
Дознајте по што се разликуваат машките од женските оргазми, колку минути се потребни да се доживее чувството од кое ќе ви се заврти во главата, зошто оргазмите се добри за здравјето и многу други работи...
Жените можат да доживеат оргазам без допирање на интимните делови, и доволно е само да се „направи жежок филм“ во главата, тврдат научниците. При скенирање, центрите во мозокот, кои се задолжени за чувството на задоволство, се осветлуваат кај жените кои си замислуваат секси сцени на ист начин како и кај жените кои доживуваат оргазам со физички допир.
Некои научници веруваат дека доживувањето оргазам за време на сексот ги зголемува шансите за забременување. Хормонот окситоцин, кој за време на оргазмот го постигнува својот врв на излачување, предизвикува контракции на матката, што им помага на сперматозоидите да стигнат до јајниците.
На жените во просек им се потребни околу 20 минути стимулации на клиторисот или Г-точката за да доживеат оргазам, тврдат стручњаците. Но исто така, 24-37% од жените воопшто не можат да постигнат оргазам.
Обично се мисли дека луѓето не можат јасно да мислат за време на сексот, а едно истражување во кое на испитаничките им беа скенирани мозоците покажа дека многу делови од женскиот мозок се исклучени за време на оргазмот, вклучувајќи ги оние поврзани со емоциите.
Грчевите, промените на расположенијата и безволноста воопшто не се најдобриот рецепт за жешка ноќ во креветот, а бројни стручњаци велат дека токму периодот на менструацијата е најдоброто време за секс. Наводно, тогаш оргазмите биле подобри поради зголемената циркулација на крвта во делот кај препоните.
Многу жени можат да доживеат повеќекратни оргазми, а рекордот кој го измериле лекарите Вилијам Хартман и Мерилин Фитиан изнесува 134 оргазми за еден час. Тоа значи дека жената која учествувала во истражувањето во просек доживувала по два оргазма секоја минута.
Иако мажите и жените доживуваат оргазам со еднаков интезитет, се разликуваат во траењето на истиот. Машкиот оргазам просечно трае 4 секунди, додека женскиот може да трае и до 15 секунди. Освен тоа, мажите многу побрзо доаѓаат до врвот на сексуалното задоволство – потребни им се од една до десет минути, додека на жените понекогаш им се потребни и до дваесет минути.
За време на оргазмот телото согорува само три калории, но затоа многу повеќе се трошат во обидот да го доживееме – во просек по 50.
Оргазмите имаат позитивно влијание врз нашето здравје, посебно на одбранбениот систем, а превентивно делуваат кога се работи за кардиоваскуларните болести, па дури и ракот, бидејќи го опуштаат телото и ги отстрануваат негативните ефекти на стресот.
Извор: Intimate Medicine