
Интернет страницата breathingearth.net е симулација во реално време која прикажува мапа на светот и која го бележи бројот на родените и умрените, како и испуштањето на CO2 во сите држави од светот.
Со вашето отворање на оваа страница се стартува стоперица која, за времето што ќе го поминете на неа, непрестајно ќе ги брои родените и умрените, како и количината на испуштен CO2 во светот.
Со преминување на стрелката од вашето компјутерско глувче врз територијата на некоја држава ќе погледнете податоци за секоја од нив. За отприлика десетина минути додека престојувавме на страницата, светот „произведе“ неверојатни 500 000 тони CO2, родени се преку 2500 бебиња, а отприлика 1200 лица починале.
Во Македонија, на пример, на секои 28,9 минути умира, а на секои 21,2 минути се раѓа по еден човек. Исто така, на секои 48,3минути се испуштаат 1000 тони јаглерод двооксид.
Овие зачудувачки податоци, иако се засноваат на доверливи извори и реални статистички информации, сепак, како што истакнуваат од оваа страница, не можат да бидат 100% точни. Како и да е, тоа не треба да ве спречи да ја посетите и да ја проверите состојбата на некои земји од светот.