
„Секогаш кога ќе видите птица во кафез, риба во аквариум или цицач кој не е човек на синџир, гледате во специзам. Ако верувате дека пчелата или жабата имаат помалку право на живот и слобода отколку шимпанзото или човекот, или сметате дека луѓето се супериорни во однос на другите животни, се залагате за специзам. Ако ги посетувате водените затвори и зоолошки градини, одите во циркуси да гледате изведување ’точки со животни’, носите кожа и крзно кое не е од човечко потекло, или јадете месо, јајца или производи од кравјо млеко, вие го практикувате специзмот. Ако заговарате ’похумано’ колење на пилињата или помалку сурово затворање на свињите, вие со вашиот став го поддржувате специзмот“, пишува во својата книга „Специзам“ американската писателка, уредничка и застапничка за правата на животните Џоан Дјунаер.
Иако постои веќе четириесет години (Ричард Д. Рајдер го скова во 1970 година), самиот поим специзам на широката јавност и’ е прилично непознат. Како и некои други цивилизациски проскрибирани „изми“ и специзмот упатува на одредена затупеност: додека, на пример, сексизмот ги дискриминира жените во однос на нивниот род, а расизмот го прави тоа во однос на другите раси поинакви од сопствената, специзмот претставува „одбивање, во зависност од припадноста на видот или карактеристики типични за некој вид, на секое свесно суштество да му се даде должното почитување“ (Дјунаер). Со други зборови, специзмот е дискриминација врз основа на видот.
Што тоа практично значи? Со подигнување на сопствените преференции поврзани со видот на ниво на идеологија, односно на ниво на начело се раѓа специзмот. Секој има право на ставот, на пример, дека не го сака овој или оној вид животно (на пр. змии или пајаци), а обожава некој друг (на пр. мачки, кучиња или делфини), или дека животните не го интересираат. Но, претворањето на тој личен пристрасен став во рационализација со која на некои видови животни, вклучително и човечката, се придаваат повредни својства и со самото тоа посебни права и положби во однос на другите, претставува израз на специзам. Во склад со тоа, и секој обид да се наоѓаат упоришта во религиските списи или во нечии филозофски ставови, па зависно од тоа да се прават рангирања според сопствените пристрасни критериуми, во својата суштина е чин на негативна дискриминација и со самото тоа претставува специзам.
Положбата во која во поголемиот дел од општествата на денешнината се наоѓаат не-човечките суштества е израз на специстичкиот став дека луѓето се супериорен вид кому му припаѓа повластен статус во однос на другите животински видови. Оттука произлегува и практиката не-човечките суштества да се перципираат само во светлото на нивната употребливост за човечките потреби – тие се современите робови на човечкото општество. Не-човечките суштества невини се затвораат. Дозволено е не-човечките суштества присилно да се размножуваат и да се одгледуваат. Не-човечките суштества можете неказнето да ги убиете (освен ако не претставуваат нечија сопствениот, па со тоа на луѓето им се нанесува материјална или емоционална штета). Не-човечките суштества можете да ги ловите. Дозволено е не-човечките суштества да ги терате да изведуваат забавни точки за разонода на луѓето. Дозволено е не-човечките суштества да се впрегнуваат да работат или да се користат како помагало на инвалидните луѓе. Дозволено е не-човечките суштества да ги мачите, да ги сечете, да им инјектирате хемикалии, бактерии и вируси за да се задоволи човековата љубопитност. И тоа да го правите на милијарда индивидуи што мислат и чувствуваат. Без специфистичкиот став дека ова е дозволено зашто станува збор за припадници на други видови, тоа не би било можно.
Ваквиот став и практика ја следат и поддржуваат закони и прописи кои само навидум, формално и во насловот, искажуваат намера да ги штитат не-човечките суштества од човечкото злоставување. Во стварноста, законите за „заштита“ или „доброто“ на животните само го озаконуваат специзмот и специстичкото злоставување во индустријата за храна, облека, забава и наука, додека само периферно и привидно искажуваат грижа за страдањето на животните. Наспроти тоа, неспецифистичкиот став и практика би подразбирале давање на сите оние темелни и применливи права за не-човечките суштества кои луѓето ги бараат за самите себе: првенствено правото на живот и слобода. Исто така, сето она што не-човечките суштества го произведуваат (млеко, јајца, мед, пердуви, волна...) е нивна сопственост и мора да стане неотуѓиво, како и кога станува збор за човечката сопственост. Истото важи и за местата на кои живеат не-човечките суштества.
Како и секој „изам“ кој искажува затупеност, и специзмот произлегува од ограничениот, неинтегрален поглед на свет, па како таков не ги согледува суптилните нишки и фините таписерии на животот и природата. Затоа тој создава практика која на крајот го загрозува и постоењето на човечкиот вид, а ја загрозува и животната средина. Откажувањето од специстичкиот поглед на свет не преставува само чин на беневолентно искажување грижа за не-човечките суштества суштества, туку укажува на моралната зрелост на ставот кој ја открил непроценливата важност на целосниот пристап кон живеењето и ја презема сопствената одговорност за доброто за моментално потчинетите не-човечките суштества, за себе и за сопственото здравје, за подобрување на општеството во кое живееме, како и за планетарниот еко-систем кој го делиме со сите други видови на Земјата.
Извор: Novi plamen
Поминете во сабота од 18
Испратено на 09 септември 2010 од Igor StojanovskiПоминете во сабота од 18 часот во Ла Кања Столе Велковски од Анима Мунди токму ќе зборува за права на животните и специсизмот...
Следен пат кога лекарот ќе ви
Испратено на 10 септември 2010 од Ешерихија ФореверСледен пат кога лекарот ќе ви препише антибиотик, сетете се на текстов и отерајте го затупениот спицист доктор у пм. Па како може милијарди живи суштества (бактерии) со сите права да живеат и просперираат да бидат брутално убиени само да се задоволи нашата благосостојба?!