
Студиото за дизајн Worth1000 неодамна имаше конкурс за најдобар минималистички филмски постер. Меѓу најдобрите се издвоија постерите за познатите филмски класици како Титаник, Кога јагнињата ќе стивнат, Тепачки клуб, Леон, Снежана и седумте џуџиња и многу други.
Постерите се прекрасно дизајнирани со минималистички и апстрактни облици, покажувајќи ни дека „помалку може да биде повеќе“. Овој стил им дава современ изглед кој ги задоволува вкусовите. Којзнае, можеби во иднина и ќе се претпочита ваквиот тренд во обликувањето на филмските постери?
Некои тврдат дека овие се подобри и од оригиналните. А што мислите вие?











Извор: thisblogrules.com