, за жал).
А иначе ова:
10. Спроведоа најкатастрофални избори во нашата историја;
Е НОТОРНА ЛАГА И ГЛУПОСТ. Прашајте и кај пријателите у ЕУ, ќе ви кажат они кои избори биле најкатастрофални во нашата историја, пошто вас очигледно не ви иде со вистината.
Морам да дадам еден коментар
Испратено на 01 септември 2010 од normalenМорам да дадам еден коментар за сето ова што е наброено,а со тоа и ке ги демантирам овие партиски глупости.Најлесно е како што направи сдсм за 10 год. владеење кога беше е на власт,ќе набројам=
1)Ја направи како прво најкриминална приватизација позната во светот,нивните партиски членови ги разграбаа сите државни фирми и оставија на улица околу 300 000 луѓе без работа.
2) Како второ ги ограбија сите граѓани со штедилниците-резултат масовни самоубиства и инфаркти низ цела држава од уништени луѓе
3)Како трето фирмите што ги приватизираа(украдоа) ги продадоа и украдените пари ги однесоа во странски банки
4)И како четврто требаа да останат на власт за да не може никој да ги осуди за стореното како да кажам не криминал туку геноцид кон сопствениот народ кој ем го избркаа од работа ем му ги украдоа и тешко спечалените пари
И сега вие платени новинари од сдсм го убедувате народот дека само сдсм е спасот.Е, не јас ќе ви кажам дека и Бил Гејтс да беше наш премиер ситуацијата ќе беше слична.А да не зборам за предавничката позиција на сдсм во спорот за името.И за крај дадете ми еден пример во светот како оваква партија со вакво реноме би требала да се врати на власт.Но во случај ако сепак се врати на власт ние колективно како народ треба да одиме на психијатарско лекување и испитување како уникатен пример во светот.
пс А за Н.Груевски само ќе кажам едно кој работи и греши но уште полошо е како сдсм ништо да не работи а многу да заработи за себе и своите пајташи.
pogore potpishan "Jas".... ti
Испратено на 30 август 2010 од covek-cepogore potpishan "Jas"....
ti si partiski isperen mozok i pojma nemash shto zboruvash....ova verojatno si go dobil napishano na partiski sobir na koj vi napomenale da go naucite i povtarate sekogash koga ke slushnete neshto losho za vlajdeackata ni partija...
besplatni ucebnici i decata sega znaele shto e kompjuter...znaat...stoi do niv neuklucen od koa e donesen......bi polemiziral so tebe za sekoja tocka shto si ja navel, no ne bi da se simnuvam na nivo na isperen partiski mozok....samo se nerviram od luge sho ne ramizluvaat so svoja glava i od luge na koi im treba nekoj da gi vodi za da postojat...
Македонија стана рајско
Испратено на 30 август 2010 од џабе е сеМакедонија стана рајско место за типови како „јас“. Сите тези му се привид, огромно потемкиново село. Меѓутоа оваа земја е рај за медиокритети. Ако овие погоре наведени тврдења(во коментарот на јас, да нема забуна) ги гледаме со нивни очи, тие се недвосмислено точни. Се е тука, и автобусите, и Скопје 2014, и ден на дрвото, патната мрежа, реконструираниот аеродром, уставниот суд(тоа дувло комуњарско; имам едно прашање: што не го укинете, што не ја укинете парламентарна демократија и не го прогласите Грујо за цар, и така е директен потомок на Великиот Александар) економската преродба, НАТО-зликовците, бесплатните учебници, компјутери(углавном наменети за тетрис и фејсбук)..едноставно да ти е милина да живееш во земја каква што си ја замислиле овие шарлатани. Тоа што по квалитет на живот сме некаде кај Буркина Фасо нема врска. Тоа што бричени глави со кратки вратови и дебели ланци околу нив станаа синоним за „вистински“ македонци нема врска. Тоа што се доведовме до тоа дереџе да одиме на аргатлук во една Црна Гора...џабе е се, отиде оваа држава јабана.
Колку патетични сте.Место да
Испратено на 30 август 2010 од kriticarКолку патетични сте.Место да земете да се организирате за да ги подобрите нештата за кои вие сметате дека не се добри, вие само критикувате.Со таква партија и со такви луге во нејзе нигде не стигате.
Ве сожалувам .
Тажно е што мислам дека
Испратено на 30 август 2010 од ТрагедијаТажно е што мислам дека многумина навистина веруваат во она што го кажува „јас“... Сите тие прекрасни работи што наводно владава ги направила за Македонија се како кога треба дома да ти дојдат гости, а тебе ти е хаос, па чистиш, што се вика, „ко' мачка со опашка“ и фрлаш се' по плакари и фиоки...
Гребнете малку под површината на нештата, зошто дозволувате така лесно да бидете излажани од три, четири емисии на телевизија... Исклучете ги малку телевизорите и размислете со сопствена глава. Видете каква ви е ситуацијата дома. Знаете ли дека не живееме туку преживуваме? Ако ете имате среќа вам да не ви е така, погледнете си ги соседите, пријателите роднините...
Тажно...
Жалосно...Очигледни се
Испратено на 30 август 2010 од TomeЖалосно...Очигледни се фрустрациите на авторите на овој текст.Додека некој кој го презираат ја води државата (добро ако смеам да додадам) тие си пишуваат листи на некој бедни порталчиња.Жалосно е што се уште не сватиле дека државате не може да контролира се и не е надлежна за сите случувања во опшеството (вероватно им е тешко да го сватат ова по падот на комунизмот).Се надевам дека оваа "тужна скупина" вероватно составена од сексуално исфрустрирани квази уметници во своите 40-ти години и ситна струдентарија униформирана во маици од Че ќе свати дека се случуваат (конечно) позитивни промени во државава.
Дека „јас“ е
Испратено на 30 август 2010 од koljaДека „јас“ е партиска будала тоа се глеа од сателит. но тоа, заправо, не е ни битно. важно е ова, ми се чини, што го вели критичар: глупо е (и недостоинствено) да се пролеваат солзи затоа што малоумните батки со кратки и дебели вратови ја освоија земјава во име на вмро. така е, океј, и што?! да кукумјавчиме?!
БАНДАТА МОРА ДА СЕ РАЗБИЕ! Треба други храбри батки, или барем доволно интелигентни (=перфидни?!), да можат бандата да ја разбијат однатре. Една е приказната, од светот и векот. Од бајките до вестерн и крими филмовите - приказната е иста: бандата е јака, бандата е немилосрдна, го освојува градот, ја освојува власта, станува „легална“ итн. Некој треба да ја нагази. Ако не ја нагази, бандата се етаблира во класа, си пишува историја и е разбашкарена до следната револуција која ќе востоличи нова банда.
На темава, препорачувам еден филм што некни го фатив на ХТВ 1: Kiss of Death, понов филм на еден од моите омилени режисери, Барбет Шредер. Филмот е праен според еден ноар класик, исто мене омилен, од 1947, на режисерот Хенри Хатевеј. Совршено е опишана структурата на бандата, од една страна, и божем легалниов свет, јавно обвинителство, полиција итн. Има еден поединец, ситен кримос, кој е приклештен меѓу тие два света, кои мамицата му ја расплакуваат (го бутаат во затвор, му го уништуваат семејството итн.). Но, типов пред се’ со интелигенција прво успева да го намести одвратниот фраер од бандата, а после успева да му доака дури и на новиот шеф на бандата (супер изведба на раниот Николас Кејџ).
Така што, сограѓани, сосема е бесполезно, повторувам, да кукаме над неделата на бандата. Бандата треба да се разбие.
А ти ја разбиваш...
Испратено на 31 август 2010 од Анонимен3А ти ја разбиваш... КАКО? xD
Никако, ете така! Хахаха! :D
Ајде нека сум партиска
Испратено на 31 август 2010 од jasАјде нека сум партиска будала, ама како шо сам кажа тоа не е битно. Битно е чија БУДАЛА си ти ?! Ти најде да збориш за банди, пробуваш метод на „сам себе го убиел“, си почнал да бладаш чоече, па поголема банда од вашата на чело со ГАДфадерот Сорос нема. И еве се сложувам со тебе, треба да се згази, да се разбие. Биди ти интелектуалецот коља, ситниот кримос од филмот, разбиј ја бандата ! Признај дека се осети ко жртвата од филмот, признај :) Оти кад тад ќе ја разбиеме ние, немој после не сум ти кажал.
„Јас“ - да
Испратено на 31 август 2010 од kolja„Јас“ - да искористам делче од вашата партиска реторика - ти си за жалење. Греота тип од шкљ одбранбените ешалони на фамилијата. Дур одбраните се богатат, мизерии ко „јас“ ја чуваат вратата (кајшто повисокорангираните батки ебат, на пример; ја користам иконографијата од филмот). Што човек тебе да ти каже?! Твоите два молекула у глаа не може да ги погоди мисла дури и ако е пуштена во женевскиот акцелератор! Главата ти е населена со мисли, релации, логика, суптилности - ко Мариово. На секои десет километра некое нејасно титрање у слепоочница - ќе да е од Џорџ Сорос или Бранко Црвенковски, нема друго. Не знам со која памет ти го доделиле „Окно“. Иди таму побуни се, побарај некоја посекси работа, да развалуеш по дискотеки, да заплашуеш демонстранти, или па нешто попозитивно: да пишуваш афирмативни коментари во „Вечер“. Батали, бе, Окно. Одмори.
А ми викаа дека нема да
Испратено на 31 август 2010 од јасА ми викаа дека нема да успеам :) Еве успеав, го изнервирав коља, и тоа без да те навредам. А види шо све ти ми изнакажа, не е убаво, постар сум а да ме вреќаш. Али ако, така си ја покажуваме (не)културата. Уредникот да ги брка единствените неколку читатели кои го читаат (читај: фаќаат сеир), па кај го има ова во онлајн светот. прочитај нешто и за нет етиката, за твое добро и пред се на окно. Ја го сакам окно, повеќе отколку што ти мислиш.
Сега знам, фатен у тесно и коа немаш шо да одговориш, единствен напад ти е да навредуваш, ко децана, абе цепки.
Пер, одмори. Што има ти да
Испратено на 01 септември 2010 од Ne kazhuvam koj sum beПер, одмори. Што има ти да коментираш тука? Што има да критикуваш или да си дадеш свое мислење? Нема тука место за твојот глас! Многу си различен! Тоа смета! Како тоа така не се согласуваш ти со граѓанинот за европска (но дали и демократска Македонија) Коља?!
Мислам, ти се молам, кој си ти тука да се буниш и да не се согласуваш бе?!
Одмори! Откажи се! Или си ГЕМаш или испран мозок - друго нема!
До редакцијата на Окно за
Испратено на 31 август 2010 од ЛалакДо редакцијата на Окно за овој текст, односно до господинот ГЕМ:
Јас не сум тука ниту да го фалам ниту да го критикувам ВМРО-ДПМНЕ. Не сум приврзаник на оваа партија, но не сум ниту на СДСМ. Ако сакате да бидете пообјективни можете да споменете кој е тимот кој донел европска перспектива. За жал, истите работи кои вие тука ги наведувате би ги навеле и за СДСМ, така што не верувам дека СДСМ е подобар. Сите се иста тајфа. Лопови и Татови. Соња лоповката е на слобода, јуриша со џип. Док има овчици, ќе има и КОЖУВИ за СТРИЖЕЊЕ мој драг Геме. Затоа, не критизирај многу без објективни факти споредувајќи ја опозицијата!
поздрав
Лалак
Ај јас да ти помогнам што
Испратено на 01 септември 2010 од Анонимен7Ај јас да ти помогнам што уствари сакаат ГЕМ да кажат со ова:
1. Го деградираа тимот кој ја обезбеди кандидатурата за ЕУ;
Т.е. тимот од претходната гарнитура, тимот на Радмила Шеќеринска, од СДСМ.
Па сега ти види дали ГЕМ =/= СДСМ. А кои реформи и закони ги донесе тимот на Радмила Шеќеринска за да ја оправда кандидатурата, да ми је знати?
Знае некој тука? Ајмо, the million dollar question!
Уште нема одговор, а? Епа,
Испратено на 05 септември 2010 од ...Уште нема одговор, а?
Епа, милионот не оди кај никој, жалам.
Појаснување за ГЕМ: ГЕМ е
Испратено на 31 август 2010 од Член на ГЕМПојаснување за ГЕМ:
ГЕМ е кратенка од Граѓани за Eвропска Македонија - повеќе за ГЕМ можете да дознаете на нивната web страна http://gem.org.mk/
Знаеме бе, не сме глупи!
Испратено на 01 септември 2010 од Анонимен8Знаеме бе, не сме глупи!
Уште нешто. Мислам дека
Испратено на 31 август 2010 од џабе е сеУште нешто. Мислам дека треба јавно и жестоко да се расчеречат оние бесрамни дулачи, големи „уметници“, истопорени пред камерите, подржувачи на оние ефтини владини кампањи од типот „Образованието е сила-образованието е моќ“. Треба да ги ставиме на столбот на срамот и долго, долго да го носат тој срам на плеќи. Да се разбереме, ова не е дискусија за нивните уметнички, туку морални квалитети. Кои се тие, ги гледаме низ кампањите.
До Член на Гем, господине
Испратено на 31 август 2010 од ЛалакДо Член на Гем,
господине член на Гем, во секој случај, ова нешто ми смрди на опозицијата. Јас не сакам да фалам ниту да кривам некого. Ако се накривува до толку едното, а не и другото, значи се фали другото. СДСМ е ЌУРУЌ исто така. Па ве молам да изјавите и за СДСМ. Што направиле они? НЕ гласам ни за едни ни за други на избори. ЛОПОВИШТА прве КЛАСЕ! ВМРО-ДПМНЕ прави она што глупиот народ сака! Но, барем нешто прави. Нашиот народ сака садистички пристап. Ете му го!
Друже бе - ГЕМ е приближно
Испратено на 01 септември 2010 од Анонимен6Друже бе - ГЕМ е приближно или еднакво на СДСМ. Или ако веќе не на СДСМ, тогаш на истата група луѓе која пермеира и во СДСМ и во ГЕМ (чепни им малку по сајтот и ќе видиш).
И така.
Уште мислат дека сме глупи бе... А не сфаќаат за кој е вицот.
Site stanale demagozi i
Испратено на 31 август 2010 од blablaSite stanale demagozi i strucnjaci....JAS si kaza sto ima da si kaze, sto se vozbuduvate tolku, poleka malce...i uste pobitno sto imate vie da ponudite kako podobro resenie ili dali voopsto ste sposobni za bilo kakva slicna golema odgovornost i obvrska.
Вмровците се у филм дека се
Испратено на 31 август 2010 од блаблаблаВмровците се у филм дека се направиле они.Баш обратно. Така беше и деведесетите кога требаше да се создадат институции, а вмро имаше можност, само не сакаше да се нафати, така е и сега кога треба да се реши името...ниедна важна одлука не донесе вмро..
Да, ДПМНЕ беше на власт до
Испратено на 01 септември 2010 од Анонимен5Да, ДПМНЕ беше на власт до 1998-ма, ама не сакаше да се нафати - а СДСМ плачеа ли плачеа и ги молеа ДПМНЕ да дојдат на власт за да ДПМНЕ направат нешто. И, затоа, кутрите СДСМ мораа самите да се трудат да направат понекоја институција, така, да не е без ич, гревчиња кутри... =( А злите ВМРО не сакаа да стават лопатка под газот на СДСМ!
Резонирањево ти е жално. А ДПМНЕ никад да не дојдеа на власт, денес уште ќе сурфавте на dial-up модем, пошто глупите морони од СДСМ протежираа монопол. Ебате беља ебате...
anomimen, na prvite izbori
Испратено на 01 септември 2010 од блаблаблаanomimen, na prvite izbori vmro ja dobi vlasta, a toa zosto ne sostavi vlada prasaj si vo shtabot.. u rani 90-ti imase sankcii kon Srbija, a 94-95 Grcija ni stavi embargo. Imase Lisabonska deklaracija spored koja Makedonija vo OON ne smeese da vleze ako vo imeto na drzavata se sodrzi imenkata Makedonija. Nekoj trebase da odraboti zemjata da ja priznaat vo OON. Nekoj trebase da sozdade institucii. Prasaj isto vo stabot neka ti kazat kolkavi bea deviznite rezervi koga bevme pod sankcii? desetici iljadi dolari bea, pa so shtedenje ostanavme na zdravi noze. Ne sme site ko tebe, nekoj i se sekjava nesto..
A ti kako rezoniras, ke sme imale dial up da ne doslo vmroto...ova e vic ili ozbilen si?
Некој требал да одработи за
Испратено на 03 септември 2010 од Билобил ФортеНекој требал да одработи за да не’ примаат во ООН? Како, со тоа што ќе направат да бидеме под акроним (демек привремено а до ден денес), ќе сменат знаме, химна, устав? За такво ли одраборување праиме муабет? Се скршиле од работа нема што, толку се преработија што денес, 20 години после 1991-ва, истите фаци дремат во парламент, само со троа подебели гушки, пензија плус, и тролаат секојдневно: Бранко, Макрадули, оној Таље ЃерамитчиЈоски што не се научи да збори литературно пола животен век. Што напраиле они? Шипак направиле, ете што. Освен што вежбаат реторика во парламентот цел живот и лапаат државни пари (ама ако, тие пари се океј, други не се, не?). Ти можда памтиш, ама можда и малце си збунет за некои работи. Ама ако, верувај си во што сакаш. :D
Иначе да, ДПМНЕ коа дојде на власт се либерализираше IT пазарот и се воведе конкуренција, наместо монопол. Така да може треба да им целиваш рака на овие од ДПМНЕ што денес имаш евтин и брз интернет, а? Исто ко оној од СДСМ што му целиваше раче на кумот Бранко... Ама не, ти памтиш.
А за да си ја доосвежиш меморијата, види го коментарот на normalen, погоре. Нема потреба од Билобил.
Поздрав, се’ најдобро.
Билобилчо, читај ВЕЧЕР и
Испратено на 03 септември 2010 од блаблаблаБилобилчо, читај ВЕЧЕР и уживај, ти завидувам.
Вечер не читам, благодарам.
Испратено на 05 септември 2010 од Билобил ФортеВечер не читам, благодарам. Најчесто читам Нова Македонија, понекогаш Дневник.
А ти почни да размислуваш, оти јас тебе не ти завидувам.
Поздрав.
До Љаљак и blabla ми се свига
Испратено на 31 август 2010 од kriticarДо Љаљак и blabla ми се свига вашето размислување и многу ми се допага тоа што се повеќе и повеке се појавуваат луге од ваш тип.Тоа значи дека пополека но сигурно на секој ке му дојде паметот.
И за опозиција и за моментална влада кој и да се смени сите сте исти...во моментов опоцизијата критикува и се нервира затоа што она не е на власт а власта им го пика со контра цело време што резултира со нервози и пцовки како во собрание така и надвор од него.Драги луге (обоени) тоа ке се смени а кога ке се смени и ке дојдат другите на власт дали ке се плаче кој колку украл( бидејки сите знаеме дека и двете страни крадат) или ке превземат нешто за да добиеме подобра иднина тоа ке видиме...времето ке каже.Иако сум голем скептик.
Секој плаче зошто не е на власт.Во денешно време сите неписмени луге се запишуваат на политички науки затоа што мислат дека тамо лежат парите ама се лажат.Тркалото се врти а кога ке се сврти дали ти ке кукаш или ке застанеш како човек и превземеш нешто за работите околу тебе од тебе зависи...
Незнам зошто и што ме натера да вракам на вакви работи али мислам дека третата страна вреди најмногу да се слушне.Страната на правите дипломати во нашава земја никој не ја рецка али тоа е тоа, во прашање се пари луге.Во нашава ни мила земја постојат толку многу луге што ке си ги искодошат и своите брака само за некој денар(Затоа и законот за лустрација нема никогаш ни да се донесе)...
А ако се гледа моето мислење јас секогаш би одел на таа варијанта подобро да имам нешто него ништо(али не по секоја цена).Подобро Град него Село!
Толку од Критичарот како за последна порака...Мислам дека не вреди ни да се докажувам ни да коментирам бидејки и двете страни сте преобоени за да гледате лево десно по вашата си светла патека.
Поздрав од Критичарот!
Едно прашање до ГЕМашите (од
Испратено на 31 август 2010 од Анонимен4Едно прашање до ГЕМашите (од кои гемиџиите би се превртувале в гроб, оти денешните ГЕМаши би седнале на кроасан во францускиот брод во Солун, место да го разнесат):
Колкава поддршка ужива ВМРО-ДПМНЕ од народот?
Ај ја нема да ви кажувам, вие сами одговорете си. И внимавајте на кнедлата во грло.
Поздрав и многу љубов.
„86. Со драстично
Испратено на 01 септември 2010 од Мара„86. Со драстично намалување на буџетот ја доведоа под прашање борбената готовност на АРМ“
Од една страна верувате во тоа дека револуцијата чука два пати а овде сте загрижени за борбената готовност на АРМ. Парадокс против сиромашното мнозинство. Доколку ова мнозинство воскликне по втор пат со што ќе се брани власта ако не со АРМ? Овој потег на владата не само што е пацифистички, не само што е во прилог на идното второ чукање на револуцијата, туку е и формално економистички, а друго прашање е на што ќе ги пренамени средствата. Најдобра алтернатива би била да ја копира Јапонија после Втората светска војна - да ги пренасочи тие средства во индустријата. „Неуспехот на финансискиот сектор истакнува дека експоненцијалниот раст на реалните капитални вредности може само да се случуваат кога се потпрени на експоненцијален раст на нешто реално – конечно експоненцијален раст на изворот на вредност: трудот“, заклучува универзитетскиот професор Пол Кокшот од Глазгов. Само политичката економија на експоненцијален раст на труд може да не‘ поштеди од финансиски крах. Но, за жал, ниту СДСМ, ниту ДПМНЕ, имаат кадар од професионални политичари коишто се разбираат од математика, и од тие причини, ни се случува перманентна декаденција на стопанството веќе две децении, а со тоа и декаденција на општествениот живот.
Само погрешно да не ме
Испратено на 01 септември 2010 од МараСамо погрешно да не ме разбере Гелевски, се согласувам со неговиот став за изродбата во 100 чекори, целата политичка економија на владата на Груевски е дефицитна. Граѓани, бидете разумни, истерете го г-дин Дефицит од владиниот Версај!
Мара, односот меѓу полицијата
Испратено на 01 септември 2010 од koljaМара, односот меѓу полицијата (владата) и војската е доста комплексен и историја на тој однос има разноразни примери. Се случувало (додуше, главно на екстремно десниот дел од политичкиот спектар и тоа после прераснувало во владеење на воени хунти) војската да ја сруши корумпираната полиција (влада), оти нема кој друг (полицијата претходно го уништила политичкиот плурализам). И обратно, имало случаи полицијата да открива забегувања (тешки корупции) во војската. Кај нас тој (теориски добро замислен) баланс меѓу полицијата и војската (на пример, двете имаат свои моќни и автономни разузнавачки структури) со „преродбенициве“ тотално се наруши, така што полицијата (на фамилијата) пали и гаси во земјава.
Иако, во суштина, Мара, се согласувам со тебе. Самата формулација во ГЕМ огласот звучи малку „милитаристички“, бар за мојот вкус („борбена готовност“). Фала ти што обрнуваш внимание и на вакви суптилности!
ЈНА требаше да ја раскости
Испратено на 02 септември 2010 од МараЈНА требаше да ја раскости Брозовата диктатура, но затоа што беше продолжена рака на СКЈ тоа не се случи. А зошто не се случи? Затоа што ни во ЈНА ни во СКЈ не го проучуваа марксизмот, туку само ги инфицираа мозоците на работниците со догматизам. Да го проучуваа марксизмот немаше да дозволат стопанска база на пазарен социјализам кој подоцна (независно од волјата на фантомските разузнавачки структури на анти-комунистичката десница) се трансформира во капитализам. Ни социјалистички Устав, ни социјалистичка народна полиција или некаква народна армија може да биде стражар на слободата на граѓаните.
Единствена сигурна пломба за фекалиите на сегашното општество е директната електронска демократија. Од досегашната светска пракса на политички плурализам секој разумен човек треба да заклучи дека тој систем е фатална вообразба. МВР во Скопје го поседува софтверот, недостасува уште правна регулатива и граѓанска свест да се употребува директната електронска демократија како за прашање на локално ниво така и на национално ниво, а не хипокритски да му се зомбифицира мозокот на народот со политички плурализам во којшто на секои четири години реципрочно професионалните политичари (читај: битанги!) од СДСМ и ДПМНЕ ќе си ги позајмуваат владините фотелји.
http://www.vecer.com.mk/defa
Испратено на 03 септември 2010 од Билобил Фортеhttp://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C464BABEA64B854A9136ED3DEF10895F
Бранко и странски амбасадори го терале Милчин да поддржи референдум за името без ВМРО-ДПМНЕ?!
Идејата им беше македонската опозиција и европски ориентираните граѓани заедно со Албанците да извојуваат победа во таа битка, вели Владимир Милчин за Фокус за предлозите што ги добивал за поддршка на референдум
Дали и со кого лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски води тајни преговори за проблемот со името, запрашаа вчера од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Ова следува по изјавите на директорот на фондацијата СОРОС во Македонија, Владимир Милчин, кој беше и член на претседателството на СДСМ. Тој за неделникот Фокус изјави дека неодамна бил прашан дали СОРОС ќе поддржи кампања за спроведување на референдум за проблемот со името, но кој би се одржал без поддршка од Никола Груевски.
-Идејата им беше македонската опозиција и европски ориентираните граѓани заедно со Албанците да извојуваат победа во таа битка. Јас веднаш ги одбив, со образложение дека и да е тоа возможно, тоа би било кобно по државата исто како да фрлите атомска бомба, вели Милчин за Фокус.
Тој, исто така, открива дека одбил слични сценарија кои му биле понудени и од странски амбасадори. Милчин се сомнева дека тоа би можело да биде и една од причините за иницијативите за негова смена.
- Не знам од каде доаѓаат таквите шпекулации, меѓутоа ако размислам подобро, може да постојат причини поради кои некој би се обидел да ме тргне од ова место, вели Милчин.
Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ вчера на прес-конференција ваквите конструкции ги оквалификува како обид за демолирање на идентитетот на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ во изјавите на Милчин препознава дека иницијатор на идеите за референдум без широка поддршка е лидерот на социјалдемократите Бранко Црвенковски.
-Дали целта на овие игри на Бранко Црвенковски е разорување на долгорочните државни и национални интереси? Дали е победа да се обезличи македонскиот народ иако 90 проценти од Македонците не се согласуваат со ваквите комбинаторики? Дали и што договара Бранко Црвенковски?, рече Ѓорчев.
СДСМ возврати на обвинувањата за нивниот лидер.
-ВМРО-ДПМНЕ има апсолутна власт, а СДСМ е во опозиција. СДСМ ниту преговара ниту може да преговара ниту пак тоа некој го бара од партијата. Во недостаток на конкретни решенија за оваа држава ВМРО-ДПМНЕ измислува ноторни лаги, се вели во реакцијата на партијата.
---
Да де, Милчин е од ВМРО ДПМНЕ...