Совршениот пецарош, инаку, е прирачник за риболовците, но и филозофско дело, одбрана на рибарењето како благородна занимација, славење на мирот, тишината и безделништвото.
Во стожерот на најмоќната макетонска партија држи состанок славниот петчлен пропаганден тим: Лакташ, Чавката Миркославка, Недко Солаков-Бербатов, Њамко Јаде Симит и Сомиќ-Содиќ.
Никола Груевски испишува 250 провокативни хаику, со раката на Пандалф Вулкански! Ретко видено удвојување на ракописите и перцепциите...
Од 12 до 17 април се одржува скопскиот Саем на книги. Меѓу десетината нови книги на книгоиздателството „Темплум“ се и „Скопските приказни од 2014“.
Во една пригода Џеси Овенс на Хитлер му раскажал кратка но набиена и алегорична приказна: „Еден овен (во еден овоштарник) еднаш му објаснил на еден невен што значи да се биде овенат...“ Хитлер грубо му возвратил на Џеси Овенс: "Оветвениот овен да не бил овенчан со невени?!“
Боб Рок си седел така во цвеќарницата и плачел за оброк. Се придружил и Алан Форд, обраснат во брада и самиот обременет со проблемот на оброкот. "Боб, рок некој имаме за оброк?", прашал сиромавиот (ама образован) и исушен во образите Алан Форд.
Вулкански бил цар за Криенка т.е. за Мижитатара т.е. за Жмурки. Пред сè, зашто ја применувал славната хипнозитерска техника “Мижи Асан да ти баам...”
Значи, играта е таа, мижитатара (или миждупка): Асан бил татарин. А наша Мимоза била мижла (т.е. спанка)...
“Крстот не сака крутост туку кроткост, браќа”, рекол мајсторот со крстачот и кршеглавечки се сјурил низ падините на Водно, што подалеку од крстот и од дежурните крсјани.
- А знаеш ли ти, Хуго Прат, дека под истава праскапана халуцинаторна праска се имаат сретнато Праксител и Александар Македонски? - прашало шареното прасе.
Кога Гилгамеш, легендарниот сумерски принц и авантурист, се враќал од своите опеани талкања, најпрвин се симнувал во водата на одбранбениот круг околу тврдинит
А сега една чудна приказна со додолски елементи; ми ја има раскажано Иван Додовски.
Да ти кажам конкретно, повремено звучиш ко кретен... Контам дека во континуитет прилично си контаминиран со будалаштини...
„Барокот“ на груевизмот потсетува на една интересна мода од времето на вистинскиот барок: носењето перики.
Кога еден систем ќе ги исцрпи своите потенцијали за одржување на социјален баланс во општеството тогаш настапуваат популизмот и/или револуцијата. Општеството запаѓа во состојба на дистопија, односно, оптоварено со многу неволји, запаѓа во состојба на колективна безнадежност.
Додека Европа се соочува со економски проблеми и криза на идентитетот, водечкиот италијански интелектуалец Умберто Еко, во разговорот за шпанскиот магазин La Stampa повикува на европска солидарност и создавање на нова иднина за Стариот континент.
Се пробивам денеска по непроодните скопски улици и тротоари. На стотина метри од ГТЦ, еден човек грижливо го чисти тротоарот на улицата од снег и мраз. Поминува една жена и го прашува: „Што вака, на ладново?“ – „Остај, ако не исчистам пред продавницава можат да ме репнат 500 евра казна“ – одговара човекот.