
Веќе илјадници години во разни религии се палат миризливи стапчиња, а во христијанството таа улога ја презеде темјанот. Верниците мислат дека тоа има позитивни последици за нивната душа, а сега биолозите открија дека таа навика позитивно влијае и на човечкиот мозок.
Меѓународниот тим научници од универзитетот „Џон Хопкинс“ и Ерусалимскиот универзитет во најновото истражување тврдат дека палењето темјан активира досега малку познати канали во мозокот и на тој начин ги ублажува напнатоста и депресијата. Извесно е дека ова откритие ќе започне создавање нова генерација лекови кои ќе се засноваат на вдишувањето.
Наспроти распространетите обичаи на палење миризливи смоли за верски цели, научниците досега не се досетиле да се позанимаваат со влијанието на таквата практика на човечката психа. Резултатите постигнати преку опитите со глувци ги изненадиле сите: во мозоците на овие мали животинчиња се генерирале различни хемиски споеви кои ги довеле до состојба на совршен мир. Д-р Џералд Вајсман, еден од водачите на истражувањето, на шега коментираше: „Веројатно Маркс не бил далеку од вистината кога религијата ја нарекол опиум за масите. Морфиумот се добива од афион, канабиноидите од марихуаната, ЛСД од печурките, а сето тоа се користело во рамките на различни верски церемонии“.
Откритието дека чадот од темјан позитивно влијае на одредени мозочни центри би можело да помогне во разбирањето на настанувањето на болестите на нервниот систем. Новото научно истражување дава и биолошко објаснување за илјадагодишното опстојување на верските обичаи, независно од времето, културата, јазикот и просторната оддалеченост.
Палењето темјан навистина ќе ве направи посреќни и попозитивни. Но можете да ги испробате и следниве миризливи стапчиња:
Лотос: Цветот на лотосот е симбол за чистотата и духовноста, а лотосовите стапчиња шират златна аура која им помага на луѓето да го отворат своето срце и да почувствуваат бесконечна љубов. Имаат ненаметлив пријатен и лесен чад кој се поднесува без никакви тешкотии.
Сандалово дрво: Мирисот е многу егзотичен и традиционално се користи во јогата и медитацијата. Го смирува умот и ги отстранува сите негативности, па помага во внатрешната рамнотежа. Во Индија правот се користи во козметички цели и како афродизијак.
Кедар: Дрвото на кедарот е познато по способноста за издржување на најтешките промени на температурата и влажноста. За северноамериканските Индијанци ова дрво претставува мост меѓу небото и земјата, а чадот ги пренесува човечките молитви до боговите. Стапчињата од кедар се користат за постигнување внатрешна стабилност.
Темјан: Со темјановиот чад христијаните ги бркаат разните злодуси и останатите злобни суштества. Впечатливот сладникав мирис брзо се шири низ просторот, а вдишувањето на чадот ја отстранува депресијата и ја намалува болката. Користете го кога сте настинати или вознемирени.
Јасмин: Мирисот делува смирувачки и создава субјективно чувство на топлина. Ја отстранува депресијата и го опушта телото кое е изложено на поголеми физички напори. Јасминот помага и при главоболка или при проблеми со дишните патишта.
Роза: Илјадници години ја доживуваме како симбол на убавината. Опушта и загрева, го отстранува стресот и го враќа доброто расположение. Помага и против несоницата и проблеми со вените.
Извор: novossti.com