
Изложувачите од Кралството Бахреин, екипите Bahrain Urban Research и LAPA, фотографот и инженер Камил Захариј и филмскиот продуцент Мухамед Бу Али, како и претставниците Бур Ал-Сајех и Фуад Ал-Ансари во својата земја, која првпат се претстави на Биеналето за архитектура во Венеција, го носат Златниот лав.
Како што во соопштението за јавност објаснија: „Жирито е импресионирано од изборот на луцидна и делотворна само-анализа при односот на земјата кон брзите промени на нејзините брегови, но и со формите на импровизирана архитектура која се претвора во јавен простор“.
Тимот од Бахреин во проектот насловен „Reclaim“ прикажа три од своите оригинални дестинации дислоцирани и реконструирани рибарски куќички, кои на посетителите им нудат можност да ја доживеат, а не само да ја набљудуваат архитектурата во сосема ново опкружување. Преку видео и фотографија прикажаа и многу обемно истражување за географските и урбанистички промени кои од 1930 година се случуваат на бреговите на оваа островска земја.



Јапонското архитектонски биро junya.ishigami+associates е наградено со Златен лав за учество на изложбата „Луѓето се среќаваат со архитектурата“ како најдобар проект на биеналето. „Архитектурата како воздух“ ги истражува новите форми на проѕирност во структурата на градбата. Со бришењето на границите меѓу просторот и структурата проектот всушност ја прикажува архитектурата како воздух кој ги надминува претставите за леснотијата и тежината. Инсталацијата е 14 x 4 x 4 метри физички модел на зграда планирана за градба во некоја европска област. Многу кршливата инсталација изградена само од карбонски столбови се урна за само неколку часа по отворањето за новинарите на 26 август. Сепак, наспроти неволјите кои го следеа јапонскиот тим, жирито заклучи дека станува збор за: „единствена и бескомпромисна визија која ги поместува границите во сите области: од материјалот, видливоста, тектониката до обемот“.



Тимот OFFICE-a Kersten Geers David Van Severen заедно со фотографот Бас Принсен (Белгија и Холандија) кој го претстави својот проект во рамки на изложбата „Луѓето се среќаваат со архитектурата“ доби Сребрен лав за млад учесник кој ветува. Делото „Седум дела, 21 перспектива“ кое преставува фотографии на Бас Принсен сместени во седум различни простории, го импресионираше жирито со „способноста да ја помири фотографската анализа и интервенција проектирана во кохерентна визија“.

Почесниот Златен лав е доделен на холандскиот архитект Рем Колхас.
Извор: pogledaj.to