Ленадро Ерлих е роден 1973 година во Буенос Аирес, Аргентина. На дваесет години добива грант за биде дел од работилницата за скулптура и инсталација на Луис Ф. Бенедит и Пабро Суарез. Меѓу 1998 и 1999 година учествува во програмата за уметнички претстои во Хјустон, Тексас.
Во 1999 година се сели во Њујорк и ја претставува својата прва изложба во комерцијална галерија во Њујорк. Во следните две години учествува на биеналето Витни и ја претставува Аргентина на 49-тото биенале во Венеција (2001).
Ерлих има учествувано во многу групни изложби и уметнички биеналиња (Хавана, Истанбул, Шангај, Сан Паоло, Париз, Токио итн.), како и на бројни самостојни изложби (Санта Моника, Барселона, Рим, Лондон, Њујорк итн.).
Живее и работи во Париз и Буенос Аирес.
Извор: leandroerlich.com