
Радио-кулата од 1922 г., сместена во Москва, која со децении служеше за радио пренос на комунистичката пропаганда, сега се наоѓа во лоша состојба, а кампањата да се сочува ја започна британскиот архитект Норман Фостер.
Челичната кула со височина од 150 метри, која ја проектирал Владимир Шуков, еден од главните архитекти на раната Советска Русија, сега пропаѓа, најмногу поради тоа што е зафатена од ’рѓа.
Фостер ја објасни својата акција со тоа дека станува збор за првото важно обележје на советската ера, ремек-дело на брилијантен проектант, кое го карактеризира исклучителната историска важност. Апелот на Фостер го поддржаа многу европски и американски архитекти.

Кулата е изработена од решеткаста структура, која спирално кружи и обликува столб. Ленин ја иницирал градбата за да го величи новооснованиот СССР. Денес кулата стои запуштена бидејќи федералните и локалните власти не можат да се договорат кој ќе го преземе финансискиот товар за нејзина обнова. Кулата е во сопственост на руската национална телевизија, но оваа куќа нема средства ни интерес за такво нешто.

Кулата е затворена за посетители поради безбедносни причини. Замислата е да се обнови и да биде една од главните туристички атракции во Москва.
Извор: pogledaj.to