На брод се наоѓаат Американец, Англичанец, Русин, Германец, Французин и Македонец. Бродот удрил во санта мраз и капетанот му наредил на еден морнар да им каже на патниците да скокнат во вода. Се враќа морнарот изнервиран и му се жали на капетанот дека патниците одбиваат да скокнат. Тогаш отишол капетанот и се вратил по пет минути. – Скокнаа – му рекол на морнарот. – Како успеавте да ги натерате? – прашал морнарот. А капетанот му одговорил: - На Англичанецот му реков дека тоа е спортски, на Русинот дека тое е револуционерно, на Германецот дека е наредба, на Французинот дека е отмено, на Американецот дека е осигуран, а на Македонецот дека тоа е забрането.