Кратка историја на шминката

26.11.2010 13:17
Кратка историја на шминката

Луѓето употребуваат шминка веќе речиси 6000 години. Таа одиграла голема улога во многу општества. Денес, по будењето наутро, шминкањето е дел од секојдневниот ритуал на речиси секоја жена. Да ја погледнеме кратката историја на шминката.

4000 п.н.е.

Древните Еѓипќани користеле еден вид помада за да ја одржуваат кожата влажна, мека и мазна. Жените нанесувале темнозелена боја на долниот очен капак. Исто така, тие ги затемнувале трепките и горниот очен капак со црна сенка за очи која била направена од гар (прав од јаглен).

1000 п.н.е.

Персијките користеле боја од к’на за да ги бојодисуваат косата и лицето.

1 век од н.е.

Римјанките користеле гар за затемнување на очите, црвенило зас усните и креда за избелување на кожата.

6 век

Жените кои сакале бледа боја на кожата често си пуштале крв. Шпанските проститутки почнуваат да носат розева шминка.

17 век

Богатите жени почнуваат да нанесуваат Aqua Toffana, пудра за лице која е создадена од арсен, што придонело за смртта на многу нивни сопружници.

Доцниот 18-ти век

Црвенилото за усни, карминот, обликуваните веѓи и фризурите стануваат многу популарни. Повеќето рецепти за правење шминка вклучуваат тревки и други растенија. Некои вклучуваат олово и жива. Како последица на тоа, голем број жени ја упропастуваат својата кожа и доживуваат губење на косата, стомачни проблеми, треска, па дури и смрт.

19 век

Викторијанските жени ги чупаат веѓите, нанесуваат масло за масажа врз трепките, користат пудра од ориз за лицето и ги полираат ноктите. Користат чиста помада за усните и црвен сок од цвекло за образите.

1820-ти

Rimmel ја создава првата неотровна маскара.

1910-ти

Првата пресирана пудра е претставена на пазарот, а комплетот вклучува и огледалце и памук. Пресираното црвенило е измислено малку подоцна.

1914 г.

Списанието Vogue објавува фотографии од Турчинки кои користат к’на за истакнување на очите. Max Factor почнува да им продава шминка на филмските ѕвезди.

1920-ти

Max Factor го претставува сјајот за усни. Измислен е првиот виткач за трепки. Маскарата во боја на крем станува популарна.

1950-ти

Филмската ѕвезда Одри Хепберн ги популаризира истакнатите мачкини очи.

1970-ти

Сенките за очи и истакнатите очи сè уште се популарни. Во меѓувреме, феминистичкото движење и’ се нафрла на козметичката индустрија.

1990-ти

Козметичарите почнуваат да се борат со брчките и целулитот.

2002 г.

Ботокс инјекциите стануваат популарна техника во борбата против стареењето.

Извор: medicalinsurance.org

Слика: Марион Болоњези

ОкоБоли главаВицФото