Пара вести

Скопскиот аеродром „Александар Велики“ и градот Скопје од 1-ви март ќе бидат поврзани со нова запрежна линија.

21.02 13:44

Со специјално писмо адресирано до Дедо Мраз во Лапонија, претседателот Ѓорѓе Иванов лобира за прием на Македонија во северно-атлантската алијанса.

18.02 20:09
2

Nokiа Turbo-folk е најновиот модел на телефон кој пристигна од Финска, а кој е наменет исклучиво за машките корисници кои живеат или потекнуваат од Македонија.

17.02 14:37
1

Новинарите на Пара вести открија дека најголемите издавачи во Македонија, во соработка со неколку министерства, поготвуваат револуција во интернет издаваштвото.

17.02 12:33
3

Со другата половина од парите ќе се потроши за реклами и билборди кои ќе ги едуцираат граѓаните како поефикасно да ги перат своите алишта, рачно и во машина.

16.02 14:30

Владата на Република Македонија утрово излезе со соопштение до медиумите и јавноста во кое се вели дека Македонија вчера била примена под уставно име во Сојузот на бесперспективните земји (СБЗ).

15.02 12:17

Владата на Република Македонија официјално објави дека критичарите во земјава се под постојана закана од истребување, откако пред неколку години нивниот број значително започна да се намалува.

14.02 19:15

Иако вчера на советот на град Скопје имало негодувања поради недостигот на сол, Коце Трајановски смирува – Градот е подготвен за новите снежни врнежи со залихи на шеќер.

11.02 12:31

Министерството за внатрешни работи ги прифати барањата на двете најголеми верски институции во земјава, во кои тие бараат да им биде овозможено да основаат свои полиции.

10.02 21:44

Dial-up конекцијата, која се користеше за поврзување на Интернет пред појавата на ADSL-от, бележи голем пораст на популарност кај хипстерите во Македонија.

09.02 15:21
4

Нашата агенција ја откри мистеријата на гласното „еурека“ кое вчера се слушна низ ходниците на Собранието на Република Македонија.

08.02 14:27
1

Пара вести дознаваат дека законот за забрана на продажбата на алкохол после 19 часот ќе биде проширен и на консумацијата на секс во истиот временски период.

08.02 10:24
32

На адресата на Собранието на Република Македонија денеска пристигна пакет за кој е утврдено дека содржи опасни книги кои можеле да бидат кобни за пратениците.

07.02 14:24

Владата на Република Македонија на својот интернет портал денеска објави дека планира нов проект „Барокна фасада за секој дом“ со кој се планира задолжително менување на фасадите на сите станбени објекти во државата.

06.02 14:58
1

Препорачуваме

Кој сака да ни го смени идентитетот?

Терминот „Македоноиди“ беше промовиран од секретарот на Светскиот македонски конгрес (СМК) Ниче Димовски во неговата „Македонска Молитва“ каде што лично Господ им се обраќа на Македонците.

Колку ни значат грците?

Резултати од анкетата спроведена помеѓу германските интелектуалци, политичари и бизнисмени. Зборуваат за Европската унија, нејзината сегашност и иднина, како и за причините зошто треба, односно не треба да ѝ се помогне на Грција.

Уизам

После целиот (изминат) век на воспитување на народот за потполна послушност спрема навидум спротиставените тоталитаризми и спрема шарениот, но не и безопасен тоталитаризам на капитализмот, да всадиш бунт како граѓанско однесување е тешка и долга задача, вели Светлана Слапшак.

Криза на парламентарната демократија

Васил Костојчиноски: Парламентарната демократија во Македонија подолго време е во криза. Три основни причини ја детерминираат: политократијата, моделот на етноцентричен консенсус и, секако, економската и социјална криза.

ОкоБоли главаВицФото