Куси-куси раскази, преглед 30 август - 06 септември

06.09.2010 10:59
Куси-куси раскази, преглед 30 август - 06 септември

ZigusZagus

Романи Каравани

Цел ден го поминав пакувајќи ствари. Ова лето се преселувам. Не далеку од овде, купив стан во центарот на градот. Ноќта ја посветив на одмарање. Пуштив албум на Нелс Клајн, запалив цигара и легнав на подот. Медитирав на клајновото свирење. Сè уште лежејќи, слушнав трубање и удари на тапани. Станав и погледнав преку прозорецот да не има свадба или некоја друга прослава, но улиците беа празни. Го проверив компјутерот заедно со звучниците, но оваа музика не е од овде. Овој звук ми беше познат, можеби го имам слушнато на некој филм. Го слушав од тоалетот. Влегов внатре, но тука немаше звучни уреди. Звукот се ширеше од под кадата. Се наведнав и погледнав под кадата, а таму Цигани се веселат. Кога го забележаа моето присуство, прекинаа со веселбата. Следеше долг молк и сите ги полека ги насочуваа погледите кон мене. Ги прашав: Кои сте вие и што барате овде?
- Ние сме Циганите на Кустурица - се истакна еден од постарите - негови творби и умствени чеда, но како секои Цигани и ние патуваме од место на место, така стигнавме под оваа када.
- Но јас си заминувам одовде.
- Тогаш ќе појдеме со тебе
Не видов зошто да не, па им реков:
- Добро.
И така, живеевме заедно сè до нивната следна преселба.

 

Захефтан

Гулабица

Сношти бев на свадбата на мојот мртов другар, неговата невеста се омажи за друг. Привремената верба во вечна љубов, тонеше во чашите со суви голтки. Уштиркано играа на здодевни песни, правеа воз, се провираа под подадените раце исто како и секаде, како и секогаш. Растегнатата мисла на дехидрираните старци, на оние од машка страна, се влечеше по масите: „Телето го продадовме, а премногу сме модерни за да удриме сто стапа по невестата. Или сто и еден?“ - веќе никој не помни колку се удираа.
Сношти се уби мојот другар, во повеќепостотен домашен дестилат, се удави на дното од чашата, ги посла вените на маса, го остави телото над превртениот стол... Не, не, сето тоа ќе беше премногу лесно.
Си приспомнуваше на деновите кога таа не сакаше да ја изгуби невиноста, а анален и беше премногу... „Доста!“ Затоа често го земаше в уста...
Никој не виде црвено. А намерно се точеше бело. Глупачко! Што мислеше кога се омажи во селска куќа?
Го земаше в грло, подзасркнувачки. Раскинатото адамово јаболко стана гнездо, а во него јајце. Од јајцето се испили гулаб. Бел, сив, мртов гулаб.
Силата на работ, масата, чашите, челото, линија!
Автомобилот од работ, ретровизорот, челото, линија!
Семафорот извртено се џари во брезата со испукана кора.

 

Јоргован

Зошто пишувам

Кога татко ми спие

Го сакам тој дел од денот. Сакам и кога ‘рчи. Работите стојат некако вака. Тој по цел ден е на работа. Јас сум дома. Тој навечер си доаѓа. Јас си одам. Во попладнињата кога невообичаено и двајцата ќе се трефнеме, тој спие. И затоа го сакам тој дел од денот.

Кога татко ми спие: два

И цвеќињата дишат кислород, а јас и тој се смешкаме заглавени во апсурден диоксид.

Кога татко ми спие: три

Татко ми штотуку се разбуди и ќе одиме на планина. Затоа немам време да напишам нешто повеќе. Можеби другпат.

 

Џ.Х

Држава

Од Градот ме испратија во посета на моите родители-полжави коишто живееа на нивите. Доволно тешко ми беше тоа што сум полжав, па над сето тоа, кога стигнав до нивите, ми се приближи една мува и ми кажа дека сум на туѓа територија и дека не можам да влезам без патни исправи. Се превиткував од смеење. Очигледно налутена ги повика полицајците-бубачки. Ме приведоа, ме носеа, но не можеа да ја издржат мојата тежина. Со последните сили ме фрлија и затворија во една мала дупка. Подоцна, необично голем гуштер принудно влезе во малата дупка. Немаше воздух и со пискаво гласче ме убедуваше да признаам.
„Но што да признам, што сум сторил?“ – реков зачудено. Гласот на гуштерот стана уште попискав: „Слушај, признај, оти ниту јас ниту ти не ќе се спасиме.“
Се изнасмеав и на шега извикав: „Признаваам!.“
Тогаш гуштерот кашлајќи излезе од дупката, а мене ме извадија и ме однесоа до Претседателот. Тоа беше страшило, поставено на нивите за да ги плаши птиците. Повторно се изнасмеав, но тоа беше пресудно. Слушнав како рекоа: „Се казнува со смртна казна. Извршување на казната: ВЕДНАШ!“ Казната се изврши.
Завладеа тишина и потоа громогласен аплауз и едногласно: „Да живее Претседателот!“

Животот со Другите

Во едно мало место имаше две згради. Во едната живееа Ние, а во другата Тие. Се поделија и животот им стана различен. Од зградата Ние се договорија да ги следат Тие за да не ги нападнат. Од зградата Тие забранија децата меѓусебно да си играат, да се погледнат, да се заљубуваат. Жените се озборуваа, мажите заговараа ситуации во коишто секогаш Другиот беше виновен. Мажите велеа дека Другите синови се крадци, нечесни и нечисти. Жените, пак, велеа дека Другите ќерки биле курви и постојано имале секс, додека нивните ќерки воделе љубов и останувале невини.
Еден ден, неочекувано пристигна војната. Тоа не беше нивна војна. И Ние и Тие се бореа за туѓи интереси. Купуваа резерви на брашно, шеќер, сол, се полнеа шишиња со вода.
Во подрумите се собраа сите. Ќерките на Ние и Тие беа заедно, сонуваа еден ист сон: мали дечиња, детска смеа, игра... Синовите на Ние и Тие размислуваа како со заеднички сили да се ослободат од војната. Тогаш забележаа. Ние се караа како Тие, се љубеа и плачеа исто. Мајките тажеа како Другите мајки, татковците се грижеа како Другите татковци. Истиот страв, истиот копнеж за слобода и мир. Беа и останаа исти, но сепак.. тие се Други. Војуваа за да живеат како Ние и Тие.

Мајка

Ми кажаа дека мајка ми си заминала кога сум имала 2 години. Не можела да остане, да биде дел од моите насмевки, плачења, болести. Ми недостасуваше за да биде дел од моите тајни, моите тинејџерски љубовни разочарувања.
Кога ќе останев сама цртав, тоа ме правеше среќна. Така станав сликар. Сликав многу луѓе, природни убавини, но не можев да ја насликам неа, мојата мајка. Не го помнам нејзиниот лик, нејзините очи, нејзината коса. Велат дека сум личела на неа, но секогаш кога се обидував да ја насликам неа, го сликав мојот лик. Неа ја немаше во тие слики.
Сега кога седнувам на металниот стол, го гледам белото платно пред мене, обидувајќи се да ја насликам неа. Но, не... пред мене постојат само сеќавања обвиткани во недофатливата белина. Мојот син фустан се допира со небесното синило, а нозете не го допираат подот. Рамењата не успеваат да ја додржат главата, а градите стегнати, без воздух паѓаат. Гледам како црвена врвца го поврзува моето срце со нејзиното, мојата последна воздишка со нејзиното немо споменување.
Визијата полека се дави во разумот исполнет со сомнежи. Не, не ја насликав сликата на мајка ми. Таа слика имаше горчлив вкус на недостижната среќа. Слика на свенати години.

 

NuTella

Случка

Вчера син ми официјално ми призна дека е геј и ме запозна со партнерот. Што можев да сторам? Како и секоја добра мајка ги обиколив салоните за мебел за да им купам спална, бидејќи за месец дена ќе живееле заедно.

И за оваа недела не напишав ниту еден кус расказ...


Катја Нешковска

Љубичици

Седнав на два стола и се испружив. Сфатив дека не ме собира и во еден малоумен пад ја прекршив половината. Ми се разотидоа двете страни, па нигде не можев да ги најдам. Застанав во едно поле на кое поздрав праќаа љубени мали љубичици. - Добар ден - учтиво проговорив. - Зошто сте тажни? А зошто плачете под дождот плоден-водичка света, та вие нема да свенете нели? Утре ќе угреете... Престанете, ќе ми испукаат петиците! Мили љубичици, јас не можам да ве љубам. Зарем навистина не можам? - се прашав и почнав да ги газам нивните главчиња и телца. - Ве љубам со својата посилна половина. Плачете за да се радувам! - ги направив крв и пепел. Ги истресив нозете од телцата и продолжив по патеката... патека цела. Патем изгреа убав сончев зрак и ја осветли мојата друга половина. Таа ги подаде рацете да ме тепа: - Како можеше така да ги љубиш малите љубичици? Не знаеја ништо за дождот! Можеше да им бидеш татко, па ќе ги береше меѓу прстињата и ќе ги оставаше крај некоја река кога ќе загазеше подлабоко...
-Но, јас те немав тебе за да ги погалам. Прости ми.
Тогаш се наместивме повторно заедно, но обратно: каде одеше главата не одеа нозете и многу често се вртевме во круг. Цела вечност. Патека цела...

 

Leyla

Слајдови

1. Ја оставивме само на петнаесетина минути. Моравме да ги смениме двете столчиња што ни ги испорачаа по грешка. Воопшто не одговараа на новиот тапет со маргаритки.
2. Плачот беше непрестаен. Деноноќно ми ги пробиваше ушите и утробата. Не сопираше, не се намалуваше, напротив, растеше како квасец. Заработив мигрена и хронична ненаспаност. Се молев да сопре тоа цмиздрење.
3. Одвај го повлеков зеленото перде. Реумата ме вие, годините ме настасаа. Чудниот пар отспротива што постојано преместува мебел очигледно има нова дадилка. Очигледно – алкохоличарка. Натегна од шишето со жед, каква што не бев почувствувала одамна.
4. Сосема природно ми дојде да ја дополнам половината од шишенцето. Течноста беше блага, просто карамелизирана. И еве ја, заспа. Колку е мирна додека спие. Не и’ го чувствувам дури ни струењето на здивот низ воздухот.

Надеж

Го земав книжулето кое под притисок на мојот стисок се испоти и извитка. Печатот се замрчка.
Го стискав така милно, небаре е билет за кино во кое проектираат само сладникави филмчиња со среќен крај.
Утредента ми се јавија и ме повикаа на работа.
Исчешлана, насмеана, мотивирана, пукав од среќа. Тие мали меури кои излегуваа од моите пори сакаа да му докажат и покажат на светот колку сум различна, умешна, своја.
По неколку години престанав да се чешлам. На работа стигнував намуртена, без желба, без елан, без страст.
Механизмот ме вовлече, запчаниците ме дробеа, ме мелеа полека, а јас никако да се истегнам. Добро го подмачкуваа. На секој први од месецот.
Внимателно си ги измив рацете откако пуштив вода. Остатоци од книжулето ми мафтаа за збогум од вц школката.

Писмо via FB

Јас сум добра. Можда ќе бидам одлична по некое време, ако ми се сите 5ки и покажам особен успех и интерес.
Тука почна да врне, да е тмурно.
Вчера бевме на свирка со Весна и ни текна колку ќе беше поубаво да си со нас, на рок свирка. Па заврна и не' накисна, ама ние денсавме . Уште да бевме у бели маички и можда ќе освоевме некоја награда на wet contest t-shirt.
Ти гледам си нашол многу пријателчиња? Ако, тоа е убаво.
Шо би рекла Саманта у сексо и градо - believe me , your fabulousness will translate ! :D
Чекам да ми јават за работа овие две-три недели, можно е да се вработам и да станам пак озбилна.
И тоа, шо другооо ... ааааа мистер Лепи беше кај мене со жената му, ден пред да си ојде за Дубаи и веќе нели не е скапец без дез денара у џебо, туку ми се жалеше како е лошо у Дубаи и се' е оригинал роба. Па он гревче, морал да купува САМО оригинали.
Оно тој е, дај му некој динар на човек и ќе му видеш памет. Немој ти да станеш так'в!
Ти како си, како е на работа? Најде ли пичка, ебна ли, уште колку ќе седеш?
Извини дугачко е, ама мораше да се каже се'.

*** биди ми поздравен и страшно ми фалеш. Мене. Милена

 

Наташа У.

Роденден

Денес ми беше роденден. Ми честитаа многу така да ги наречам странци, од учтивост. Никој посебно. Се мислев долго дали да ги викнам пријателите на парче торта. Некој е на работа, некој има други обврски, некој ќе ми рече дека ќе дојде, друг дека ќе се потруди, трет дека е презафатен...Не ги поканив. Отсекогаш сум се плашела од одбивање и неостварени очекувања. И ОК е, да, да сосема е ОК вака. Та, не сум јас малецко детенце, неизживеано во врска со своите родендени. Да... Супер ми е. Си седам во клацкалката, си внесувам малечки залачиња од чоколадната торта. Мммм... Сама... Ми се оформуваат усните за шепот: 282,283,284... Да, одлично ми е, само не ми е јасно зошто ги шепотам секундите до започнувањето на новиот ден...

 

Ви.За.

Од многу пушење се умира

И покрај тоа што државата и компаниите за цигари се обидуваат да ве просветат, да ви воочат јасно дека цигарите се штетни, понекогаш ми станува многу смешно кога ги читам нивните пораки кои со закон се појавуваат на амбалажата на цигари: „Пушењето убива“, „Од пушењето забите стануваат жолти“, „Од пушењето се добива рак на белите дробови“, „Од пушењето станувате стерилни“, „Од пушењето ви умира спермата“, „Пушачите порано умираат“, „Од пушењето ви старее кожата“ и сто други можни штетности на цигарчето. И кога ќе видиш, сите повторно сладострастно цугаат од овој смртоносен коктел. Нека цугаат. Од тоа не се умира веднаш!

Трошење

Ронка по ронка се губи. Лебот се троши, станува сè помал и помал, додека не стане невидлив. Си купуваш нов велосипед. Го возиш, а гумите се абат, стануваат си потенки и потенки, сè додека не почнат да се дупат. Но, и новите гуми се трошат и за некое време откажуваат. Купуваш компјутер и го користиш една-две години. Од многу работа, компјутерот почнува да фаќа вируси, да му откажува глувчето, да му откажува мониторот и одеднаш рикнува! Но, тогаш каква е разликата меѓу човекот, лебот, велосипедот и компјутерот? И тој беше створен, се трошеше, почна да оди на лекар, но неговото распаѓање продолжуваше, се абеше, венееше и конечно остана само предмет од него.

Кафе-автомат

Кафе-автоматот е мој најверен пријател каде и да одам. Ем е брз, ем прави кафе! А без кафе не се живее! Единствената разлика е дека не прави турско, туку инстант-кафиња! Цела Европа ја прошетав и секаде, па дури и кај нас, има веќе на секој чекор по еден автомат: кафе-автомат кој враќа ситно, кој не враќа ситно, кафе-автомат на банкноти, па дури и кафе-автомат на електронска картичка. Откако ќе се исплати потребната сума, автоматот забрмчува и почнува да го прави магичниот пијалак. Некаде дури може и да се набљудува целиот процес. Во чашката најпрвин паѓа кафе-прашокот, па се долива вода. На крајот се досипува и млеко во прав ако посакате некој посебен кафе-специјалитет. И одеднаш во еден момент читате: ГОТОВО! Се отвора пластичната преграда и го гледате вашето кафе. Мислите дека е само ваше. Но, се излажавте. Истото го пијат уште милион други луѓе.

 

EDYTA

А ќе биде уште поладно...

...и да не го греби паркетот со столиците и чевлите, и да не го остава отворен пиперот, зашто ветрее, и да не употребува коцка за супа, бидејќи неа ја користат само идиоти, и да го остава шпоретот чист и сјаен по готвењето, и да знае дека кафето во кафематот не се прави со вриена, туку со ладна вода, дека кафето во ѓезве, господ да ме чува, се прави исто со ладна вода, и да не ми го дојадува остатокот од мојот сладолед во замрзнувачот, а ако веќе го прави тоа, нека ми купи нов!... И да разбере дека во пријателството ептен важна е емпатијата, и да не дава дебилни одговори на незададени прашања, и да не тврди дека „ако се нема пари да се рекламира ресторанот, тогаш не требало да се отвора“, и да не ме прашува секој ден ‘how was ur day?’, и да не морам иритирано да му згрчам ‘as usual’, и да не ми вели кога ќе се вратам дома „а ти како и обично работиш“...

....И јас да бидам таква нормална и таква глупости да не ме вадат од такт....

 

УЛ.

Чевла

Радикални промени во период од 24 часа, или 24 промени во радикално променливата средина. Свесноста за недостигот на алат за работа не раѓа пријатни чувства. Гладот не се заситува со вода. Неблагодарноста го краси делото, го преиспитува креаторот, го развеселува добитникот. Фрапираниот, помирен, смирен, останува без зборови, за дела кои се далеку од човековата слика за функции и дејствувања. Евтин крем за мачкање на колективната чевла.
А таа се движи нагоре, една е, лева, секогаш добро свети и смрди до солзи.

 

Елла

Пријателот

Двајцата седеа на масата.Наизменично трескаа по неа со рацете.

“А бе, слушај кога ти велам, мене ме поштува најмногу на свет. Прв човек сум му”- трас!
“Нема везе, никако. Мене ми е ко брат. В уста си плукаме” – трас!
“Како да не, не верувам. Ќе ми кажеше, мене сè ми кажува. Ние сè правиме заедно”- трас!
“ Престани, бе, кого лажеш. Со мене е едно. Само креветот нè дели”- трас!

Се ѕвереа и церекаа. Лупаа и трескаа. Рацете им отекоа. Помина “пријателот” и само ги одмина. Не ги ни одмери со поглед. Седна на соседната маса и си порача ракија. А двајцата траскачи порачаа многу мраз. И две чаши достоинство.

 

Авторка

Уво

Да разговараш со тој човек, тоа ти е како да зборуваш со суштество од друга планета кое место лице има едно големо уво. Така на ниеден збор немаш повратна реакција зашто нема веѓи да се насоберат, нема уста да се искриви, нема очи да ја кажат вистината. Единствено едно уво, обично, просечно убаво, правилно само малку поголемо, кое рамнодушно прима сè. Почнувам да го навредувам со најниски зборови и на најразлични основи, не заради тоа што сакам да го испитам неговиот праг на толеранција, туку заради тоа што мојот праг се одлепил и одлетал. И гледај чудо: увото на својот тил имало и чувствителни очи и уста! Супер, сега знам како да го натерам да учи од искуство. Го вртам моето уво да ги прима неговите изливи на болка и бес. Па, не сум јас од Марс!

Совет

Првпат кога преспа во неговото дувло зајачицата се шашардиса кога местејќи го листот на кој спиеше го виде како гледа порно до неа во три часот пред сонце. Со ноќи се трудеше да биде либерална и да заспива со вклучен телевизор на тој единствен канал со исклучен звук како разумен компромис. Дури по шест месеци во една расправија зајко разбра дека ужасно ја нервира што „при нејзе жива до него како некој манијак гледа тоа и па тоа секогаш кога ќе стане по вода или на мочање.“ Тој многу ја сакаше и и стави крај на навиката иако не можеше да сфати како може да крева толку џева за ништо.
По пет години зајко глумеше дека не знае зошто му дава предност да се тушира прв и легнува до него по еден час подготовки. Едноставно му одговараше мазниот, топол и надојден исход од нејзиното десетминутно забрзано прегледување на цедето со порно скриено под здиплените крзна од претходната сезона во дневната соба со рајберкамен на врата. И беше жал да му го крати сонот за долги предигри.
Последната година тие главно не беа чисти, а кога ќе се искапеа, еднаш месечно, си велеа: е сега не ќе се валкаме. На зајачињата накотени во меѓувреме им делеа наравоученија: „Деца, гледајте-прајте додека сте млади!“

raskazi

Pa skoro site se dobri : :)) Mojot ovonedelen favorit e "Koga tatko mi spie". Ubavo e fragmentiran i zabaven e. Zgora na se i dlaboko smislen.  Nutela so "slucka" me nasmea ubavo. Bash postmodernisticki. Do koska. "Slajdovi" na Leyla isto mora da se spomene poradi originalnosta i ubavo vklopenite delovi, igrata so naracijata i nedoiskazanosta.I toa e toa.

 Гулабица на Захефтаниот ми

 Гулабица на Захефтаниот ми направи многу мерак, уште од првата реченица. Идејата не е многу оригинална, но композицијата, начинот на раскажување, играта со многуте стилски изразни средства ми ја наполнија душата. Почувствував и мирис и вкус и боја од местото на настанот. 
Совет на Авторка. Зајко и Зајачица , наместо Петко и Славка. Совршено. 
Во секој случај , изборот од оваа недела ми се допадна многу повеќе отколку изминатите две. И Случката како Изговор на Nu Tella зошто не понуди кус расказ е на место. ;)

Абе да беше така како у

Абе да беше така како у расказот на НуТела не ќе ни беше општеството толку лошо. Ама добро. Една наша мајка би го дигнала станот у ваздух кад би сазнала дека синот и е педерчина:) Продужите и овако. хахахах
Поздрав
на сите,
Србољуб.
 

Многу добро захефтана и на

Многу добро захефтана и на место напишаната Гулабица. Компактен и црвен расказ. Има некаков блед хаос кој предизвикува пикантно чувство на недообјаснетост и тоа ми се допадна, како и стеснувањето на должината на речениците кон крајот.

 Текстот на Нутела го сфаќам

 Текстот на Нутела го сфаќам на следниов начин:тоа е мост меѓу љубовта на мајката кон своето дете и предрасудите кои владеат во врска со хомосексуалоста-особено на нашите простори.Авторот,во ниту еден момент не нагласил конкретен став-за или против,но на еден мошне дискретен,софистициран начин,индиректно го завзема својот став преку ликот на мајката-силен,пожртвуван и оформен лик во 3 реченици кој секој има простор да го сфати поинаку.И фактот дека има само еден расказ оваа недела,е многу убаво осмислен потег кој соодејствува со зборовите на расказот,кои се полни со иронија,хумор и една извртена реалност со која несвесно  човек се соочува без претходно да ја планира...и затоа,мој фаворит неделава е Нутела со овој единствен расказ.

Ми се допадна овој коментар.

Ми се допадна овој коментар.

 Mene mi se dopadna

 Mene mi se dopadna Cevla...ne znam zosto,no ako e metafora na ona sto jas si go sfativ e dosta dosetlivo napisan

Da, sega go procitav so

Da, sega go procitav so poveke vnimanie i "Gulabica" i se slozuvam so ubavite komentari za istiot.

Текстот на Нутела е добар, но

Текстот на Нутела е добар, но само од македонска перспектива виден од луѓе кои се малку полиберални од другите затуцаници. На запад овој текст не би прошол поради неговата монотоност и секојдневност. Па оттука нема севременост и универзалност. Дека некој некому купува спална е јасно, а дека мајката го сака детето тоа исто го имаме видено и у други раскази од минатата недела.
Јас гласам за Авторка со нејзините зајаци.
Поздрав
Мамлаз.
 

А ќе биде и поладно од Edyta

А ќе биде и поладно од Edyta и Кафе-автомат Ви.За.  се многу оригинални. Кај се погодија у ист ден со кафињава! :)

Здраво, ми фалат расказите со

Здраво,
ми фалат расказите со турбо фолк. Дајте бе некој! Инаку не знам за Гулабица. Има премногу симболи, сака да фрапира, но некако не ми штима, мене ми се допадна слајдови. Сасвим једноставно!
И да ве поздравам со:

ОВИ ЗИДОВИ ДУШЕ ИМАЈУ! ИСТО КАО ТИ! СОБА СИВИ СЕ, И ОНА КАЈЕ СЕ:....

Nu Tella не понуди ништо

Nu Tella не понуди ништо оригинално.Хомосексуалност и мајка ( таков еден расказ минатата недела нели???).Мене лично многу повеќе ми се допаѓаше порано.Поинвентивна , поинтересна .Сега некако ми се исцрпи.А баш би сакал да ја запомнам како што беше порано силна и оригинална.
Инаку од неделава Гулабица-многу интересен концепт и структура,  Ќе стане уште поладно-интересна идеја и одлично предадена- искрено и реално, Уво-онака  и Пријателот-заради тресоците.Поздрав

 Јас баш напротив мислам дека

 Јас баш напротив мислам дека Нутела на мошне интересен начин го има претставено она што е секогаш актуелно и скокотка а тоа е хомосексуалноста.Мајката се заложува за синот,да,но не успева да пишува,да твори,да функционира нормално...За мене,сеуше останува овој автор свој и оригинален.

Nu Tella

 Мене Нутела ми е фаворит и секогаш прво ги барам нејзините раскази во листата.

Дај молим вас људи. Ај што

Дај молим вас људи. Ај што има необично и оригинално у куповање спаваќе собе за два хомосексуалаца. Ништа! Јесда је хомосексуалност актуелна тема, али не е посебно да се рече дека е до толку интересно.
НуТела е жена? Јас мислев дека е маЖ???
Поздрав свима
 

 Nu Tella - да, ама до пред

 Nu Tella - да, ама до пред две недели. Овој расказ воопшто не е добар. Јас немам предрасуди кон хомосексуалците и сето тоа ми е нормално. Мислам дека сите доволно свесни луѓе не треба да ги имаат тие предрасуди и да им биде нормално едно вакво однесување на мајка. А ваква содржина може да им биде интересна на луѓе кои размислуваат во стереотипи, па го доживуваат расказот како чуден, несекојдневен, и во крајна линија - добар. А последната реченица што треба да донесе изненадување во расказот, воопшто не се вклопува во целината. Мајкава која што говори за синот хомосексуалец не се жали дека веќе не пишува, дека нема повеќе инспирација и нешто сл, како што гледам дека е доживеана од некои читатели, туку вели дека за оваа недела не успеала да напише кус расказ, што е јасна, но и непотребна алузија на конкурсов.
Не сакав оваа недела да прокоментирам ништо за расказите, затоа што во целост ми изгледаат лоши и како дела на автори со пресушена инспирација (освен „Гулабица“ во која се огледува навистина добар стил, но недостасуваат сите други потребни работи), арно ама не можев да си дозволам да останам нема на коментари на пофалби со кои во целост не се согласувам.
Поздрав и очекувам подобри раскази наредната недела, раскази вредни за (позитивни!) коментари

Ево ове гунѓалице

Ево ове гунѓалице анонимне. Али у право је девојчица. Хомосексуалност је тема и ја такоѓе немам предрасуда. Али прича је неразвиена.
Тако,
чичамича готова је прича.
 

Се согласувам со Анонимна.

Се согласувам со Анонимна. Расказите оваа недела се млаки.

Иване? Да не си ти

Иване? Да не си ти Шопов?
Е не сте у право. Луѓето тука се помачиле. Пишувале. Така што не би се согласил со вас. 

Иване? Да не си ти

Иване? Да не си ти Шопов?
Е не сте у право. Луѓето тука се помачиле. Пишувале. Така што не би се согласил со вас. 

Нутела е крем...се мачка на

Нутела е крем...се мачка на леб:)

Нутела је крем, али Еврокрем

Нутела је крем, али Еврокрем је најбољи. Од ТАКОВО!!!
Живела Југославија!

Мамлаз, токму така. Јас сум

Мамлаз, токму така. Јас сум тој Иван. Не велам дека авторите не се мачеле и не вложиле труд во расказите, туку го коментирам резултатот од тој труд. Мојот впечаток е дека расказите од оваа недела не се добри како претходно. И не може да се каже дали некој е во право или не, затоа што се работи за лични, субјективни судови. Ти имаш еден впечаток, јас друг и тоа е тоа.

Авторот на Гулабица е

Авторот на Гулабица е дефинитивно авангардата на македонската литература, само напред!

Mene me pogoduva raskazot na

Mene me pogoduva raskazot na Edyta, poln e so zivot, lesen, zabaven, iskren, energicen, tecen...
 

A kaj otidoa drugite

A kaj otidoa drugite komentatori i komentatorki? Da ne se site na blogot na Dverski, pa i toj izglea otkoga go otvori ne zalazi ovamo :)))
 

Najdobar spored mene za ovaa

Najdobar spored mene za ovaa nedela e raskazot (nisto novo)Gulabica zaradi dobro dolovenata atmosfera, tecnosta t.e. ritamot  na raskazuvanjeto koj e soodveten na atmosferata, zaradi cepkanjeto vo seuste "zabranetata tema" na ovie prostori, zaradi plasticniot slikovit jazik, zaradi ispustaneto na zivotot vo pretposlednite dve recenici signalizirano so ispustenite glagoli, i osobeno zaradi poslednata recenica vo koja eufemisticki e prikazana smrtta ne preku zakoceniot pogled na covekot vo koj zgasnal zivotot, tuku preku predmetite-posledicite od soobrakajkata- svitkaniot semafor. Zahevtan, vo pravo sum, ili?
Drug raskaz koj e istotaka dobar e Slajdovi. Eve uste eden raskaz vo koj srekavame poveke raskazuvaci koi eden na drug se nadovrzuvaat vo gradenjeto na celinata na prikaznata. Interesna e taa igra so glednata tocka, a i morbidna e samata tema (koja malku potsetuva na Henri Dzejms) kade dadilkata go zagrozuva zivotot na deteto.
Naslovot sosema odgovara na formata.

Што убаво на мешето кога

Што убаво на мешето кога некој ќе те сфати... хм, хм... (hug)
*им напишав „захефтан“ мислејќи на атачмент, тие ми го ставиле како псевдоним...

I uste da go spomnam raskazot

I uste da go spomnam raskazot na Edyta, zaradi istite gorespomenati raboti od abvgd i zaradi igrata so dvosmislenosta na naslovot koj prvo ne naveduva da pomislime na vremenskite priliki, a potoa sfakame deka se raboti za megucoveckite odnosi koi se mnogu povazni od vremeto i od koi , na krajot na kraistata zavisi i dozivuvanjeto na vremeto megudrugoto.

читав и читам и

читав и читам и заклучувам:
секој што ја посетил оваа страна, се обидел на млади години да пишува-песни, раскази итн.
и сите  сме виделе дека после една година, напишаното и не било баш толку убаво како што ни се чинело:  наивно, недоискажано, со многу празнини, премногу украси и стилски фигури...
фатив многу оддалеку. ќе скратам.
иако е малку доцна, мислам  дека конкурсот е веќе при крај, дајте некој нека објасни што значи краток расказ.
секоја чест на храброста, но мој впечаток е дека многу од авторите имаат напишано „нешто„ од 1200 знака. Секое сочинение од 1200 знака НЕ Е кус расказ.
 исто така,  најголем дел од нив не прочитале ниту една книга од теорија на литература (веројатно ни не знаат дека има, зашто се млади).
да се разбереме:  секој теоретичар не е и добар писател, ама тогаш може да се видат сопствените можности и  ограничувања. Талентот е една работа, ама тој мора да се развива, да се храни, да расте. Без навреда, но не е секој Артур Рембо.
она што не ми се допаѓа е непознавањето на македонскиот јазик !
не се работи само за употреба на туѓи зборови без добра причина, ниту мала и голема буква, туку синтаксата!
Па ние за реченици кои се заплеткуваат сами со себе, добивавме единици на писмените во средното училиште!
тоа се случува зашто најголем дел пд авторите НЕ ЧИТААТ книги!
значи: повик до  Анонимна, Авторка, ОКНО да објаснат што е тоа краток расказ од 1200 знака.
поздрав
 
 

постои и нешто што се вика

постои и нешто што се вика синшизи, како и нешто што се вика пост-модерна така што не мора се да постои по редот на нештата, а во тоа е и убавината, но кој да види ....

постои и нешто што се вика

постои и нешто што се вика синшизи, како и нешто што се вика пост-модерна така што не мора се да постои по редот на нештата, а во тоа е и убавината, но кој да види ....

не сум фасцинирана кога

не сум фасцинирана кога гледам што се се декларира како пост-модерна: за некој тоа е серење и мочање на артистите на сцена, или пак фрлање сирово месо во публиката, шетање гол и обидот тоа да се пркаже како перформанс, мастурбирање во музеј и тоа исто така е перформанс...
за мене тоа нема ни У од уметност.
да се вратам на младите автори: не може да се почне од постмодернизмот, без да се прочита Аристотел. а постмодерната исто така не е башибозук-има и тука правила. Колку што гледам, авторите многу малку знаат за постмодерната.
заради тоа и коментарите се сведуваат на пи+карење и голи навреди, без да се каже што е тоа што недостасува.
не може да се пишува без да се чита. тоа е нешто што се подразбира, ама јас кај голем дел од авторите не забележувам дека читаат.
мојот коментер не треба да се сфати дека ништо на конкурсов не чини. само посочувам на проблемите што ги гледам.
за крај: еден мој ценет пријател мноогу одамна ми кажа:„ Ангелина, знаеш ли зошто нашите автори пипуваат во бел стих?
Затоа што не знаат теорија.“
распишете конкурс за сонет, па да видите колку автори ќе се јават.
 
 

Почитувана Лепа Ангелина, Ако

Почитувана Лепа Ангелина,

Ако очекувате ние, како членови на редакција, да „објаснуваме“ што е тоа кус расказ од 1200 знаци, мислам дека барате нешто што е невозможно. Едноставно затоа што не постои дефиниција во една реченица (или на повеќе страни, сеедно) која само ќе „објасни“ што е тоа краток расказ и истовремено ќе вклучи или исклучи некои текстови според таа зададена норма. Оние раскази кои нема да влезат во таа дефиниција, во тој опис, ќе треба да бидат исклучени од конкурсот, да не бидат објавени? Секоја форма на фикција што не го надминува обемот на 1200 знаци има право да биде дел од овој конкурс. Значи единственото органичување кое е дадено е големината на расказите. За другите аспекти - дали ќе имаат приказна или не, развиено дејствие или не, дали ќе бидат со или без ликови, дали ќе има игра со фокализатори, со времето и просторот, јазични каламбури, жанровски поместувања итн... тоа не е важно. Сето тоа останува отворено за оние што конкурираат на конкурсот. 

За забелешката дека станува има опасност конкурсот да се претвори во некој вид реално шоу... Како што и објавивме, правилата на конкурсот се јасни: ги објавуваме сите текстови што го задоволуваат техничкото ограничување на конкурсот. Значи во оваа фаза, кога расказите се објавуваат, ние како редакција не сакаме и не можеме да вршиме никаква цензура, преработка, скратување или менување на расказите во контекст на некое си, да се вратиме на почетокот, наше објаснување за тоа што е краток расказ. 

Ви благодарам за интересот и за Вашите коментари.

Владимир, окно

Имам предлог до рекадцијата

Имам предлог до рекадцијата на ОКНО да се отвори рубрика каде што ќе бидат објавувани текстови од Теоријата на литературата. Зденко Лешиќ е мој фаворит ;)

А зошто ти Лепа Ангелина не

А зошто ти Лепа Ангелина не кажеш што е според тебе краток-краток расказ или според Лешиќ? И што им недостасуваа на овие раскази за да бидат такви според твоите теории?

в.м.,  јас не сум како

в.м.,  јас не сум како дечките од ОКНО кои сакаат со сув г+з риби да ловат. ако имав знаење и време, ќе си распишев конкурс на мој сајт и ќе ги анализирав сите објавени текстови, ќе укажував на убавите работи, на грешките, на пропустите, ќе давав совети, ќе споделував знаења.
немаше да ги оставам авторите да се чувствуваат како да се  на реалити шоу да може секој кој има пристап до интернет да може да ги плука, фали, куди, со и без причина. се разбира, ќе поделев и награди исто колку и вие.
на расказите не им недостига ништо, на ОКНО му недостигаат пари, луѓе, а пред се план и стратегија. Кога се распишува конкурс, треба да се знае дека тоа ќе одзема време, бара луѓе, кои се соодветни, ама никој не мисли на тоа..
Во Македонија во сите сфери. Дали се работи за издавање учебник или распишување конкурс, никој не прави план, да согледа колку ќе чини тоа, како да се изведе, има ли смисла.
туку ајде, распиши тендер, распиши конкурс, оглас, па лесна е, после ќе му ја мислиме.
 

Значи не постои конкурс на

Значи не постои конкурс на светот (еве, земете ги пример и филмските фестивали, конкурси за романи, книги на годината итн.) каде што комисијата „ги анализира сите објавени текстови“. Обично обврска на комисијата е да даде свое образложение за наградите што ги доделува и за делата кои влегле во потесен круг за награда. И тоа е се’. Окно не е и не може да биде некој вид орбазовна институција каде што уредниците или членовите на редакцијата ќе држат предавања или образовни курсеви за пишување, креативно пишување или литература. Тоа побарајте го и можеби ќе го најдете на нашите високо образовни институции. Ако го барате тоа од еден конкурс, тогаш барате премногу, или барате нешто што не може да го понуди ниеден конкурс...

Во врска со коментарот „распиши тендер, распиши конкурс, оглас, па лесна е, после ќе му ја мислиме“ одговорот е многу јасен и прецизен: Конкурсот за кус-кус расказ на окно.мк е конкурс на кој се повикуваат сите оние кои сакаат да ги објават своите раскази, да ги испратат на редакцијата на окно и доколку ги исполнуваат формалните критериуми, ќе бидат објавени. Се даваат одредени награди и тие награди се образложуваат...

Никаде на почетокот на конкурсот или на некое друго место не сме ветиле ништо што не е исполнето во досегашниот процес... 

Се надевам дека ова ќе биде

Се надевам дека ова ќе биде еден мал придонес за конкурсов, затоа што Лепа Ангелина не е далеку од вистината, дека многу млади автори не знаат што точно значи кус расказ. Тоа е жанр во кој до израз треба да дојдат конструктивните раскажувачки постапки, какви што се: елиптичноста, фрагментарноста, енигматичноста, лудистичноста, значенската недовршеност, отсутноста на временски и просторни детерминанти, ефект на дисконтинуирана стварност, интерес за комбинирање на жанровски форми кој доведува до хибридизација на расказот... Се ми е препишано од кај почитуваната К.Ќ. :)

Анонимна, твојот коментар е

Анонимна, твојот коментар е за пофалба.
уште еден предлог: бидејќи редакцијата не располага со голем буџет, нели може да се вклучат студенти од Компаративна и  да им се даде за задача да го прават тоа што го прави Анонимна и Авторка ?
За возврат, би добиле препорака, која многу добро би им дошла кога би конкурирале за стипендија или за учество во друг проект.

МАШАЛА! Ето опет гунѓалице

МАШАЛА! Ето опет гунѓалице анонимне. У право је девојчица. Е то Лепа Ангелино. Сад читај и промишљај!

Поздрав
Србољуб

Слични статии

Книжевност

ОкоБоли главаВицФото