Влегува наставничката во училницата, држејќи ги во раце писмените задачи и налутено им вели на учениците: - Срам да ви е, деца! Јас ви задавам тема за писмена задача „Славните жени во светот“, а вие ми пишувате за Нора Шакири и некоја си Лејди Гага! Зошто никој од вас не се сетил на... да речеме... Марија Кири?!
На ова учениците почнуваат да шушкаат, да се погледнуваат, а потоа и да се смеат.
-Сега ви е и до смеење, срам да ви е! - налутено им вели учителката.
На ова, една ученичка станува и поучно вели: - Наставничке, не се вика Марија Кири туку Мараја Кери!