Познатиот драмски писател и академик Горан Стефановски постојано му фрлал ишарети на познатиот актер Никола Ристановски.
“Да не имаш фацијален грч, или народски речено, ишијас?”, прашал Никола Ристановски.
“Јас - ишијас? Мижи асан да ти бајам! Ишкам виртуелни муви, ишарети ти давам, зашто немаш (а јас имам!) мудра глава, е бате, ебате!”, рекол сочниот Стефановски.
На тие зборови Никола Ристановски (кој бил доста исчукан) прво се ишмркал, па се исчешлал, па го иштипел по целото тело Горана Стефановски!
“Ишала! Ми дојде иштав да иштипувам! Ќе те ишарам со штипање, мил Горане!”, рекол Никола Ристановски.
“Иш!, Ристановски! Ич не ми треба штипење! Исчуден сум до исчезнување!”, исфрчил Горан Стефановски и побарал, откако ќе се исчита работата, тој да биде исшиен од злобната плетка со наслов 'Ишарет'. “Те знам и тебе, Вулкански! Само исшилчуваш, немаш друга работа!”, додал Стефановски.
Кој разбра разбра, кој не
Испратено на 15 октомври 2010 од КомуњарКој разбра разбра, кој не може да се прашува дали е глуп!? Битно Вулкански си пополни страничка.