Скопје е наше, Солун е ваш

30.11.2010 14:26
Скопје е наше,Солун е ваш

Улицата Ерму, Атина, почеток на 20-ти век

“Скопје 2014” и Атина 1834
За национализмот, неокласицистичките артикулации на европската модерна и колонизирањето на заедничкиот естетски идеал за Европа (1 дел)

Градењето на модерна, просветена буржоаска национална држава: примерот на модерна Грција

Некаде во третата деценија на 19 век регентот на младиот и прв грчки крал Ото од Баварија, Георг Маурер ќе забележи дека “грчките антиквитети кои предизвикуваат голем интерес кај историчарите и археолозите се од огромно политичко значење за Кралството Грција...тие се допирна точка помеѓу актуелнава [крајно разочарувачка за тогашните западни европејци] Грција и европската цивилизација” (Tsiomis, Athenes affaire europeenne, 1985, стр. 23, цитирано во доленеваденета статија на Панургија, на стр. 167, сите преводи од англиски овде со мои). Градењето на една новогрчка-класицистичка Грција, посебно на Атина како нејзина престолнина, е стратегијата која кралот преку неговите дански архитекти браќата Хансен, кои во исто време ги градат Виена, Копенхаген и Атина, ја избира за да ја спои тогашната реалност на средновековна и отоманска Грција со неокласицистичкиот архитектонски идеал за модерната европска цивилизација.

Во едно фасцинантно читање на историјата на неокласицизмот во модерна Грција, реномираниот грчки антрополог Нени Панургија (Neni Panourgia) објавено во Angelaki (том 9, број 3, 2004, стр. 165-180) го зема горенаведеново како појдовна точка во нејзината дискусија со поборниците на авторитетното читање на оваа иста историја од страна на антрополози и историчари како Херцфелд (Herzfeld), Дубич (Dubisch), Павлидис (Pavlides), Бојер (Boyer), Елени Бастеа (Eleni Bastea) и нам добро познатиот Лоринг Денфорт (Loring Danforth). Овие истражувачи го објаснуваат неокласицизмот во Грција како археолатрија, еден тип на археолошка идолатрија на грчките антиквитети која одигрува клучна улога во националистичкиот проект на модерната грчка држава. Според ова читање, грчката држава ги користи грчките антиквитети за свесна манипулација со минатото со која истата се обидува да вметне и наметне една и-сторија во еден географски простор во која таа историја одамна престанала да постои (звучи многу познато неколку стотици километри северно и со каснење од скоро 180 години, ама за тоа малку подоцна).

Панургиjа не вели дека нема вистина во ваквото разбирање на грчкиот неокласицизам, ама дека тоа се случува малку подоцна, од 1850 година па натаму. Таа убедливо аргументира дека ваквото читање на грчкиот неокласицизам не може да ја објасни комплексната улога која неокласицизмот ја игра во “развојот не само на модерната грчка држава, ама и во развивањето на заедничката идеја за Европа” (стр. 166). Панургија тврди дека “неокласицизмот во Грција не е [само] производ на неохеленска носталгија за античката слава водена од комплекс на инфериорност и потчинетост” (стр. 167), иако таа неколку страници подоцна самата дава обемни докази за тоа каква игра тогашните грчките интелектуалци мораат да играат со грчките антиквитети за да ги убедат своите западноевропски колеги дека не само и тие се европејци, ама ете уберевропејци кои заслужуваат посебно место во семејството на европски нации (за тоа подетално во следниот напис). Тука Панургија доаѓа до нејзината клучна теза, која сметам дека е многу интересна за сите нас вклучени во критичката дебата за проектот “Скопје 2014”, дека неокласицизмот е во суштина една “европска работа која е директно поврзана со европскиот проект за модерната” (стр. 167). Како што пишува Панургија, целиов европски проект се расплетува по пат на дијалектички каприц: “гледањето напред се заснова врз колонизирање на минатото; погледот кон иднината поминува низ ре-артикулација, преобликување и повторно присвојување на еден антички идеалитет” (стр. 167).

Само во тоталитетот на целата визија на грчкиот неокласицизам, како што вели Панургија, можеме да ја сфатиме вистинската поента на овој проект, а тоа е создавање на модерна, европска, просветена, рационална буржоаска национална држава.

За Панургија, идејата за неокласицистичка Атина потекнува од Европа и од тогашните европски дебати за “архитектонски типови, стилови, теории, и подразбира европски интелектуални, теориски, и идеолошки конструкции за смислата на градот, механизмите на демократијата и изворите на европската култура” (стр. 168). Неокласицизмот за Панургија е производ на археолошки истражувања и креативна имагинација. Многу младата археологија од 19 век заедно со колонијалистичката експанзија на многу западноевропски нации, можноста за релативно безбедно патување на богати членови од овие нации кои почнуваат, што од комерцијални што од лично љубопитни побуди, да се занимаваат со компаративни филолошки и практично-археолошки истражувања, како и можноста овие привилегирани класи за прв пат да ги видат остатоците од грчките антиквитети во оној дел од Грција (Пелопонез) што во 1834 се отцепува од Отоманската империја, се историски настани кои ја подготвуваат епистемолошката подлога за креирањето на приказната за древна Грција, наместо Рим, како колепка на модерната европска цивилизација. Кајлис (Caylus) во 1752, еден од татковците на модерната археологија, а три години подоцна Винкелман (Winckelmann), “пронаоѓачот” на историјата на античката грчка уметност, се првите европски истражувачи кои директно го поврзуваат филхеленизмот - паневропското интелектуално и политичко движење кое има афинитет со класичната грчка мисла и естетика, и кое во истовреме го поддржува грчкото иредентистичкото движење во отоманска Турција во 18 и 19 век (на оваа тема погледнете ја одличната книга на Gourgouris, S. Dream Nation: Enlightenment, Colonization, and the Institution of Modern Greece, 1996) - и неокласицизмот. Кајлис прави епистемолошки пресврт кога успешно ја критикува тогашната доминантна парадигма дека само пишани документи можат да се сметаат како единствени валидни и релевантни извори за минатото и упорно тврди дека “треба да гледаме на спомениците [антиквитетите] како доказ за и израз на стилот кој владеел во определен век и земја” (Самерсон цитиран од Панургија, стр. 172). Овој епистемолошки пресврт има далекусежно влијание не само врз модерната европска архитектура и креирањето цел куп хуманистички дисциплини, ама и за тоа со какви приказни и “национални” истории “старите”, а и “новите” европски нации чуствуваат потреба да ги легитимираат митовите за своето постоење. На македонските одѕиви на оваа епистемологија, темелно критикувана од многу постколонијални истражувачи, ќе се навратам во еден друг напис кога подетално ќе пишувам за македонската антиквизација во 21 век.

Овде сакам само накратко да ги нагласам спрегите помеѓу архитектонскиот неокласицизам, модерните форми на моќ-знаење кои Фуко ги нарекува биополитика, кои произлегуваат од потребата на модерната буржoaска држава да најде ефикасни методи на управување со огромни и отуѓени популации кои живеат во големи индустријализирани градови, и национализмот. Во центарот на неокласицизмот лежи тезата-фантазија на Кордмој-Ложие (Cordemoy-Laugier) за “архитектурата како тотално рационален систем на мислење” (Панургија, стр. 171), која може “рационално и научно” да ги разреши сите општествени проблеми и “зла”: избивањето чести епидемии и хронични болести, елиминирањето какви било социјални “девијации” и криминали, како и спречувањето и контролирање можни бунтови и востанија од страна на жртвите на индустриската револуција. Архитектонскиот неокласицизам во неговото својствено комбинирање на идеалот за “благородна едноставност” (Панургија, стр, 172) со “рационална комбинација од класични елементи” (Панургија, стр. 172) станува рамка на еден архитектонски рационален интернационализам и меѓународен архитектонски јазик (l’architecture parlante), кој станува клучно оружје на либералните национални буржоазии во нивната желба да креираат урбани простори кои можат “рационално” да ги контролираат.

Архитектонскиот неокласицизам го означува почетокот на паноптицизмот (од пан-оптика), чиј философски татко е Џереми Бентам (Jeremy Bentham), како дефинитивна “архитектонска референца и водич за [модерното] урбанистичко планирање” (Панургија, стр. 175) што ќе ни ги даде првите широки булевари, трговски, станбени и болнички аркади, паноптички воени бараки, училишта и затвори, и величествени градски плоштади совршено материјализирани во неокласицистичката модернизација на Париз помеѓу 1852 и 1870 од страна на барон Хаусман (Haussmann). Урбанистичката формула на Хаусман, одлично објаснета и критикувана од де Серто (de Certeau) во неговатa Arts de faire (во англиски превод The Practice of Everyday Life, 1984), може да се парафразира на следниов начин: видливост плус урбан геометриски ред е еднакво на општествена контрола, здравје, прогрес и стабилност. Хаусмановиот Париз е првиот модерен град кој е конципиран и изведен како потполно видлив и контролиран урбан простор кој не само што ги спречил честите смртоносни епидемии на средновековниот Париз, ама е и пречка за создавање и оддржување на органска солидарност карактеристична за традиционалните селски и средновековни мали градски заедници. Ова е клучен настан во развојот на модерната европска нација која се темели врз националистичкото градење лојалност кон еден многу апстрактен концепт-заедница какви што се нацијата и националната држава. Формулата на Хаусман со мали варијации ја гледаме имплементирано во многу европски престолнини и провинциски градови, од Париз и Виена, Стокхолм и Атина, до Вилнус и Санкт Петерсбург, кои околу своите стари средновековни, рококо, барокни, готски, романескни, византиски или отомански историски јадра градат модерни неокласицистички градови. Како што покажува Ерик Мамфорд (Eric Mumford) во неговата книга The CIAM Discourse on Urbanism, 1928-1960 (објавена во 2000) и во една негова скорешна статија објавена во The Journal of Architecture (2009), влијанието на неокласицизмот врз многу други архитектонски стилови и урбанистички теории и практики, од Корбизиевиот CIAM и западниот функционалистички урбанизам, до Garden City движењето, фашистичката архитектура, сталинистичкиот соц-реализам и американското неокласицистичко City Beautiful урбано планирање, е многу големо.

Неокласицистичкиот архитектонски паноптицизам заедно со раѓањето на модерната бирократија која ги администрира законите на либералната национална држава, како што покажува Фуко во првиот том на неговата “Историја на сексуалноста”, повеќе со патерналистичко превоспитување на популацијата по пат на регулативни норми и многу помалку со користење на гола физичка присила, и националистичката идеологија која го зачувува есенцијализирачкиот и натурализирачкиот јазик и идеите својствени на селаните и жителите на средновековните градови го создаваат потребниот збир на идеи, технологии за управување и структури на моќ со кои големите популации кои се слеваат во индустријализираните градови се преобликуваат во модерни нации. Модерниот неоклацисистички град на овој начин станува парадигматичен геополитички и симболен простор за прибирање и управување со големи популации, а неговите монументални плоштади стануваат еден вид клучен mise en scene за постојано “воспитно” репродуцирање на ритуалите и митовите на модерната нација.

Во следните неколку мои написи ќе ги опишам паралелите и резонанциите помеѓу 19-вековниот грчки национализам и археолатријата и 21-вековниот македонски национализам и антиквизација. Ќе се обидам да аргументирам дека македонскиот етно-национализам како идеолошка позадина на “Скопје 2014” и антикивизацијата е мимика на неговиот, навидум, најголем противник - грчкиот национализам. Паралели помеѓу различни средини и историско-политички периоди се прават навистина внимателно и затоа овде сакав да го контекстуализирам колку што можев најкратко 19-вековниот грчки неокласицизам и да им дадам многу повеќе референци на читателите од оние на кои се навикнати во напис за еден медиум како “Окно”.

 

Присвојувањето на неокласицизмот од страна на иредентистичкиот грчки национализам, кое дефинитивно се случува за време на она што за грчката националистичка историографија и многу обични модерни Грци се ослободителните војни во 19 век и раниот 20-ти век, археолатријата, екстремно националистичкото читање на античката македонска историја, провинциското инсистирање на апсолутна сопственост на “античкото македонско педигре”, исламофобијата и анти-словенство се постојани зачини во идеолошката кујна на грчкиот национализам кои сега сè потрескавично продираат и во идеолошките рецепти на оној македонски национализам кој се обидува да се наметне како хегемонска државна идеологија во постсоцијалистичка Македонија. Додека 19-вековниот грчки национализам “пали” во 19 вековна Европа, штосовите на нашиов едноставно нема шанси да “запалат” во Европа на 21 век. Ама за тоа многу поопширно во следниот напис.

(кон вториот дел)

Се сеќавам на една

Се сеќавам на една Поп-приказна од моете детство за името на Скопје. Наводно името на Скопје било од 6 век кога словените со `Копја` го напаѓале градот Скопје и викале `Со копје` и станало Скопје тоа.
Е колку што има ова логика толку има и предходниот муабет. Колку што е малоумно да се мастурбира на Антиката толку е малоумно да се мастурбира на Славиката. 
Не се бега од следните факти:
-Народите и нациите потекнуваат од 19 век а, не од 6 век н.е. или 4 век п.н.е.
-Секоја култура е мултикултурна и е амалгам од сосема различни културни вилјанија и не е чиста.
-Историјата на Македонија почнува од 20 век п.н.е. не од 4 п.н.е. или 6 н.е.(тогаш завршува праисторијата)
 
 

 ЛогБлог?

 ЛогБлог?

Па вредеш да се пише и на

Па вредеш да се пише и на блог.

Скопје 2014 нема врска со

Скопје 2014 нема врска со Атина 1834.

Цитирам: "Во следните неколку

Цитирам: "Во следните неколку мои написи ќе ги опишам паралелите и резонанциите помеѓу 19-вековниот грчки национализам и археолатријата и 21-вековниот македонски национализам и антиквизација."

Не мачи се без потреба, знаеме што ќе биде заклучокот. Кој бара паралели, ќе ги најде секаде.

Штом си седнал ваков текст да пишуваш, се` е јасно.

Ламбевски, восхитена сум од

Ламбевски, восхитена сум од твојот труд и со големо нетрпение ги очекувам следните продолженија на твојот фасцинантен текст! Твојот труд нема само евидентно културно значење, туку во ова лудо време, кога луда власт ни наметнува нов лудачки идентитет, твојот труд има и значајни политички димензии! Ти благодарам што во нашиов мрак покажуваш дека некој сеуште мисли и свети! Само напред!

На оваа тема неколку текста

На оваа тема неколку текста имал и Никола Гелевски. Еве еден параграф од неговиот текст објавен и на Окно, Во дуќанот на бескрајните знамиња:
Антиквизацијата, денес почнувам да разбирам, е освета на поразениот социјалистички реализам маскиран во националистичко кожувче. Одмазда на парохијалците и патријархалците кои мислат дека националната култура е кутија за кибрит: отвараш и затвараш кога сакаш, палиш по желба. (...)
Заборавени се и други важни средношколски знаења; на пример, констатацијата на Маркс дека низ историјата трагедијата се повторува како фарса. Нам тоа ни се случува. Историјата како луна парк. Нацијата како етно парк.
Ја заборавивме и славната согледба на Бенјамин којшто, гледајќи го подемот на фашизмот, заклучи дека естетизацијата на политиката води во војна. Гебелс велеше дека политиката е ликовна уметност на државата. Мусолини бил на истата линија кога во занес се доживувал себеси како скулптор, „кога масите се како восок во моите раце или кога ќе се помешам со нив и кога речиси ќе ме здробат, тогаш најмногу чувствувам дека сум дел од нив“.
Истата проклета фарса, значи, „не’ дроби“ (како што би рекол Мусолини) и до денот денешен. Само што нашиот современ господар не се вика Мусолини туку Николамини (како божјо услишување на пораките од протесните пораки: „Пиколомини, врати се!“). Додека на неговиот плоштад се кове новиот идентитет на над-Македонецот, Николамини во својата бескрајна добрина обезбедил и лизгалиште за народот, „сме гледале на сликите на Бројгел, баратаме ние и барок и ренесанса“. (Младиот блогер Вуна деновиве се произнесе со сјаен предлог: на плоштад да се постават трибини за патриотите да седат секој ден и да уживаат во изградбата на ИДЕНТИТЕТОТ во реално време!)

Да бе, ние ќе седиме на

Да бе, ние ќе седиме на трибини, а вие ќе си ги трошите парите на Соросомини по кафичи... Многу убав план сте си стокмиле.

Еве и фрагмент од интересен

Еве и фрагмент од интересен текст на Гелевски, на темава, во форма на дијалог Курбе-Станковски, под наслов „Курбе му се прикажува на Станковски“ (текстот е објавен во Утрински Весник пред година и пол):
- Звучиш сосема забегано, Станковски... Тоа е, значи, ново-старото време по најочајните рабови на Империјата: наци-фашизам на Лилипутанците што сонуваат колективистичка акупунктура врз големото тело на Гуливер...

- Ние сме Гуливер! Т.е. Александар Македонски! А вие сте Лилипутанците што не' развлекуваат и грицкаат ко мравки закопан шериф во пустина. Абе, у око ни лазите! Сте не' имобилизирале, име сте ни земале, и нашето големо македонско тело им го даовте на грчките мравки, за неколкумилениумска зимница, да имаат што да сонуваат ем кркаат... Ебате западњаците!

- Ги мешаш времињата, Станковски... Знам дека вашето јадничко племе инклинира кон 19 век, ама сеа сум ти на гости, во 21 век... И ти доаѓам за да расправиме важни работи, за односот меѓу политиката и уметноста... Место тоа, глеам некаков карикатурален родовско-расистички мистицизам, кој ми е толку добро познат и кој ја сјеба Европа до балчак, особено низ лудилото на хитлеризмот...

 stav? ova e mnogu povekje od

 stav? ova e mnogu povekje od stav. odlichno. chekame 2 del.

Ај да се придружам и лично...

Ај да се придружам и лично... Текстот се вика „Утробата на мртвата мачка“ (http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=7B18D2743ED2C6468FC5044FDE1664EF) Еве дел од текстот:
Лудилото на откривањето се’ почиста крв и се’ подревни извори на сопствената национална големина добро е познато во Европа, колепката на расизмот и фашизмот. Еден од главните идеолози на нацизмот, Алфред Розенберг, ги контролираше сите праисториски истражувања со намера да ја докаже супериорноста на ариевските Германи. Хајнрих Химлер, со својот институт „Ахненербе“, кој беше основан и дејствуваше во рамките на SS, исто така инсистирал да му се признаат сите компетенции во областа на археологијата, се’ со цел да се пронајде изворот на германската раса.

Фашистичка Италија во дваесеттите години на дваесеттиот век потроши големи државни ресурси ископувајќи го империјалистичкиот Рим - Teatro di Marcello, Forum Traiani, Forum Caesaris, Forum of Augustus, Marcus Cocceius Nerva, сите тие ископани градби биле направени пред 1500 години. Современата архитектура во тогашна Италија морала да се прилагодува на новооткриениот империјален гест. Тоа било малку чудно со оглед на тогашниот клучен принцип на модернизмот: рационалноста (науката и разумот) пред историјата. Модернизмот, на пример, орнаментот и декорацијата ги сметал за злочин. Корбизие зборувал дека „куќата е машина за престој“. За да го помират рационализмот со империјалното враќање кон минатото фашистите го смислуваат Фашистичкиот Рационализам и тоа е приближно архитектонската поетика на Алберт Шпер, мошне ценетиот архитект, но сосема презрениот човек, заради неговата важна улога во Хитлеровата машинерија на смртта.

Во поново време, бранот на археолошко откривање на „своето“ некогашно величие ја зафати и Грција во седумдесеттите и осумдесеттите години. Под паролата дека се најстар народ на светот и Србите во деведесеттите години влегоа во низа војни во кои беа поразени. Денес тој бран на крвта и почвата (со потенцијал на цунами, заради тоа и зборуваме за него) ја поплавува Република Македонија и воопшто не навестува добри расплети на хроничните балкански политички и идентитетски кризи.

Znaci, arheolozite i

Znaci, arheolozite i arhitektite se fasisti. Ili samo organiziranite?

Археолозите и архитектите се

Археолозите и архитектите се фашисти кога работат за фашистички нарачки - тоа не е некаква мистерија. Кога тоталитарната држава ги презема, за свои цели, археологијата, архитектурата, уметноста (како што лудачката груевистичка држава ги презема во проектот „Скопје 2014“) - тогаш тоа е политичка злоупотреба на археологијата, архитектурата, уметноста...
Цел Балкан 18 години се смее (просто и во јазиците влезе како пример за невидена глупост) на реченицата на градоначалникот на Требиње, Вучуровиќ, кој пред 18 години вака го правдаше гранатирањето на Дубровник: „Ќе изградиме уште поубав и уште постар Дубровник!“ Ете, таа идиотска реченица во една земја блиску до Дубровник стана, јеботе, ни више ни мање - политичка програма! Преродба!

 Da da, taka e, samo sto

 Da da, taka e, samo sto Dubrovnik bil granatiran A Skopje e siluvano i unakazeno za vreme na komunizmot i postkomunizmot.
E sega koj granatiral koj siluval  sam proceni..

Do: Национален прагматичар A

Do: Национален прагматичар

A vie ako gi "prezemete vo proektot" togas ne e zloupotreba, a?

Ете и Колја се јави... лично.

Ете и Колја се јави... лично. Да ги размрси конците, да го пресече јазолот... Не бе Колја, џабе се напињаш. Цело ова твое трабуњање, и овие ступидни паралели (македонија и германија, Бог да чува!)  за извесно време ке биде заборавено. Тоа е твоја идеа. Значи се што човекот прави во денешнината ке биде заборавено и и изобличено во не баш така далечна иднина. Еден ден човекот ќе се реши да заборави и ќе го направи тоа. Така едноставно ќе изгазиш се што претходно било направено под твоите нозе. Страшно е и да се помисли како е ништожен човекот и неговото постоење кога (според тебе и таквите како тебе) еден ден, мала група на исфрустрирани човечиња ќе почнат да одлучуваат што се треба да се заборави, да се отфрли. За тебе е ,,идентитетска криза,, ако човек се заинтересира и реши да обнови дел од вредностите кои постоеле на почвата што ја гази, ако со тоа им оддаде почит на луѓето што живееле тука пред нас, и од кои (сакале ние или не) сме наследиле многу нешта, не се работи тука само за гените и нивната чистота. И колку само е без врска што идиотските нацистички фантазии сакаш да ни ги накалемиш. Запамти, НЕ СУМ ВЕЛИЧЕСТВЕН АНТИЧКИ МАКЕДОНЕЦ, таа идеа ти сакаш да ја подметнеш. Седам пред компјутер, и се обидувам да ја исплукам оваа горчина што ми се таложи читајки ве вас големите ,,рационалисти,,. Како можам да бидам ,,антички,, , зошто се обидувате да ни ги испоганите чувствата, ставовите... И не сум ,, ДПМНЕ-овец,, , едноставно МАКЕДОНЕЦ СУМ и не се срамам од тоа. Како може да го изговорам зборот МАКЕДОНИЈА а сосема да ја исклучам онаа МАКЕДОНИЈА која што одсекогаш си постоела. Без да се нурнеме внатре во нашето постоење никогаш нема да погледнеме во иднината со бистар поглед. само минатото може да им даде смисол на настаните што доагјаат, инаку празнина ке не проголта. Ова силно го чувствувам и тоа чувство ми е многу поважно од целиот рационализам на овај ,,модерен свет,, кој скапува од внатре и многу му е потребен поинаков поглед, поинакво дејствување. Промени кои не ги исклучуваат старите вредности. Нешто што вие тешко дека може да го насетите а не пак да го почувствувате.

 Skopje ke bide nase uste 15

 Skopje ke bide nase uste 15 god najmalku :))

 Абе деца деца што се

 Абе деца деца што се паничите како падавичари или новинари на А1 за време на даночна инспекција.
Колку што знам на Лувр му турија пирамида, и еве после 20 години Францизите не стана Египјани. Архитектура и Споменици немаат благе везе со личниот идентитет. Верувај ако живееш во куќа од 18 век во викторијански стил нема да станеш ама ич Енглез. Архитектурата не е заразна и влијае на ДНК или Психологијата.

Марјан, во што, всушност, е

Марјан, во што, всушност, е проблемот?! Кој го негира твоето македонство?! Јас?! Со што? Затоа што критикувам еден, според мене, во секоја смисла катастрофален политички проект што се вика „Скопје 2014“?! До пред тој проект (или до пред појавата на преродбата) не знаевме дека сме Македонци?! Или бевме помали и слабо освестени Македонци?! Па дојде преродбата за да ни ја покаже сопствената величина?! Извини, Марјан, ама мене, па, тоа ме навредува! Не сум Македонец од преродбата навака! Не сум Македонец кому требаат гротескни етно паркови за да го сфати сопствено потекло, како дете во диносаурус-парк!

Сериозни грчки и други научници пишувале и пишуваат дека новогрчкиот „антички“ идентитет во голема мера им е „накалемен“ на новите Грци, пред околу 200 години. И Ламбевски пишува за тоа. Еден дел од теоретичарите мислат дека делумно и заради тој „идентитетски инженеринг“ Грција денес има одредени проблеми во саморефлексијата (проблеми кои, чинам, го опфаќаат и фашистоидниот однос кон малцинствата и кон македонското прашање). Значи, земја која најмалку 200 години го негува својот „антички“ идентитет има „идентитетски проблем“ (идентитетски проблем, инаку, има секој; битно е тој да овозможува напредок и иднина). Тотална фарса е современиот Македонец, во целата своја изгубеност, опустошен од една лудачка власт, притоа реално најзаостанат народ во Европа, да го бара своето величие во нешто што ориенталната касаба Атина го барала во почетокот на 19 век! Тотално гротескно е, Марјан! Мене тоа ме вреѓа, ме понижува! Ме прави да се чувствувам мизерно, како некој што вчера се разбудил!

Притоа, Марјан, не атакувам на твоите, ниту на чии било национални или „идентитетски“ чувства. Атакувам на еден луд проект (луд политички, економски, „идентитетски“, естетски, урбанистички итн.) и наоѓам јасни и прецизни историски паралели во врска со таков тип сосема забегани проекти. За среќа, не сум сам во тоа и драго ми е што и теоретичарот Ламбевски, кој живее во Австралија, има слични ставови.

Kolja, ne sum Marjan, no bi

Kolja, ne sum Marjan, no bi sakal da dadam kakov-takov (opst) odgovor. Na primer, mene mi preci sto tvoite stavovi preagresivno se obiduvas da ni gi nametnes na site nas, od pozicija na urednik ili sto i da si tuka, isturajki od rakav propangasticka teska artilerija - zameni na tezi, povtoruvanje na isti (nedokazani!) epiteti, se do downright vregjanje i prostotilaci so jazikot na ulicata, istovremeno cenzurirajki gi drugite sto toa go pravat mnogu pobenigno od tebe. I uste gi obvinuvas drugite za fasizam... So tvoi zborovi (parafraziram, ne mozam da go najdam tocnoto mesto) - i Hitler bil izbran na izbori - Se stavas nad se i sekogo. Toa ako ne e maestralna zamena na tezi, ne znam sto e. Nikoj nema sansi protiv tebe. Srekja golema sto ne si nekoja vlast pa nekoj da zavisi od tebe.

Od komentarov ke bide napraven screenshot, vo slucaj istiot da bide izbrisan, koj ke sluzi kako dokaz deka nemalo nesto neargumentirano navredlivo.

Smrt na fasizmot, sloboda na narodot!

 "Eden od najgolemite dokazi

 "Eden od najgolemite dokazi deka Makedoncite nemale nikakvi etnicki i bioloski vrski so Grcite, dava tokmu golemiot grcki mislitel od toa vreme Demosten. Toj gi narekuva Makedoncite ”varvari”, za Filip Vtori veli deka ne samo sto ne bil Grk,tuku nemal nisto zaednicko so Grcite. Za Demosten, Filip bil samo ”obicno shugavo sustestvo od Makedonija”, koj ja opisuva kako zemja od koja ”ne mozes da dovedes nitu eden rob koj vredi za nesto”. Vo cest na Demosten e izgraden spomenik vo Atina na cija ploca stoi zapisano: ”samo dokolku tvojata sila bese ednakva na tvojata mudrost, nikogas Elada ne ke bese upravuvana od Makedonci”.

Ova okolu paralelata Atina - Skopje, via Solun normalno.

Имале или немале врска

Имале или немале врска античките Македонци и Грци - не е битно! (патем, јасно е дека имале; идиот е оној што ги негира тие врски докажувани низ илјадници книги изминатите векови) Она што е битно е дека современа Грција зад себе, во полза на сопствениот интерес, има најмалку 200 години граден „антички“ идентитет. Ние просто, како нација без какво било посериозно и подлабоко самочувствие (реално, нашиот народ сеуште е неписмен и крајно необразован), упаѓаме во симболички простор што веќе е колонизиран. Борбата со Грција кој е поголем Македонец (тоа е борбата што Паско Кузман и груевистите и’ ја наметнаа на оваа изгубена македонска нација) - е однапред загубена борба. Какво било понатамшно инвестирање во таа борба „Скопје 2014“) носи многу повеќе штета отколку корист.

 patem da ti kazam deka

 patem da ti kazam deka vrskite pomegu antickite grci i makedonci bile tolku silni kako i vrskite pomegu srbite i grcite denes. nie sme negde izmegju, negde na granica..marginalizirano divo pleme sto si go bara identitetot a toj e ili bugrski ili sprski ili grcki, nali milsim ovaj??? zatoa sto antickiot makedonec bil anticki grk, a ovoj denesniot makedonec e ili bugarin ili srb ili grk...Teoretski izvodlivo neli?!

Се навреди Кољо? епа затоа не

Се навреди Кољо? епа затоа не ми го прави тоа на друг што несакаш да ти го прават на тебе. 

По таа логика. Историјата на

По таа логика.
Историјата на МК од 20-4 век п.н.е. е грчко-албанска (Илирска)
Историјата на МК од 4п.н.е-6 век н.е. е Грчка (Латинска)
Историјата на МК од 6-20 век е Српско-Бугарска (со Мали Грчко-Византиски и Турско-Отомански фази)
Значи МК `има` историја само од 1945....

 taka e, prvoto makedonche se

 taka e, prvoto makedonche se rodi vo letoto 44ta, posle asnom razbira se...
 

 Маде ин Јајце Born in South

 Маде ин Јајце Born in South Serbia. Комунистичка Направија. 
Кирца Глигорова од 1917 е праМакедонец Единствениот Жив Праисториски Човек во Европа. Иначе праМакедонците имале едно око.

 Adam od Govrlevo e prviot

 Adam od Govrlevo e prviot pra istoriski GRK :)) 

 ‎"Talking about music is

 ‎"Talking about music is like dancing about architecture" - Frank Zappa 

  Од Адам безглавиот Преку

  Од Адам безглавиот Преку Киро едноокиот до Кољо Сапиенс еееее шо ти прави еволуција.

Деца, Пастер и другите јадни

Деца, Пастер и другите јадни креатури на груевизмот, нивото на коментарите најдобро покажува какви Македонци сте и колку сте способни да го артикулирате и браните сопствениот идентитет. Тажно е, стварно, на кое (баш неандерталско) ниво ве спушти преродбата (иако, факт е - тука имате право - ни комунизмот не успеа баш да го култивира Македонецот, но сепак се грижеше за некое негово елементарно достоинство). Ова сега е... Јад и беда. Сите реални непријатели на Македонија можат само да тријат раце гледајќи до кое дереџе на идиотизмот се доведени следбениците на Николамини.

Drugo i sto moze da se

Drugo i sto moze da se ocekuva od prosvetleni elitisti, gnasno etiketiranje. Ne mislis kako mene, e togas si gruevist ili prerodbata ti go zela pametot. Iskreno ocekuvav pogolema navreda nesto kako prost i neobrazovan, egoto da vi se polni kako sto dushata vi e polna so omraza!

 Али Кољо е дете на модерната

 Али Кољо е дете на модерната и се дои со духот на Бодриар човече. Тотален Дисидент на пост-апокалиптично латино-англизиран маризиран ракурс на нихилизмот на постмодерната апологетика на шо и да беше муабетот. Како емитираат и сумулираат негови нафуран на цитати и латинизми елитискички  квазиинтелектулизам на еднооки тоа е ма тоа е феноменално човече.
 

 Најголемиот придонес на

 Најголемиот придонес на социјализмот во култивирањето на достоинството на Македонецот се состои во тоа што Македонецот се  научи достоинствено да стои во редицата за леб и млеко...
А најголем непријател на Македонецот е самиот Македонец. Два напред, три назад: на еден комита тројца кодоши, како сакаш срочи го. Елем, со вакви домашни непријатели капитулацијата е само прашање на датум.

 Ма ни тоа не го научи како

 Ма ни тоа не го научи како што треба, затоа за секоја работа се користи џокерот повикај пријател

 Комунизмот го култивираше

 Комунизмот го култивираше македонскот дете со проектот `Диктаторот го гледа секое дете` па, античко-паганскиот ритуал наречен `Штафета на Младоста`. Па тест на машкоста наречен `Титов Пионер` (нешто како сунет е тоа).
 

Izvestuvam deka sajtov e

Izvestuvam deka sajtov e prijaven na "Internet Archive: Wayback Machine" - httр://web.archive.org , pa ke moze kolku-tolku da se dokaze selektivnata cenzura. Nesto moze da se vidi i od Google Cache.

Pozdrav

Џабе ти е, брат, ќе се прават

Џабе ти е, брат, ќе се прават наудрени.

Нивно право е да бришат

Нивно право е да бришат коментари, меѓутоа не треба да се фалат дека се слободоумни и големи демократи. Освен тоа, некои коментари што веројатно им одговараат, а содржат огромни вулгарности, се оставени.

До редакцијата: предлагам да составите правила, да ги објавите и тие да бидат применувани неселективно, подеднакво за сите.

 Koљо е Демократијата,

 Koљо е Демократијата, Демократијата е Кољо. Ако си против Кољо тогаш си против Демократијата. Јасно?!

Македонец - стручњак по сите

Македонец - стручњак по сите области ( економија, историја и  историја на уметност, архитектура, право, теологија, филозофија и слично ) кој што е способен да ги замеша прстите во секоја работа а неможе да си ја заврши сопствената работа. 

"Скопје е наше, Солун е

"Скопје е наше, Солун е ваш"

Koj katastrofalen naslov, covece!

Dali avtorot go odobril?

Толку им е маштата, јбг. Се

Толку им е маштата, јбг. Се вртат у круг, едно те исто.

Да, авторот си ставил свој наслов, а овие „демокративе“ за да бидат бомбастични и да имаат „ударна“ вест, рециклираат и преџвакуваат.

Седи, Коља, 2- (ај да не биде бандера, сепак си се трудел, но толку ти сече).

* Во коментаров нема ништо вулгарно и неаргуметирано, па вистински демократ не би го избришал, туку, евентуално, би одговорил

3 Мај, 2008 - 17:09 Интервју

3 Мај, 2008 - 17:09
Интервју со Никола Гелевски - Коља
Мојот интелектуален рбет е антифашизмот

Никола Гелевски за пријателите Коља, познат по неколку постмодерни псевдоними, творечкиот Пандалф Вулкански, уредничкиот Г.Н.ом, блогерскиот Rez(ime) и многу други помалку или повеќе наоколу познати.
Во 1993 година ја оформува малата издавачка куќа “Темплум“, а во 1994 г. заедно со група ентузијастични “скопски алтернативци“ и поддршка на Сорос фондацијата основа и уредува списанието за децентралистичка култура “Маргина“ - списание кое излегува до ден-денес.
Во 1997 година како Коља Мраковски, го започнува својот прв јавен колумнистички ангажман, во рубриката “Светулки и Мракови“ во неделникот “Форум“, а под поинаков концепт и приод, свртен кон темите од културната политика, во 2001 во рубриката “Контрапункт“ продолжува во “Утрински“.
Aвтор e на неколку книги, како новелата “Призрак против Сенка“ (1994) и пет книгички „Речник на универзално одлепени зборови".
Неодамна во јануари 2008, му беше врачена награда за “проминентен личен став искажан во печатените медиуми за 2007 г.“ од фондацијата “Борјан Таневски“, што беше главен но не и единствен повод за интервју со Коља.
Повод претставува и неговиот мошне активен и габаритен интелектуален ангажман - Коља често е присутен на разно-разни дебати, сме го виделе како жесток полемичар за состојбите на издаваштвото, гостувал во повеќе телевизиски емисии, итн.
Еден од најзначајните македонски сликари во поновата македонска ликовна историја, Александар Станковски, со кого работеа заедно на мега-стрипот “Лабрис“, во една прилика ќе напишe: Гелевски е најактивен и најконсеквентен полемичар на нашата интелектуална сцена, тој е личност со исклучителен револуционерно-критички импулс. Неговите јавни пројавувања немаат ништо заедничко со апологетско-сентиментално-патриотските,квазиинтелектуалности со кои жестоко е обременета нашата интелектуално-креативна сцена.

Од разговорот кој го водевме ќе дознаете дека Коља иако не се приврзува за уточишта, себеси се смета за анархист, кој патем го раководи к.ц. “Точка“ поддржан од државата, а истовремено е симпатизер на левицата предводена од Радмила Шеќеринска. Неговата визија во културата е дека таа треба да се “храни“ не само од државните буџети туку и од крупниот капитал.

следат праљшањата и одговорите што нема потреба да се читаат кога може да се предпостави

Ova okolu nezavisnosta na

Ova okolu nezavisnosta na Kolja, da raschistime so licemerieto, da se znae koj e koj, da ne se laze i manipulira narodot!!!

Џони, ракијашу, па кажи, бе,

Џони, ракијашу, па кажи, бе, батка, од кај ти е ова за Гелевскога?! Кој го напишал?! Стаи некој линк, бе, брат, нешто, за да ни биде појасно... Мене вака на прв поглед ми заличуе на Букарскога... Иам чуено дека Гелевски е еден од многуте скопски ликови на кои дебелиот прво им се увлекуел у гз, а после као се разрачунавал сас њуега... Ама може грешам... Џони, ти ќе ни ја разрешиш дилемата, сас линк!

http:/

http:/ /bukarski.blog.com.mk/node/153861

te ti go :), anarhistot so leva orientacija, zamisli, koj se krsti vo Shekerinska i Manasievski :))

Goce, ti si Frojd za Gelevski

Goce, ti si Frojd za Gelevski i ne vredi da go komentirash.
Pozdrav!

:))) samoreklamiranje? ok, ne

:))) samoreklamiranje? ok, ne e kaznivo so zakon.

Имам само мала забелешка на

Имам само мала забелешка на текстот. Имено, во францускиот “h“-то не се чита, а “au“ се чита како “о“ така да станува збор за архитектот Осман! :)