Nu Tella
Девојката од сликата
По цели денови го досликуваше нејзиното голо тело. Не функционираше нормално повеќе. Стануваше во четири, во пет часот наутро за да ја доведе до совршенство. Понекогаш така ја гледаше со часови и задоволен одеше во кревет. Таму го дочекуваше телото на жена му кое одамна веќе кај него не создаваше молскавични струи низ коските. Кога заспиваше, ја сонуваше сликата, со сета раскош на телото на жена произлезена од неговите мечтаења. После одреден период истата таа слика почна да го унесреќува. Неговиот брак почна да се рони како трошки сув леб. Една топла вечер, се разбуди, појде и наслика најубав фустан врз актот...
Такси
Тој беше студент на медицина, и поради тоа мораше како дел од праксата да посетува разни институции за умоболни лица. Пациентите таму живееа во свои светови. Некои мислеа дека се нобеловци, други дека се актери, а пола од нив мислеа дека се Другарот Тито. Приказната на една шизофренична девојка гласеше вака: Кај неа несвесно се создала зависност од возење во такси. Од дома излегувала само и единствено за да се вози наоколу, бесцелно, постојано. Мајка и’ деноноќно ја карала и и’ забранувала, но залудно. Кога веќе нејзината опсесија ја достигнала онаа црвената, сериозна точка, мајката во напад на нервоза викала по неа дека е луда и треба да оди да се лечи... И девојкава си фатила такси и, еве ја сега, во лудница...
Писмата
(1886)...“Најмила, најдрага, мое парче небо најсветло! Без тебе деновите не минуваат, тешки се како гробна тишина во која би почивал одвоен од тебе. Слоевите на сите мои маски паѓаат пред твојата насмевка, ангелу. И соголен и покорен ги бакнувам твоите цветни стапала, твоите прстиња“...
(1977)...“Денес те видов на корзо. Со другарка ти. Вниманието ми го привлече твојата нова фризура, како Локица. Убава си, вака поубаво ти стои. Мислам на тебе и слушам музика. Ќе те чекам утре, позади гимназија, горам од желба да те видам“...
(2010)... Ти пишав смс, па на фејсбук, и еве на крај ти праќам меил. Не си свесна колку ме палиш! Твоето тело е како модел од моите фантазии и соништа. Морам да те имам! Сакам да побегнеме некаде заедно, само јас и ти, макар на кратко. Што велиш за викенд во Солун? Чекам одговор, пиши“...
Секој за некого навива
Татко ми е страстен навивач за Партизан. Вчера цела куќа ечеше од радосни викотници после нивната победа. Неизвесност, пенали. Ги сака уште од дете. Дека се од Србија. Југносталгичен е татко ми, навива за сè што е југословенско, особено за Србија. Брат ми навива за Реал Мадрид. И тој уште од дете, од времето на Мијатовиќ и Шукер. Јас навивам за Барселона. Заради градот кој ме плени - еден и единствен, неодолив. Заради Гауди. Саграда Фамилија. Заради Колумбо кој покажува накај Америка. Заради Волшебните фонтани. И дванаесетте евра за две топки сладолет покрај брегот. Заради Вики Кристина Барселона. Заради Ноу Камп и сета таа маркетинг фама што се крева околу него. Комшијата навива за Манчестер Јунајтед. Зашто двапати беше во Англија и си филмува дека таму припаѓа. Кумот ми навива за Бремен. Последниве неколку години живее и студира таму. Дечко ми навива за Рома – вели: играле со срце. Франческо Тоти, Волчицата, Ромул и Рем.
Мајка ми... е мајка ми навива за Онур и Шехерезад. За Бандини. За Ѓумуш... Зашто сè уште верува во љубовта.
Спомени
Во старата визба на дедо ми, посакав да ги разбудам спомените низ миризбата на слатко од смокви што се шири од полиците. Ме потсеќа на детството, на деновите од пубертетот. Во најтемниот агол пронајдов стара, како со кожа од прав, прекриена кутија полна со години. Ја отворив и таму, во најдлабокото дно, го пронајдов споменарот. Го зедов и почнав полека да го читам. “Кога ќе пораснам сакам да бидам новинарка“. Еден неостварен сон. “Кога ќе пораснам сакам да напишам книга“. Уште еден. Сега им пишувам само на комшивчињата состави на ситни ливчиња, да за препишуваат на писмени. “Кога ќе пораснам сакам да живеам во Америка“. Сè уште сум си дома. “Кога ќе пораснам сакам да пеам во група“. Пеам само под туш. И сè така до крајот на тетратчето. Неостварените сништа знаат да заболат. Годините кои ме делат од овој ракопис што не го препознавам само се намножуваат. Старееме. Но тука сме. Со грст спомени, неостварени соништа и нови амбиции. Можеше да биде и полошо...
Елла
Јадро
Многу се изненадив кога ме одбра мене. Од сè понудено. Обично ме одбираа и земаа постари. Отидовме. Ме предаде веднаш и седна на понуденниот стол. Таа отиде да свари кафе и за кратко му се придружи. Седеа така долго време. Тој постојано зборуваше зашто беше многу возбуден и збунет. Прикажуваше за себе, за мачето, за новиот. Успеа воопшто да не го спомене бившиот. На крајот срдечно ја прегрна, таа љубезно возврати и си замина. Јас останав таму заборавена.
Кога си дојде нејзиниот син, неговиот бивш, ме грабна и ме потроши за 3 минути. Воопшто не се праша како доспеав таму и на што бев сведок. Веројатно помисли дека ме донела баба му. Таа никогаш не пропушташе да му донесе наполитанки кога доаѓаше.
Живко Карески Горноселец
Савиор или ...
Седат еден наспроти друг. Миланиовиот поглед час е на подот, час во сините момчешки очи. И во нив се виде себе си: “Одминато попладне, снег до појас, а тој заскитан, барајќи го извидничкиот дом. Со тешки чекори оди кон светлината. Селското куче лае, сед старец му ја отвара вратата од својот дом, старицата низ солзи му разкажува: ’Внуката наша бремена е... нејзиниот татко... а нејзиното момче отишло...’“ Милан ја подотвара вратата и гледа лице на перницата... Една таква убавина од село и тој сакаше, а неговите ни да чујат. Затоа, некое време го немаше... Ноќната тишина ја распара детски плач, а во раната зора остана уште едно сираче... Во блискиот град, Милан и старецот го оставија бебето со синџирче во повојот, кога ќе порасне на својата мајка да се сеќава... Толку години поминаа и еве... Милан својот поглед го спушта на момчевиот врат, приврзокот го препознава на синџирчето... Солзите погледот му го матат, низ главата мисла му прелетува: “Време е да знаеш?!. Јас сум твојот савиор или...
name_not@live.com
Клуч: Егоизам
Една замислена црна линија врз, наизглед малата, бела рамнина требаше да претставува граница на текстот. Се чини малку од тие големи, црни букви можеше да собере таа, уште помала бела рамнина. Но колку големи мисли можеа да сложат тие букви од голем сој, но со мал број?
Мислите на Големиот Мајстор на големи, долги приказни се преливаа од веќе вжештениот казан и не оставаа ниедна мисла да се задржи подолго. Премногу мисли за тоа мало платно, премногу ниски за тие високи граници.
Восокот веќе исчезнуваше, а Големиот Мајстор проникна во минатото на својата река за да ја пронајде иднината на своите посеви.
Најпосле напиша нешто.
ЈF
Дали сонот е Љубов?
Неколку пати имам сонувано бели гулаби, раскрсница, над неа надвиснат мечот на Демоклис, раѓањето на убиецот на сонцето и празен лист хартија со мастилница и перо. Гулабите беа тажни, седеа на карпите крај брегот, не им замеруваа на брановите кои ги заплискуваа силно по нивните пердуви. Тажни беа, немаа каде да одат, немаа на кого да му ја пренесат љубовта која им тежеше на кревката снага. Раскрсницата беше и безпаќе, каде и да одиш мечот висеше над главата, остана само ветрот да пее за четирите начини да се умре. Убиецот се раѓа секогаш во мене, можеби сум јас, можеби јас го раѓам него, а можеби тој мене. Но еден од нас, ќе го убие светлото кое секогаш тивко паѓаше на твојот лик, и секогаш знаеше дека тука може среќно да умре, да се стопи со твојата топлина. Празниот лист...празниот лист има завет од својот дедо, старото дрво што живее крај реката, завет да не остане празен. Кога ќе станеме дел од процесот на живот и рај, кога во рајот ќе се сретнеме, сакам од тебе да ги прочитам најубавите приказни на светот. Мастилницата, еве ти биди мастилница, а јас ќе бидам перото...
ако некогаш станам пепел,
биди ти мојот ветер....
Кликер
Напредок по декади
На 28.01.196... за првпат пуштив глас.
На 01. 09.197... ја напишав првата буква.
Во текот на 198... ја осмислив првата песна.
Од средината на 199... се зафатив сериозно со стихотворение.
Во септември 200... ја издадов првата книга.
Фазата на пишување се` уште ми трае.
Воздухот беше неподносливо леплив, мемлив. Се мачев да ја дофатам последната смоква на дното од теглата.
Денот веќе беше изброил 16 часа кога на вратата се појави мајка ми.
- Јадеше?
- Не.
- Бледа си. Да наместам ?
- Ако.
Молкум го посла црвениот точкаст чаршав. Погледот и’ блееше низ прозорецот.
- Ќе прошетаме после ручекот?
- Знаеш дека не смееш.
Ликот ми се скисели. И смоквата не ми беше повеќе блага, скорбут ми ја поплави устата.
- Оди си , глупачо! – се издрав.
Ме погледна немо, со превез на тажна пајажина.
- Измиј си ги рацете, ти се лепат.
И замина.
Глупача. На рацете имав само модрици. Каишите премногу ме стегаат.
Која сум јас?
Јас сум суров реалист, а луѓето неретко ме помешуваат со песимистот.
Дома си фантазирам, а надвор од куќниот праг стојам цврсто на земја.
Јас сум таа која плаче, ама кришум, зашто не сакам никој да гледа.
Мразам ситничари и скржави луѓе.
Јас досега немам паднато ниту еден испит.
Голема работа... Јас сум невработена.
Вечерва
Упорно одрекуваше дека не сака да чуе ниту збор за него, а навечер ја затекнував како плаче на линолеумот.
Бескуќник, пустиник – така го нарекуваше, тивко шепотејќи во црвената слушалката додека разговараше со мајка му.
Буричкајќи низ фиоките, по грешка отворив една нејзина и ме пречекаа насмеани фотографии, хируршки скинати на половина.
Тапост ме пресече мене во половината.
Ноќите беа долги и мирни. Нејзиното бладање по него го нарушуваше мојот непрестаен , пулсирачки, потаен страв.
Ја кренав слушалката. Со тежина на оловни прсти завртев девет пати во круг.
- Мораме да и кажеме.
Го слушав ритмичното дишење, ме прободуваше тишината.
- Вечерва.
Б. Ѓорѓевски
Пресуда
Не беше само поради сликите. Нејзиното однесување беше крајно непримерно. Додека бришев пот од моето чело, задишан и изморен ја погледнав додека лежеше. О да. Тоа беше прекрасна слика. Го занемарив мојот умор, пред таква глетка. Се сеќавам, го задржав здивот и клекнав крај нејзе. Па нема подобра боја за крв, од вистинска крв. Можеби ќе кажете дека сум луд и психопат, но моето дело е за вистинска почит. Тажно е знам, и јас понекогаш сум тажен кога ќе се сетам што сторив. Свесен сум дека одземав нечиј живот, само за да го збогатам моето творештво, но таа кучка заслужи да умре! Тоа беше само проста жена која не знаеше ништо друго освен да љуби. Таа...таа дури не беше ни слушнала за Дали. А пак нејзините коментари, на моите слики? Биле дела на некој полумататер? Што разбира таа и сличните на нејзе? Каква корист има светов од нив? Такви само мртви се добри! Да не постојат воопшто!
- Гледате ли сега, судијо, зошто бараме смртна казна? Ваков човек, со вакви размислувања ќе прави пакост се додека е жив. Таквите како него само мртви се корисни - се изјасни обвинителот.
- Ќе се соочите со смртна казна. Имате ли последна желба, сликару?- праша судијата.
- Да. Оставете ме да го нацртам обвинителот.
Тотално патетично
Остана да лежи во креветот уште долго откако таа си замина. Неговата главоболка не се смируваше. Секоја негова мисла беше хаотична. Секој нов збор што сакаше да го изговори, застануваше некаде во грлото. Имаше некаква кнедла во грлото. Нешто што не можеше да го голтне, ниту да го плукне. Но не беше веќе толку страшно. Сега можеше да ја исфрли кнедлата од зборови, или да ја голтне. Сега беше многу полесно. Беше сам во собата, и посака да се издере. Да го извика нејзиното име, да и каже дека не може без нејзе. Но не го стори тоа. Впрочем немаше ни потреба. Таквата идеја му беше глупава. Доволно му беше што само ги помисли зборовите, што не ги кажал никому. Ќе и’ каже другпат. Тогаш кога нема да биде до него. Кога утрото ќе почне без нејзе. Кога неговата сенка расфрлана од месечината ќе чекори сама, без нејзината до себе. Ќе и’ каже некогаш, во некоја пијана вечер, или во некој расказ посветен на нејзе. Кисело се насмевна и ги затвори очите. Ја виде сликата што никогаш не можеше да ја нацрта. Ги виде нејзините очи како ги впиваат неговите зборови и не му беше битно како ќе му одговорат. Небото почна да се замрачува, а неговите мисли лутаа кон следното видување. Да, тогаш ќе и’ каже... можеби.
Мостот
Тој стигна на својата страна од мостот. Стигна 5 минути порано, како и обично. Сигурно ќе касни - си помисли додека чекаше. Реши да го помине мостот и да ја пречека на нејзината страна. Но ја немаше. Реши да се симне до реката и да се освежи од пролетната горештина. Таа стигна на нејзината страна од мостот. Чекаше 5 минути, и го помина мостот. Продолжи по сончевиот пат. Тој. Тој се качи на мостот, и чекаше уште половина час. Реши да продолжи напред, дури кога дождот стана пресилен.
ZigusZagus
Патување кон Луната
Возот пристигна на својата последна станица. Се симнав и седнав на клупа за чекање. Чекав да зајде сонцето повремено гледајќи во перонскиот часовник и во небото.Чекав трпеливо, но трпението исчезнува. Почнаа да ми се појавуват тикови со се поголем интензитет, бев обземет со бес и се посомневав во постоењето на ноќта, за во тој ист момент да ја здогледам месечината, но овој пат сина. Сина е бојата која се спушти таа вечер и се разлеа низ станицата. Сирење од детска идеа е месечината која се издигна над својот трон таа вечер. Идеалната детска месечина, сега навидум покриена со мувла, лунатично ја обожавам и ја посакувам. Затоа го насочив возот кон небото и викнав: - Следна станица е месечината, станица до која патуваме без шини.
Пристигнав на колосалната топка сирење. Се фрлив на почвата. Ја гризев, голтав, се наполнив со неа и заспав врз неа. Мувлата расте врз мене, а јас хибернирам длабоко во неа.
Voyager
Реч
Тој занеме и без збор ја закопа нивната иднина. Таа попусто крикна и го довикна, па во очај го откопа нивното минато. Од таму ги ископа сите негови зборови и целосно го прекопа тлото под своите нозе, за да стане плодно, да престане да се лизга. Зборовите ги посеа наоколу да дознае на која почва првично за’ртиле, од каде го пуштиле својот корен. Сеидбата вроди со плод, а тоа што посеа – тоа и пожнеа, па зборовите родија нови зборови. Новите и’ кажаа од каде дувал ветарот што цело време ја беше расејувал нејзината реч, па и’ покажаа каде да ја посади, да не биде оддувана. Таа го послуша кажаното, па ги посади својте зборови на неговиот пат без враќање, и на прво одминување тие се насадија во неговата глава, па засекогаш се всадија во неговото сеќавање. Така, тој што не испушти глас остана да живее со еден внатрешен заробен глас, а таа што го пушти гласот заживеа ослободена од тишината.
SevenOfNine
Штета
Се облече на брзина, ги стави црвените излитени патики и излезе. Пролета низ ходникот, покрај лифтот и јурна по скалите удолу. Чувствуваше како влажниот сон полека се истресува од капаците. Брзаше по скалите упорно гледајќи во часовникот. 8 и 18. 8 и 18. 8 и 19, „ќе закаснам!“, помисли и се сопна на третата скала од приземјето. Додека го носеа во болница, ја здогледа од далеку. Ја почувствува како сега да е во неа. На момент ја снема болката од коленото. И’ ги почувствува градите залепени врз неговите. Мирисот на нејзината кожа. Топлината на нејзиниот јазик.
Подоцна, куцајќи нагоре кон последниот спрат, трескајќи го ритмично гипсот од скалите што сабајлево му беа пат кон последната можност да го искористи наместеното интервју за работа, во миг го преживеа во флеш бек утринскиот сон. Застана, го извади мобилниот од џеб, го погледна долго и го врати назад. Додека се мачеше да се намести на троседот, се запраша полугласно: „Мораше ли да сум клаустрофобичен и мораше ли да ми спомнува врска, штета, а каков секс“.
Зад вратата
Ја отвора вратата од лифтот, подзастанува за да ја пропушти девојката што стои зад него, љубезно и’ се насмевнува. Ја прашува на кој кат. Дали и’ е претежок куферот. Иако вели не, не дозволува да го одбие во намерата да и’ помогне. И’ дава комплимент на преубавата насмевка. Ја испраќа. Излегува од лифтот и и’ помага на бабата која треба да оди надолу. И’ го фали секој ден се’ помладиот изглед. Оди со неа до приземјето и се нуди да ја однесе каде што треба да оди. Син и’ ќе дошол по неа.
- Го гледаш момчево, од телевизија е.
- Да, да ве знам како не, двете ќерки се вљубени во вас, а и жена ми не е поарна.
Се насмевнува, љубезно ги поздравува и си оди конечно дома. Конечно сам.
Ги фрла чевлите во ходникот и констатира дека нозете му смрдат на смрт. Ја соблекува во движење маицата и ја остава на под. Со долго прдење се фрла на троседот, во левата рака си ги зема гениталиите, а во десната далечинскиот управувач. Фудбал или порно?
Иван Шопов
Во лавиринтот
Ја штипнав за задник царевата ќерка и ме затворија во лавиринтот на Минотаурот. Во почетокот ме тепаа крвнички секој ден, но сега е подобро: кон мене се однесуваат пристојно, редовно ме хранат и ми дозволуваат да играм фудбал со останатите штипкачи. Единствена обврска што треба да ја извршувам како казна е да го метам лавиринтот сè додека не ме изеде Минотаурот. Малку е здодевно, но подобро е отколку да безделничам чекајќи ја смртта. Ме теши и тоа што знам дека правам нешто корисно – чистотата е половина здравје!
Сепак, и по дваесет години престој во лавиринтот, сè уште го немам видено Минотаурот. Не го виделе ниту моите браќа по метла. Сеедно. Лавиринтот и понатаму мора да го одржуваме беспрекорно чист.
Ви.За.
Излет на Матка
Еден ден се решивме јас и другарка ми Бисерче да одиме на Матка. Маца ни одби, па мораше да одиме сами. Ја уверував Бисерче дека можеме да стигнеме и со автобусот број 12. до едно од блиските села и да продолжиме понатаму пеш. Сепак, не бев сигурен колку треба да пешачиме. И така, стигнавме до Шишево и требаше да одиме понатаму. Пешачевме по главната улица. Беше многу топло, жива душа немаше, а само коли прошишуваа покрај нас во насока на езерото Матка. На левата страна се гледаше падина и една џамија. Откако ја поминавме кривината, се појави едно дете, кое имаше околу седум години. Тоа се спушташе кон Шишево. Детето беше многу чудно. Изразот на неговото лице беше ироничен, како да ни се потсмеваше. Од друга страна, неговиот од беше неправилен. Изгледа дека детето имаше некакво душевно нарушување. Во левата рака држеше голем пиштол, кој можеби беше и вистински. Откако детето веќе беше во наша непосредна близина, видов дека пиштолот не личи воопшто на играчка. Детето се приближуваше, а неговата хиенска насмевка беше упатена кон нас. Одеднаш почувствував потреба да се приближам до Бисерче и да забрзам за да го одминеме. Почнав да се потам. Детето продолжи да се смее. И нè одмина! - Леле, а замисли да пукаше? - рече Бисерче. - Замислувам!- одговорив.
Клонови
Денес беше многу чуден ден. Станав од кревет, се измив, појадував и отидов да купувам чевли во град. Насекаде гледав близнаци: во автобус, на улица и во продавниците. - Од кога има толку близнаци? - си велам. Се упатив кон продавницата во која секогаш наоѓам добри чевли. Но, таа не беше таму. На нејзино место стоеше нова продавница, а наспрема неа уште една, идентична. - Добро, постојат синџири на продавници! - си реков. Кога влегов, ми пријде насмеаната продавачка: - Добар ден. Кој број ќе го земете? - Би сакал да ги видам различните модели - одговорив. Одеднаш до неа дојде уште една продавачка. Таа изгледаше сосема исто како првата. Повторно близначки! - Нема, имаме само еден модел! - одговори втората. - Сè се прави од еден единствен калап. Се избегнуваат трошоците! - додаде таа. Мислев дека се шегува, но решив да го пробам единствениот модел. И, кога го натнав првиот чевел со лажицата, ги заврзав врвките, кревајќи ја главата го забележав него! Мојот двојник! - Кој си ти? - го прашав. - Јас сум ти. Ќе си одиме? - рече тој.
Шахта
Шахтата дихтува совршено. Нема никаква луфта. Зашвајсувана и зашрафена со шрафови и мутерчиња со движолагери и росфреј-декел. Врз неа се шлакаат фризирани шмизли со пудра и шминка, шмизли со добра штикла и остар шпиц и длабок шлиц, но без брусхалтер. Врз шахтата се шибаат фраери со шик-цвикери, добра јакна и се шмекаат со нашминканите шмизли. Врз неа шпацираат хохштаплери и курцшлузери со леткум, швајс-апарат и сајли, цимери-штребери, шнајдери на добри шнитови и шверцери на карфиол, па дури и швајсери со исфлекани блузи. Сите газат врз шахтата и се упатуваат кон банката. На шалтерот нема никој зашто имало курцшлус на штекер. Шахтата стои штаркно под еден голем кран, а до кранот зграда. Во зградата има станови. Во еден од становите има домаќинка што прави шне од лимон и шербет за секакви торти. Ако нема лимон, тогаш оцет! За сè си има ерзац-продукт! Таа прави и милиброт и штрудла и крем-шните. Крем-шните? Обожавам крем-шните!
Габриела Стојаноска-Станоеска
Света свадба 2
Ех illo tempore! Секоја втора ноќ имаше своја ноќ, и секој втор ден имаше свој ден. Едно до едно нанижани, едно од едно проголтани... Ох! Оф! Ах! Уф! Ритам ѓаволски заводлив и бесен, мртовечки бавен, со пресврти и драми! Ритам првокласен примордијален! Еротски, да!
И никаква си моја. Кој мислеше кога можев да те зграбам во една рака дека уште ќе те сакам со ридиштава сало ко Божицата-мајка. Ти фаќам цицки кај што не сум ни сонел, ме боцка црвенобрадиот од дете што ме гонел, кошмар си мој љубена моја, љубен си кошмару мој!
Мој си никаквецу! Без гром и ведро, пак мое си небо! Стрело без копје ме рануваш пак! И птицата има свој пад. Ме храниш со роса и жед, те појам со отров и мед, татко мој, брате мој, сине – спаси ме мажу, сосмртнику, соубиецу мој!
Се спојуваме по должината на `рбетот. Допирот на грбот со грбот-свадба лед-медена. Бегаме еден од друг за да се најдеме. Се наоѓаме за да побегнеме од себе. Не правиме ни чекор понапред, ни поназад. Зашто немаме каде. Наш е целиот простор, просторот – тоа сме ние.
*
- Ааа... Затоа ли Леонтина му напишала текст на Јоксимовиќ „Дали знаеш како навредува празната постела?“
- Не бе сине, за пари.
- За пари?!?
- Е, ај не. За љубов.
Николина Нолевска
Ритуал
Влегувам во бањата. Водата тече во новата када. Леплив, нечист товар на денот врз мојот грб. Ме притиска како грба од камила. Јас сум за када, а не за кабина за туширање. Последнава ме потсетува на телефонска говорница лоцирана на автобуска станица, за широка употреба. Отчукува три часа пред полноќ. Стрелките безмилосно го убиваат денот. Меури од сапуница и мирис на лаванда. Да лизне ткаенината од кожата. Да се истрие пластот меѓу нив. Ме сепнуваат неколку ноти од невозможна мисија и со сила ми се пикаат во увото. Ме дразни продорноста. Ја допирам вибрирачката кутија врз школката. Слушам. Однапред сè ми е познато. Среќа што можам да ги предвидувам нештата. Среќа што сè уште сум во униформа. Среќа што не работи кутивчево на струја, па можам да си буричкам со прстот во пенливава течност додека надоаѓа кон рабовите. Како договорени, и другото кутивче, со пискав глас бара парче од миризливата магла што ја полни бањата и... почнува да ме задушува. Што да правам со овие пренадразнети кутивчиња, помислувам. Полни се со заразни бактерии. Треба да се дезинфицираат, да се ослободат од опседнатост. И додека неутешно треперат, ги спуштам во проѕирниот флуид и ги притискам кон дното.
Талисман
Земи го, мило. Ми рече и ја отвори збрчканата дланка. Го видов, светол и златен. Како бисер во седефестата внатрешност на школка. Не му требаше кутивче. Прекрасно прилегаше меѓу наборите на бабината дланка. Сеќавав каква топлина ме заплиснува и молчев. Не се осмелував да ја подадам раката. Се капев во магичниот сјај на изгравираните зраци на сонцето, сместено во центарот, онаму каде се спојуваа вертикалната и хоризонталната оска. Втората пократка, првата речиси двапати подолга. Хоризонталната греда на крстот - тоа е човечкиот живот на земјата. Доволно краток, за да не можеш да ги исполниш сите желби и стремежи што те заплиснуваат со надоаѓањето на годините. Исправената греда, тоа е вечниот стремеж на човекот кон облаците, кон висините, кон совршенството, кон љубовта, која не е ништо друго освен Бог. Така заклучи богатоглаголивиот поп и го вкопа дрвениот крст над пресниот дедов гроб, откорнатикот, кој никогаш не ја засити жедта, повторно да се влее во истата почва од која еднаш беше изникнал.
WANTED
Јас сум тој што го барате – вистински дебил (ист)!!
Погледнете, тука сум! Ви говорам од под даските што живот значат! Јас сум суфлер. Во секоја претстава го глумам невидливиот човек! Дофрлувам, им шепкам ... Без мене не може да тече успешно ниту една пиеса! Дозволете да објаснам...
На девет, ја читав мојата прва книжевна творба. Песна за Титовото заминување. Подоцна го фрлив во канта безвредното парче хартија со моите први втиснати знаци. За некого.
На дванаесет, на училишната бина, глумев инсект. Моето прво јавно уметничко деби без зборови. Со крилја од целофан. Уште тогаш сонував дека летам, а тапкав во место.
На дваесет, на преддипломско деби, на испит, ме пофалија дека мошне убаво пишувам и добив 9. Неколку години подоцна, во знак на благодарност, со последните пари во џебот, ја купив „Папокот на светот“.
На триесет и пет, на последипломско деби, на последниот испит пред магистратурата, професорот беше тажен што досега не се укажала шанса да работам во некоја слична на оваа научноистражувачка установа. И на отворената страница од индексот ми врежа 10.
Ова е моето дебилистичко резиме, како што милувате да се шегувате. Суфлер без педигре. Со безвредна титула – магистратура!
кратко и јасно
Испратено на 30 август 2010 од НЕ!кратко и јасно :)
http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc4/hs389.snc4/45238_15800454273...
ha a a...kaj ja
Испратено на 05 септември 2010 од (FalaPsevdonim)ha a a...kaj ja najde...aaaaa...;]
Нутела има добар стил, но
Испратено на 30 август 2010 од ХехеНутела има добар стил, но неговите раскази станаа малку монотони. Мене ова ми е овојпат, како стварно да се нема веќе идеи.
„Во лавиринтот“
Испратено на 30 август 2010 од Анонимна„Во лавиринтот“ на Иван Шопов е најдобар расказ не само во овој преглед, туку и во вториов дел од конкурсот.
Здраво дечки и анонимна, да
Испратено на 30 август 2010 од ХехеЗдраво дечки и анонимна,
да се надоврзам, јас не знам дали е Во лавиринтот најдобар, но идејата многу ме потсетува на Чекајќи го Годо од Семјуел Бекет, каде што не знаеме што чекаме, но траеме! Чуден ми е спојот меѓу фудбал и царева ќерка. Некако ми звучи нелогично и неприфатливо. Можеби дека нејќам уопште фудбал.
Но, добро
Поздрав
Хехе
Шопов, да не си му ти некој
Испратено на 30 август 2010 од ХехеШопов, да не си му ти некој роднина на покојниот Ацета Шопов? Врскаџиство цела фамилија! Во секој случај расказот и мене донекаде ми се допаѓа:)
Не дека се нема идеи туку
Испратено на 30 август 2010 од ДевојкаНе дека се нема идеи туку премногу раскази има од првиот ден на конкурсот,до денес,и скоро се е исцрпено.Стилот на Нутела е добар,обичен,лесно приемчив кај читателот,а тоа е особено битно.Кога го читам неговите раскази имам чувство дека се напишани со голема леснотија.И Габриела ми се допаѓа,стандардно веќе е добра.
девојко, абе гледам се
Испратено на 30 август 2010 од Хехедевојко, абе гледам се почесто и по турбофолкот се досегнува. Имаш навистина право. Скоро се е исцрпено. Прво за Лукас Аца а сега за Јоксимовиќ и Леонтина. Ај ќе дојдат и Секица и ГЛАВОБОЉА ОД ДИМА И НИГДЕ АСПИРИНА СИНОЌ БИЛ А САМ СА ТОБОМ ПИЈАНА!... и тако даље.
А Бандини веќе беа ми се чини
Испратено на 30 август 2010 од ХехеА Бандини веќе беа ми се чини во некој расказ. Гледам има повторно Тито-југословенски теми.
Еј јак ти е расказот
Испратено на 30 август 2010 од ХехеЕј јак ти е расказот Зигзагус. Зад вратата. Многу јак. Еден од најдобрите раскази. Јасен, едноставен и ја отсликува добро стереотипичната машка психологија. Јестда нејќам футбал, ама твојот расказ е добар!
Епа Хехе,за тебе...порно:)
Испратено на 30 август 2010 од MadafakaЕпа Хехе,за тебе...порно:)
Vo lavirintot, Patuvanje kon
Испратено на 30 август 2010 од Dejan D.Vo lavirintot, Patuvanje kon lunata, Tamu ,Jadro imaat nekoja sveza ideja.A inaku sto znam, po se izgleda deka se iscrupuva kreativnosta na avtorite.No barem mislam deka standardnite pisuvaci(sto postojano prakaat se ok) se trudat da se odrzat.Iako mislam deka ne mora po sekoja cena da se praka sekoja nedela ako ne se at their best.
kako i da e , pozdrav do entuzijastite. Ima sto da cekame sekoj ponedelnik.So vozbuda i netrpenie:)
Шопов за претседател! У име
Испратено на 30 август 2010 од Андреј БолконскиШопов за претседател! У име краља и отаџбине. Лавиринт е крајно генијален расказ. Уздуж и попреко.
Ma nemoj bolkovski? Шопов за
Испратено на 31 август 2010 од ЛалакMa nemoj bolkovski? Шопов за претседател. Како да не! Најдобар расказ е зад вратата. Не, Шопов само нешто филозофира, филозофира на добар начин, ама пак е филозофирање.
Najdobar spored mene e
Испратено на 31 август 2010 од AvtorkaNajdobar spored mene e raskazot Tamu. Ne e praven, konstruiran, tuku ednostavno e otkornat od raskazuvackata i zatoa mi se dopaga - zvuci mnogu iskreno. Baska temava- odnosot megu majka i kerka e edna od poretkite vo konkursov, ne deka ne ja nemase, no ovde go imame iskreniot moment - realna slika na eden realen nenakiten neugladen odnos. Ne e dovolno jasno, no ne znam zosto jas imam asocijacii deka likot raskazuvac ne izleguva od doma i ima modrici, kaisi bidejki se leci od zavisnost od droga i taka go dozivuvam raskazot. Ako avtorkata mislela na nesto drugo - neka kaze. A mozebi tie kaisi se samo simboli na ograniceniot svet na kerkata za koj majkata ima nekakvo vlijanie. Mene mi e ubav onaka kako sto jas si go razbiram- kako majka koja ja vrzuva kerkata "za nejzino dobro" no sakajki da ja iscisti od zloto nema dovolno znaenje i iskustvo za da ja razbere i da i pomogne na vistinskiot nacin, na onoj nacin koj i e potreben na kerkata vo momentot. Dokaz za toa "razminuvanje" i nedovolno poznavanje na svojata kerka e zabeleskata na majkata vo koja i veli na kerkata da si gi izmie racete oti i se leplivi, a kerkata ne ja ni probala smokvata. Pa sto znae togas taa majka? I kolku e majka koga toa ne go znae? Raskazot e dobar i zatoa sto ne naviva samo za ednata strana, raskazuvackata e svesna za tagata na majkata i nejzinoto stradanje poradi nea. I pokraj navredata i razocaruvanjeto na krajot, raskazot zboruvjki za losiot odnos na paradoksalen nacin blika od vzaemna ljubov na tie dve sustestva koi ja delat bolkata edna za druga iako sekoja na svoj nacin.
Vtor raskaz koj mi se dopaga e raskazot Zad vratata. Ne e kojznae sto, no e stosen, otkacen, ima ubav kontrasten presvrt- ljubezniot i prekulturen, prevospitan lik ima drug lik(opacina, podloga pod maskata) koj kolku da e iznenaduvacki vo odnos na prviot tolku e i realen, ocekuvan, i vo toa e ubavinata na ovoj raskaz- vo negovata hiperrealnost- site sme neuredni, smrdime, prdime i masturbirame.
Kako tret bi go izdvoila raskazot Vo lavirintot. Deluva svezo inventivno, interesna e mitoloskata predloska, aluziite koi gi budi Minotaurot so denesnite Minotauri koi nikoj ne gi gleda no od nivnite skrieni pozicii ni gi ureduvaat dirigiraat zivotite... Ubav e, so eden zbor, no samo edna zabeleska: fudbal vo lavirint? podobro da igrale nekoja druga "drustvena igra" za da bide poverodostoen.
Za kraj bi go spomnala uste Sahta zaradi interesnata igra so zborovi, i Wanted isto zaradi iskrenata realna slika na denesnicava vo koja isprevrtenite vrednosti i neostvarenite licnosti se sekojdnevie.
Stop!
Испратено на 05 септември 2010 од (FalaPsevdonim)Хеј дечки, мислење е мислење, секој го има, ама олку опширно да пишувате за своите доживувања на расказите е претерано.Едноставно кажите кои ви се допаѓаат, зошто(во кратки црти) и толку!Што има толку да кажувате?Секој треба да си направи свое мислење ОТКАКО ќе го прочита расказот, а вака тие што погрешиле да ги читаат прво коментарите ги усвојуваат вашите зборови здраво за готово, сакале или не.
А и плус од толкави коментари ми здосадува да ги читам тие понатаму:)
Јас би издвоил лично повеќе
Испратено на 31 август 2010 од Ви.ЗаЈас би издвоил лично повеќе раскази. Расказот Таму е одличен, но јас не го сфаќам како лош однос меѓу мајка и ќерка, туку како лош однос меѓу мајка и дете во тинејџерски младешки шалабајзерски години во кои младите доста непримерно се однесуваат кон своите родители. Сосема тажен момент, особено кога најблиските си одат отаде, па ни е криво за нашиот однос кон нив. Единствено модриците би рекол дека се поврзуваат со дрога, но и мене ми е тоа загадочно. Чудно ми е за каишите. Не се тоа цревца што си ги врзуваат па се дрогираат. Исто и смоквите потсетуваат на нешто старо, нешто од баба или така нешто, бидејќи денес помладите жени не го прават тоа слатко од смокви бидејќи е тешко. Исто и чаршавот како и другите предмети можат да имаат симболика, но не знам, нека каже авторката.
Зад вратата ми се допадна заради неговата едноставност и убавиот крај.
А Уантид е растревожувачки расказ. Чувството да се биде спореден. Кај Нолевска во Ритуал ми се допадна нејзиното отсликување на просторот и предметите. Таа во детаљ доловува слика. Така што и тоа е за пофалба според мене.
Впечаток ми оставија и Секој за некого навива и Спомени.
А Елла би го замолил да го објасни својот расказ бидејќи не го сфатив добро.
Raskazite
Испратено на 31 август 2010 од Marijana"Tamu" e i mojot ovonedelen favorit. A, za Lavirintot na Shopov osven so Cekajki go Godo mozat da se pravat paraleli i so Sizif, no vo osnova ubavo iskoristena zborovna niza. Mi se dopadna poslednata recenica od "Presuda". Raskazot spored mene ima premnogu zborovi, no krajot go krasi deloto :)) ( Sega da bese Mozart ziv ke prasase: Koj zbor e vishok? ) Navistina ne mi e jasno zosto nikoj ne gi spomena "Pismata". Krajno precizno, do isprekinatata linija, prezemena slika od realnosta.
За Шопов уопште неќам ни да
Испратено на 01 септември 2010 од ДверскиЗа Шопов уопште неќам ни да дискутирам. Можам само да идам да куснам нешто и да си легнам. Цар. :) Од другивe, што знам кој ми се свиѓа, Николина ваљда пак, иако за нијанса помалку од пред некоја недела, Елла, SevenOfNine и уште по некој. :)
Патем, имам еден мал предлог до сите вас тука, кој, ако ви се допаѓа, можеме здружно да го прифатиме, или пак, доколку не, да му пукаме во глава и да продолжиме да си читаме нешто друго на интернет.
Значи, суштината на истиот е прилично едноставна, и таа е во следново:
- По седми октомври, кога конкурсот официјално и ќе заврши, предлагам да не запираме со пишувањето/праќањето на расказите, туку да продолжиме да се организираме на некаков поинаков, за почеток, прилично скромен начин. На пример, може да се префрлиме на некоја од блог платформите (читај: wordpress) и да продолжиме да се читаме таму.
- И таму би ги задржале едноставните правила на игра како и тука. На пример, расказите/песните би ги објавувале периодично: на неколку дена, еднаш седмично, еднаш во две седмици и т.н. Чисто поради ефектот на исчекување кој би им дал посебен шмек на „делата“, на самото доживување. Од друга страна, за да не се истрошиме пребргу, и како читатели и како некакви си автори, повторно ќе договориме ограничување на бројот на раскази/песни кои еден автор ќе може да ги објави во одреден временски период. На пример, 3-5-10, седмично. Исто - по договор.
- Секој (или барем повеќето) од членовите ќе има модераторски права, но само еден (или подобро двајца-тројца) од нив ќе биде администратор на блогот. Предлагам тоа да биде некој објективен, компетентен, стабилен и доверлив човек, на пример некој/и од жениве на порталов: Авторка, Анонимна, Маријана, или кој и да е друг што озбилно и професионално ќе се постави кон работата, хобито, како и да е. :)
- Секој што ќе сака да објавува раскази на блогот (а понатаму, се надевам, порталот) ќе може да го направи тоа. Под псевдоним или не. Авторот, по некое време, ќе добие модераторски права, но сите негови раскази најпрвин ќе одат на формална проверка кај администраторот/уредникот, поради што е пожелно истиот (администраторот) да има завршено филолошки факултет или барем да е студент таму во последните година-две од школувањето.
- Нема да има поделба на аматери и професионалци. На пример, и ја и Шопов ќе можеме да објавуваме раскази/песни, ако некој од нас сака да го направи тоа, и доколку истите ги задоволуваат минималните нивоа на книжевна култура и квалитет.
- На блогот ќе биде дозволена разумна слобода на говор, што ќе му дојде нешто како разумен компромис. :)
- Нема да има материјални награди/стимулации, но ќе има еден куп уживање во меѓусебното читање и критиките, а со тек на време се надевам и развој кај повеќето од нас. Од време на време, или почесто, можеме да организираме и конкурси, на пример тематски, жанровски или што ти ја знам све какви. Не сум филолог, тоа другите ќе решат. Или сите заедно, како и да е.
- За некое време, можеби една година, можеби нешто повеќе, подобрите раскази/песни можеме да ги издадеме во некое наше печатено и/или онлајн издание. Под лиценцата на creative commons или не. И потоа можеме да продолжиме да го правиме тоа.
- Секој што ќе сака ќе може да објави свои литературни рецензии/критики/статии, без никаков временски лимит, но тие би морале да бидат одобрени од страна на администраторот/ите. Со други зборови, кај ваквиот теоретски книжевен материјал би постоел некаков поконцизен квалитативен критериум, кон кој администраторите малку построго би се придржувале. Што е причина плус тие да бидат дипломирани филолози, или да се на чекор до верификацијата на своето формално, високо образование.
- И, најдоброто за крај - ја нема да бидам администратор. :)
Епа, апла грубо срочено, тоа би било тоа. Доколку има некој заинтересиран, барем тројца - четворица од нас за почеток, супер, ќе се договориме што понатаму. Ако не - ништо. Се читаме до октомври тука, па после да сме живи и здрави.
Ајде. :)
I'm in.
Испратено на 01 септември 2010 од АнонимнаI'm in.
Првичната идеја за Таму ми
Испратено на 01 септември 2010 од LeylaПрвичната идеја за Таму ми беше да ја сместам девојката во лудница. Во оригиналниот кус расказ имав визуелизирано уште една реченица после заминувањето на мајката, но како и да ја свртев ми доаѓаше одвишок и тотално излишна со своето присуство (некое клише на крајот, како друг пациент седнат до девојката и објаснува дека ноќеска разговарал со Господ...). Откако ја избришав , расказот стана повеќедимензионален и сакав да слушнам друго мислење пред да го пратам на конкурсов. Првичната реакција на другата страна беше дека девојката е во куќен притвор. Каишите не беа доживеани симболично, туку во буквална, непреносна смисла.
Констатиравме дека девојката може да е секаде - во лудница, во домашен притвор, затвор, во клиника за рехабилитација... каде , каде, каде е девојката? - Таму.
Тоа е тоа. Не постои никаква поголема филозофија позади сето ова со оглед на фактот што истиот го напишав за помалку од 3 минути. :)) Може да се каже дека теглата смокви и точкастиот чаршаф носат некоја носталгична нишка од минато време, кое само мајката го носи во себе.
Авторка е сосема во право - расказот не е размислуван, конструиран, едноставно се излеа после една домашна кавга.
Генерациски јаз, јбг :D (лажам, мајка ми ме родила на 19 години). :)))
Како и да е, благодарност до сите на кои им се допадна. Минатата недела за прв пат пратив три куси раскази, за кои, морам да признаам и не обрнав посебно внимание, па беа поистоветени со канализациски декор и повеќето од коментарите не ми беа наклонети. Но, еве преродена, понизно понудив уште три. Ценам сечија критика - позитивна, негативна, конструктивна, Дверска ... :))
Од оваа недела ми се допаднаа Писмата на Nu Tella. Има некој ѓаволест шарм во овој кус расказ. Ме смее и ме натажува истовремено.
Зад вратата е буквар за човечката природа. Јасен, прецизен, ненакитен.
Излет на Матка го бендисав. Можеби затоа што Бисерче во деминутив е именце кое ми делува така наивно, невино, во целата таа ситуација која е се' освен наивна и невина. Блика со сурова реалност, ме остави гладна за уште... Замислувам.
Поздрав до сите
Аууу? ТИ си бил
Испратено на 01 септември 2010 од Ви.ЗаАууу? ТИ си бил администратор? Официјален? Куку леле Куку леле! Ама идејата ти е на место!!!
Поздрав
Ви.За.
Веќе го кажав на кратко
Испратено на 01 септември 2010 од АнонимнаВеќе го кажав на кратко моето мислење за расказот „Во лавиринтот“ на Шопов. Тогаш немав време за образложение, но сега имам и сакам да го изложам. Со тоа сакам да го поткрепам мојот став за расказот, но и да им реплицирам на оние кои му наоѓаа некакви замерки.
За почеток би се фокусирала на две клучни точки за расказот: „царевата ќерка“ и „лавиринтот на Минотаурот“ или „лавиринтот и Минотаурот“. Царевата ќерка алудира на некаков авторитет, но не на самиот авторитет, кој што би бил царот, туку на она што на царот многу му значи и она во име на кое тој „се жртвува“, го заштитува со закон и спроведува казни за негово непочитување. Царевата ќерка сама по себе не е воопшто важна, нејзината важност се состои во тоа што таа го претставува - надлежност на царот, т.е. на авторитетот. Е, сега, „ја штипнав за задник царевата ќерка“. Мора да признаеме дека престапот на младичот не е кој знае колку голем. Тој не само што не е голем, туку ако размислиме подобро, не е ни престап. Ако штипнел некоја друга девојка за задникот, можеби ќе добиел една инстант шлаканица - и толку! Но, тој се осмелил да си поигра со царската ќерка, да си поигра со авторитетот кој стои зад неа, со моќта со којашто тој располага и на тој начин да си поигра со својот живот. А, зошто, пак, да може да ја штипне која било девојка и да си помине неказнето, а да не може да го стори тоа со надигнатата, која можеби го има привлечено не со својата убавина, туку со забраната што лебди околу неа. И сега ете го младичот по кршењето на забраната на служење на казната. Казната не се извршува каде било, туку баш во лавиринтот на Минотаврот. Самиот Лавиринт е страшен, да бидеш во лавиринт значи да се наоѓаш во некоја речиси безизлезна ситуација и како минуваат деновите надежта за излез се намалува а, стравот сè повеќе и повеќе расте. Тука е стравот од глад, од жед и во крајна линија од морбидна завршница на сопствениот живот. Но, во ситуацијава во расказот, главниот лик кажува дека е редовно хранет, што значи дека тој треба да остане во живот. Но, не затоа што авторитетите сакаат да го поштедат од стравот и да го казнат со социјална изолација. Не. Затоа тука е Минотаврот. Тој треба да го одржува стравот од ужасна смрт (со крвожедно расчеречување, џвакање и голтање). Но, како што расказот се движи кон крајот сфаќаме дека Минотаврот е фиктивен, дека тој постои само како идеја, само како едно невидливо плашило за врапци. Но, што се луѓето што постојано живеат во страв, ако не плашливи врапци.
Во средината на расказот, особено ме интригираа два исказа на раскажувачот: „Малку е здодевно, но подобро е отколку да безделничам чекајќи ја смртта. Ме теши и тоа што знам дека правам нешто корисно – чистотата е половина здравје!“. Овие две идеи се од времето на комунизмот. Нема друго - тоа е тоа. Слоганот „залудно работи, залудно не седи“ упатен кон работничката класа има за цел да и всади верување дека „работата го прави човекот“, дека треба да се работи и работи и работи..., а слоганот „чистотата е половина здравје“, исто така е од тоа време кога со оваа идеја се напојувала истата таа работичка (читај сиромашна) класа. Таа се надоврзува со идејата „сиромашни сме, ама чисти“ со која се гордееле овие луѓе и со која многумина и денес се гордеат. Каква манипулација со мислите, да ги натераш луѓето да мислат дека постигнале нешто во животот со тоа што работат и добиваат толку колку да се исперат, испеглаат и исчистат. Комунистички генијално! И, на крај, целиот расказ неиминовно наликува на случка извадена од секојдневието на тој комунистички режим, во кој луѓето биле казнувани буквално за ништо, извршувале долгометражни казни, па дури и да биле пуштени на слобода, продолжувале остатакот од својот живот да го живеат во страв.
Сепак, големината на расказот е во тоа што тој не мора да се врзе само за овој одреден период, туку има една севремена димензија која му овозможува да функционира во секој општествен контекст во кој владеат структурите на силата и моќта, а обичниот човек може да биде задоволен што ќе игра фудбал одвреме-навреме, нели - не за џабе тоа е најважната споредна работа на светот.
Se soglasuvam so Dverski i ne
Испратено на 01 септември 2010 од Nu TellaSe soglasuvam so Dverski i negoviot predlog<mi izgleda zasega deka e vo red
На Анонимна прашањето веќе и
Испратено на 01 септември 2010 од Ви.За.На Анонимна прашањето веќе и го поставив. Сега на Дверски. Дверски, абе да не си ти во Комисија, а тука у Инкогнито? Од една страна употребуваш зборови како ебано мебано, што не ти личи, а од друга страна имаш разумни идеи?
Поздрав
Ви.За.
I jas se soglasuvam so
Испратено на 02 септември 2010 од MarijanaI jas se soglasuvam so Dverski.Tuka sum za sto i da treba. Mnogu me bendisa razmisluvanjeto na Anonimna za Lavirintot. Edna od najubavite analizi sto sum gi procitala posledniov mesec dena (Vo i von sajtov). Neoptovarena so golemi zborovi i idei, nepretenciozna, no kratka, koncizna i ednostavna. Daj barem krsti se nekako, da ne si Anonimna. Sakas da ti bidam kuma? :)))
Анонимна е совршено.
Испратено на 02 септември 2010 од АнонимнаАнонимна е совршено.
Епа тогаш, ајде, за целта на
Испратено на 02 септември 2010 од ДверскиЕпа тогаш, ајде, за целта на дискусијава се префрламе на една од групите на гугл. Пратете ми мејл на dverski на gmail.com за да ви пратам покана. И, пожелно е да си направите нови мејлови (анонимни или не) доколку сте параноични по природа. За да не ме замарате после со се’ и сешто. :)
Ајде, па да ви кажам на која сметка да уплатите по 500 Е. :)
Идеиве Дверски не ти се
Испратено на 02 септември 2010 од ЛалакИдеиве Дверски не ти се лоши. Но, има само еден огромен проблем! Анонимна самата кажа дека нашиов народ е летаргичен, па му треба стимулација. Јас не верувам дека многу ќе учествуваат во таа твоја рубрика. Што мислиш ти?
Абе, нема ништо мое тука. Или
Испратено на 02 септември 2010 од ДверскиАбе, нема ништо мое тука. Или правиме нешто заеднички, како луѓе, или не правиме ништо. До толку е просто. Што значи, ако не учествуваме не учествуваме. Никому ништо. :)
Инаку, да, на иста фрекфенција сме. :)
Да, Дверски Лалак има
Испратено на 02 септември 2010 од Ви.За.Да, Дверски Лалак има право. Но, и ти добро си викаш. Ај сега откриј се. Да не си ти комисијата!
Мене некако ми смрди дека си некој од НВО Метаморфозис. или поврзанн со нив. Бидејќи го спомена Креатив Комонс? Имаш ти удел кај нив?
Ви.За., не сум дел од
Испратено на 02 септември 2010 од ДверскиВи.За., не сум дел од комисијата. И не сум член на ниту едно од НВО-ата. Напротив. Дури и ги делам твоите чувства кон нив. :)
Плус, сфаќаш дека говориме за обичен блог, нели? Во што е проблемот? Зошто толку скептицизам и параноја? :)
До кога трае конкурсот?
Испратено на 02 септември 2010 од EДо кога трае конкурсот?
До седми. Океј.
Испратено на 02 септември 2010 од EДо седми. Океј.
Јас би дошла. Ќе ми дојде
Испратено на 02 септември 2010 од LeylaЈас би дошла. Ќе ми дојде како еден вид литерарно виртуелно менторство, а и сакам дружба.
Дверски, срце пердувесто, Lead the way!!! :)))
Leyla, прати ми мејл на
Испратено на 03 септември 2010 од ДверскиТаман работа некој без тебе да појде негде. :)
I jas idam. A administrator
Испратено на 02 септември 2010 од AvtorkaI jas idam. A administrator neka bide Anonimna.
Фала на одговор. Сакав да
Испратено на 02 септември 2010 од Ви.За.Фала на одговор. Сакав да знам дал си член.
Ако се работи само за блог го имате и мојот благослов се разбира! Блогот е безвременски, кој сака реагира, кој нејќе никому ништо! Јас исто би учествувал повремено. Мислам дека би функционирало многу добро.
За НВОата знам дека е многу тешко, бидејќи имам искуство со народна летаргија која лежи во нив. Не дека јас сум подобар, ама сум видел и полошо! Еден прави, а другите чекаат! Или еден прави, а другите чекаат (само пари):)
А од каде знаеш какво мислење имам за НВОата?
Поздрав,
Најинтересното е кога би се установило дека учесниците на форумот и конкурсот се познаваат. Што не е исклучено:)
Поздрав
Ви.За.
E pa ajde nekoj neka isturi
Испратено на 02 септември 2010 од MarijanaE pa ajde nekoj neka isturi casa voda za da trgne rabotava :))
Во расказот ЈАДРО,
Испратено на 03 септември 2010 од EллаВо расказот ЈАДРО, наполитанката раскажува една случка како објективен набљудувач.Имено, ја раскажува посетата на еден од љубовниците кај мајката од бившиот избраник.
За мене наполитанката "Јадро" во комбинација со 100 грама кафе носи поинаква симболика.Најмалку би ја поврзал со урбан геј фраер кој ја посетува мајката на бившиот.Ви.За се надевам дека сега по повторното препрочитување на расказот ќе биде појасно!
Патем, сум за идејата на Дверски.Ја поздравувам и сум in.
А што бара урбан геј фраер
Испратено на 03 септември 2010 од questionА што бара урбан геј фраер кај мајката на бившиот?
добро прашање:)
Испратено на 05 септември 2010 од ЕллаТоа е и поентата, што по ѓаволите бара фраеров па уште и со Јадро наполитанки?Но ете се се случува....
Инаку, сакав да ставам наводници но се премислив.Така ќе беше многу и непотребно провидно.
Ај, бе, па и ти, многу
Испратено на 04 септември 2010 од ДверскиАј, бе, па и ти, многу прашуваш. :)
Него, кога сме веќе кај мајките на бившите, Елла и вие другиве ентузијасти можете директно да се приклучите на групана, за која говоревме погоре, тука:
http://groups.google.com/group/kvorum
Името е стварно петпарачко и благо ретардирано, ама тоа со Анонимна ќе си видите. Со денови и’ велам да го смениме, не дава, вика - седи бе тамо у ќош, немој да ти дојдам да ти лупнам некој бокс у џигер, па да те терам да чистиш! Простачиште недоквакано! Wannabe писателче! Макарена! Сељак! Клапчо! Вол! Викам, бриј! И стварно знае да биде груба така од време на време, али па ако сум добар и послушен на празници ме води у парк и ми дава да седам до неa и да ќутам, така да, не е се’ е така црно... има и по нешто беж. Патем, освен неа тука се и Nu Tella и она лудоно мало од погоре што враќа муабет на име Leyla. Поклон до неа инаку. Исклучителна смисла за хумор. Само можам да се надевам дека еден догледен ден, кога веќе нема да имам сили да се борам против далеку побројната орда насилнички од Филолошки, ќе се сети на овие упикувачки зборови и ќе земе да ме брани. На Маријана и Авторката им се врачени поканите и линкот, па и нив ги чекаме да се зафркнат и да дојдат. :)
Епа, ете тоа е. Нема више. Ајде и се гледаме! Поздрав, чао, кис4е, муц! :/
edit: А, да, тоа што во моментот стојам пред вас, толку фин и културен, демоде налицкан, елегантно залижан и тутнат у бљантаво крем одело, со ѕвонцави окови и лептир машна од свила, е повторно по заслуга на Анонимната. Чисто колку да знаете по кого утре да фрлате дрвја и камења, кога ќе го видите покрај кеј, како тепа мали деца у два и пол попладне. Бууу Анонимна!!! Бууу!!!
edit 2: Македонија и Словачка шутирале топка пред некој сат. Имало гол. Редно е некој да седне и да напише ретко емотивна песна за тој прекрасен, вознемирувачки пир(г) на современоста.
edit 3: Елла, ако некогаш повторно пишуваш за било каков вид на храна барем предупреди не на време, бе, човек. Кај сеа да си купам наполитанки у пола пет сабајле, мртов уморен и мокар? М? :(
edit 4: Има ли бре некој жив на овој проклет „форум“? Алооо!! Јен-два-три-четири, јен-два-три-четири... ЈА СААAКAАМ ЦАРЕВАТА ЌЕЕРКАААА!!! Не ја давамеее!! Ќе пукамеее!! Пукајтеее!!! Кој? Џесика Алба! Е, па и ти па, ја претера сеа... Кој ја претера? Ти ја претера!! Неее!! Дааа!! Мууу!! Не! А! Шљ! ’*#?! ♫♪♫♪
И би слом.
Супер!...Коментар и
Испратено на 04 септември 2010 од MadafakaСупер!...Коментар и пол...Одлично!..Уште се смеам,од сабајле...:))..Ај бе да те запознаам,Дверски....
Abe i jas sum in u toj
Испратено на 04 септември 2010 од Ви.За.Abe i jas sum in u toj blogot.
Инаку Елла не знам што би рекол за Јадро. На почетокот си можел да го ставиш во наводници. Мене ни на памет не ми текна дека се работи за Јадро наполитанки на почетокот. Јадро наполитанките барем според мене не важат за некои елитно-фраерски. Кога носиш наполитанки, носиш Домаќица, или кило од Краш. А кога идеш кај пензионер носиш чоколокум.
Ете толку од мене:)
Ви.За.
Ин си бе знам па и ти, тууу.
Испратено на 04 септември 2010 од ДверскиИн си бе, знам па и ти, тууу. Ти чуваме место, ама не можам у секој коментар да го пишувам тоа. Разбери више! :)
Дверски, срце предувесто,
Испратено на 04 септември 2010 од LeylaДверски, срце предувесто, фала на укажаната чест и доверба, ќе си ја оправдам со сите петки и ќе покажам особен успех и интерес... Ваљда. :)))
Ако те докачат за да те докрајчат, јас ќе се ставам у твоја одбрана, ќе устрчам со патлиџани, иако те предупредувам - и моите живци се т'нки, излитени, изгмечени од катедрата на Филолошки :)))
(лажам, па јас немам паднато ниту еден испит, побогу!) :D
п.с. Од каде ти Дверски знаеш дека сум мало? :S
И кисче е кис4е, со 4 *четворче).... АААААА, така знаеш... Ах, Дверски, Дверски... :D
Под мало мислев ниско. Сите
Испратено на 04 септември 2010 од ДверскиПод мало мислев ниско. Сите сте ниски за мене. Имам три и пол метри. :)
Не, најозбилно. Три и пол.
Па, уште и фалбаџиче. Хахаха. Патем, ни ја немам. Само не на филолошки. ;) Who's the mothafucka now?
п.с. 4-че it is. Ајде, трендафили за тебе и поздрав. :)
Здраво дечки! :) Ентузијазмот
Испратено на 04 септември 2010 од outTakeЗдраво дечки! :)
Ентузијазмот врие а? :)) Aкo, туку кој е ин, ама стварно ин не „ин“, нека се вклучи во групата со клик на линкот погоре и аплицирање. Моментално се собираат членови (засега се седум), а со дискусија ќе се почне од понеделник. Додека оние отпосле вклучените, ќе бидат запознаени со предходно сработеното.
Од понеделник очекувам да се запозанеме подобро, а до тогаш собирајте идеи околу изгледот и конкструкцијата (според вас како би требало да биде) на сето тоа.
Ajde be prikljucete
Испратено на 04 септември 2010 од Vi.Za.Ajde be prikljucete me!
ciao