
Бајачката Мирка веќе ни објави дека Груевски ми ти бил национален водач на Македонците од рангот на Патрис Лумумба, Салвадор Аљенде, У Тант и Че Гевара! Ја пресолила манџата Мирка, ама барем сега стана јасна намената на повторуваната масовна акција „Засади ја својата иднина!“. Тоа Груевски ми ти ги садел идните џунгли македонски во кои ќе се повлече откако ќе му се збоктиса од кабинетот на Илинденска бб и од напорната работа 24/7 и од таму ќе војува на чело на Македонците кои меѓувремено „ќе ги извадат кубурите што ги носат за зорт заман“.
Владимир Милчин, „Шпиц“, 01.09.10.